Свет
(Видео) Огласена тревога во Тел Авив, постои опасност од воздушен напад по убиството на еден од лидерите на Исламскиот џихад
Утрово, во Тел Авив се огласија сирени за тревога поради опасност од воздушен напад кога еден од лидерите на палестинската милитантна организација Исламски џихад и неговата сопруга беа убиени во израелски воздушен напад.
„Исламски џихад во Газа неселективно лансира ракети врз цивили во Израел“, објави израелската војска на својот „Твитер“.
„Ние ќе ги браниме (граѓаните)“, се додава.
Палестинските милитантни групи лансирале неколку ракети кон Израел од Појасот Газа. Проектилите ги пресретнал израелскиот противракетен систем „Железна купола“.
WATCH: Israel's Iron Dome in action as it intercepts rockets above central Israel.
Approx. 20 out of the 50 rockets fired by Islamic Jihad from #Gaza at Israeli civilians have been intercepted. pic.twitter.com/qy8uBMc4dL
— Israel Defense Forces (@IDF) November 12, 2019
Четириесет и двегодишниот Баха Абу ал-Ата, лидер на вооруженото крило на Исламскиот џихад, бригадите „Ал-Кудс“, беше убиен, како и неговата сопруга, во израелски воздушен напад врз нивниот дом во источниот дел на градот Газа, потврдија властите во Израел и во Газа.
#Israel|i travelers in Rishon LeZion getting out of their vehicle taking shelter during the rocket alarms earlier. pic.twitter.com/FabyMOe52k
— ? Doge ? #RavensFlock 7-2 (@IntelDoge) November 12, 2019
Исламскиот џихад, палестинска терористичка организација поддржана од Иран, потврди дека Ал-Ата бил убиен во неговиот дом предупредувајќи дека Израел ги преминал сите црвени линии.
Палестинската управа објави дека Израел му кажал на палестинскиот функционер за врската со палестинските територии дека сите премини од Газа кон Израел ќе бидат затворени на неодредено време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

