Македонија
„Екогерила“: Со скандалозен чин спречен граѓански протест во Тетово

Центарот ЛОЈА, регионалните #Трансформатори и невладината „Екогерила“ информираат за, како што велат, вандализам спроведен од општинските власти во Тетово за време на прикажувањето три инсталации, кои ја користат уметноста како форма на протест.
„Дури и во најтемни времиња, слободата на изразување не е запрена како денес во Тетово“, се наведува во зедничкото соопштение на граѓанските организации.
„Денес, групата #Трансформатори (граѓански активисти кои ја користат уметноста како форма на протест) собраа три инсталации: Валканото во центар, Trash чудовиште и Гранд при Тетово, со фотографии од разни локации во Тетово заедно со нереализирани предизборни ветувања од страна на Општината. Но, по половина час по поставувањето на изложбата, луѓето со службен автомобил од Општина Тетово дојдоа, ја уништија и ја отстранија изложбата“, објаснуваат граѓанските здруженија.
Од таму истакнуваат дека овој скандалозен чин, на, како што велат, бандата на градоначалникот, е сериозно кршење на човековите права и слободата на изразување, што не ни се случувало ниту во претходниот режим.
„Сè додека нашата држава има цел членство во НАТО и ЕУ, функционирањето на владеењето на правото во Тетово не го докажува тоа. Ги повикуваме премиерот, медиумите и дипломатскиот кор да извршат притисок врз Општина Тетово да ги почитува Уставот и правата на граѓаните за слобода на изразување“, бараат здруженијата и порачуваат дека вандализмот не може да ја задржи вистината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица е под контрола

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и со голема брзина се ширеше кон месноста Софилар и куќите во тој дел на градот е ставен под контрола, објави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), Стојанче Ангелов.
Според него, големиот и црн чад излегува од склад во чиј двор од пожарот се зафатени гуми, а пожарникарите не дозволуваат пожарот да се шири кон селото Баница, градот и викендички во овој простор.
-Пожарот се движи во неколку насоки и има големи шанси да биде ставен под целосна контрола. На едно место навлезе делумно во Гробиштата во Струмица, зафати неколку квадратни метри и тука е запрен. Нема потреба од вознимереност и паника. Струмичките пожарникари побараа помош од соседните противпожарни единици, а доаѓаат и два „пинцгауери“ на ДЗС, а во случај на лош развој на настаните ќе упатиме и „ер трактори“. Во овој момент нема таква потреба, иако едниот „ер трактор“ превентивно е упатен кон Струмица, рече Ангелов во изјавата за медиумите објавена од местото на пожарот.
Соред командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, се работи за пожар од големи размери, кој засега го гаснат 30 пожарникари и 10 возила, а побарана е помош од пожарникарите од Валандово и вклучување на хеликоптер.
Од СВР Струмица попладнево упатија апел до граѓаните да не се движат во делот зафатен со пожар, а лицата кои се затекнати таму веднаш да го напуштат подрачјето.
Македонија
Голем пожар до Струмица

Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и со голема брзина се шири кон месноста Софилар и куќите во тој дел на градот.
Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, се работи за пожар од големи размери, кој засега го гаснат 30 пожарникари и 10 возила, а побарана е помош од пожарникарите од Валандово и вклучување на хеликоптер.
Од СВР Струмица попладнево упатија апел до граѓаните да не се движат во делот зафатен со пожар, а лицата кои се затекнати таму веднаш да го напуштат подрачјето.
Македонија
Револуционерна здравствена апликација најавена од министерот Алиу

Пациентите наскоро ќе можат полесно и побрзо да комуницираат со своите лекари преку нова апликација што ја најави министерот за здравство Азир Алиу. Новото софтверско решение е дел од стратегијата за дигитализација на здравствениот систем и ќе овозможи секој пациент во секое време да внесе здравствени параметри – како притисок, шеќер или други индикатори – на кои докторот ќе може веднаш да реагира.
Тој нагласи дека оваа апликација е само дел од поширокиот процес на дигитална трансформација, кој вклучува и усогласување на 12 закони со цел поголема транспарентност и ефикасност во здравството.
Министерот објави и новина во онколошката грижа – третманот на пациенти со карцином веќе нема да биде ограничен само на Скопје. Онколошките услуги ќе бидат дисперзирани и во болниците во Штип, Тетово, Битола и ГОБ „8 Септември“.
– Во завршна фаза сме со изработка на протоколите. Почетно, лекувањето ќе се врши со асистенција преку телемедицина од Скопје, а наскоро очекуваме во овие центри да се воспостават и ЦТ симулатори. Така пациентите ќе добијат квалитетен третман поблиску до своите домови – додаде министерот.