Македонија
Мицкоски на средбата со организацијата „Македонија 2025“ разговараше за актуелни политички прашања

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со претставници на организацијата „Македонија 2025“. На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, економската состојба и стратешките приоритети, кои се клучни за напредокот на земјава, соопшти партијата.
„Во текот на средбата Мицкоски посочи дека Владата на Зоран Заев не покажува суштински интерес за отстранување на недостатоците поради кои државава не доби датум за преговори.
Граѓаните сè повеќе осиромашуваат поради оваа Влада. Постојат 90 илјади блокирани сметки, како и половина милион што живеат на прагот на сиромаштија. Предизборните покачувања најавени од Владата се само нервозен рефлекс по три години стагнација и неисполнети ветувања, посочи Мицкоски.
На Република Македонија ѝ е потребна нова влада, влада што ќе донесе реални проекти, а не празни ветувања. Влада што ќе се залага за остварување проекти, а не влада што има остварено само 2 отсто од ветеното, како сегашната. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Македонија ќе се залага за отворен пристап и соработка со стопанството. Мицкоски на крајот од средбата посочи дека време на реформи доаѓа по изборите на 12 април кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)
Македонија
Наградени ќе бидат полицајците кои вчера ја спасија жената во Вардар

Министерот Панче Тошковски, се сретна со полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски – хероите кои вчера ја спасија жена во водите на реката Вардар.
Министерот на средбата со нив уште еднаш потенцираше дека важноста на полицијата и нејзината вистинска сила и влијание врз животот и благосостојбата на граѓаните се гледа во најтешките човечки моменти.
„Херојските дела како вашето, кога директно се спасува човечки живот е повеќе од службено постапување, тоа е вистинска пожртвуваност и посветеност кон мисијата да се чува безбедноста и сигурноста на секој граѓанин и целото општество.“, потенцираше министерот Тошковски при честитките до двајцата полициски службеници за нивната херојска постапка.
Тој нагласи дека во рамките на законските можности тие ќе бидат наградени за нивната херојска постапка која е инспирација за сите нас унапредувањето на хуманиот аспект на нашите дела и постапки како обични луѓе и професионалци.