Забава
Oти Мабусe се плаши за својот живот по случката за време на пробите
Професионалната танчарка Оти Мабусe тврди дека таа и Келвин Флечер морало да ги поедностават ризичните фигури во воздух по несакана случка за време на проба пред натпревар во танцување.
Во емисија на Би-би-си, Оти ѝ кажа на водителката Зои Бал дека се обидува да ги направи своите скокови во воздух да изгледаат застрашувачки и невозможни.
Но, неделава таа отиде предалеку со паниката и призна дека се плаши за својот живот кога речиси полетала низ просторијата зад сцената.
Келвин, кој исто така беше гостин во емисијата, рече: „Беше одличен танц, салса. Мислев дека лесно можам да ги движам колковите, а и темата беше одлична, тркачки автомобили“.
Тогаш Зои ги праша двајцата за многу смелиот потег: „Што мислевте со таква завршница !?“
Професионалната танчарка се смееше кога објасни дека морало да прикажат нешто поризично за да освојат подобро место на натпреварот. „Мислам дека во оваа фаза на натпреварот сите се обидуваме да ја поместиме границата“, рече Оти.
„Значи, кога ве фрлаат во воздух, размислувате: како можам да ги направам овие потези застрашувачки и невозможни, а потоа сакате да бидете сè подобри и подобри. И на крајот си велите -кај ми беше паметот!“
„Никогаш повторно нема да го правам тоа. Беше премногу“, додаде таа.
Потоа беше прикажано видео од нивниот танц за време на пробата, во споредба со оној што всушност беше изведен подоцна ноќта. „На пробите видовме што се случи и може да се направи споредба. Затоа танцот мораше да се поедностави за шоуто“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.