Економија
Заев до компаниите: Тука сме и работиме за вас, давајте иницијативи и предлози
Премиерот Зоран Заев се обрати на утринската сесија на осмото по ред издание на самитот „Македонија 2025“, каде што една од главните теми во фокус е дигитализацијата.
Заев посочи дека Владата интензивно работи на креирање политики, кои на бизнис-дијаспората би ѝ го олесниле пристапот до создавање нови работни места со цел капиталот да го донесат во својата татковина.
„Ве повикувам преку оваа иницијатива и преку секој можен канал на комуникација да ги држите живи контактите, да инвестирате во нашите граѓани, особено во младите. Оние на кои им е најмногу потребно сега повеќе од кога било да разберат дека и во нашата татковина се може“, порача премиерот.
„Дојдете дома, кога ги имаме сите услови, треба да работиме заедно со вас и на младите претприемачи да им овозможиме светла иднина. Имаме пристап до пазар со над 650 милиони само во рамките на Европската Унија. Дома сме, а произведуваме за цел континент. Тоа е суштинската придобивка и на патриотизмот и на либералните економски политики“, истакна Заев во пораката до бизнис-дијаспората.
На претставниците на компаниите им порача: „Тука сме, работиме и за вас и за нашите граѓани. Слободно давајте иницијативи – ги слушаме и имплементираме“.
Во обраќањето премиерот испрати и порака до младите дека Република Северна Македонија ги затворила сите горливи прашања и нема повеќе несигурност.
„Разговарајте со поискусните, развивајте ги своите академски и лични потенцијали, само така може подобро и повеќе да постигнете. Дури и да заминете, потоа преку ваквите иницијативи вратете се назад, градете тука“, додаде Заев истакнувајќи дека работа на властите е да им служат на идеите на развој на бизнисот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

