Свет
Сирискиот претседател за „Спутник“: САД како нацисти водат војна за нафта

Сирискиот претседател, Башар ал-Асад, во интервју за „Спутник“ ги спореди САД со нацисти што водат војна за нафта.
„САД се држава која е изградена како политички режим на бандитски групи. Американскиот претседател не ја претставува државата, тој е само извршен директор на компанија. Зад тој директор стои совет на директори, а советот го сочинуваат големите американски компании, кои се реални сопственици на државата: тоа се нафтените компании, производителите на оружје, банките и другите лобија“, изјави Асад одговарајќи на прашањето дали смета дека американските акции во Сирија се политички бандитизам.
Според сирискиот лидер, тоа е природен резултат на постоењето на американскиот систем.
„САД не се држава, туку режим чие раководство го именуваат компаниите што работат за сопствена корист. Сакам да ве потсетим на еден момент: еден од најважните фактори што го поттикнаа Хитлер на напад на СССР во Втората светска војна беше нафтата. Денес, САД се занимаваат со итите работи имитирајќи ги нацистите: експанзија, освојувања, поткопување на интересите на другите народи, газење на меѓународното право итн. И сето тоа поради нафтата“, вели Асад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел му се закани на Хамнеи: Ќе завршиш како Садам Хусеин

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, упати предупредување до врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, претходно денеска сугерирајќи дека тој може да доживее судбина слична на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин, јавува „Иран интернешнл“.
„Го предупредувам иранскиот диктатор да не продолжува да врши воени злосторства и да лансира ракети врз израелските граѓани. Треба да се сети што се случи со диктаторот во земја сосед на Иран, кој тргна по тој пат против државата Израел“, рече Кац.
Свет
Двегодишно дете од Бразил со пиштол ја застрелало мајка си

На социјалните мрежи се шири вознемирувачка снимка од моментот кога двегодишно момче случајно ја застрелало мајка си откога го зело пиштолот на татка си, јавуваат бразилските медиуми.
На снимката од надзорните камери во семејниот дом во бразилската држава Мато Гросо до Сул се гледа како момчето зема пиштол од масата и го влече чкрапалото додека мајка му се врти кон него.
Родителите седеле и разговарале и не забележале дека момчето посегнува по оружјето. На видеото се гледа како куршумот ја погодил жената во градите и во раката. Потоа таа станала, но набргу паднала на подот. Момчето истрчало кон мајка си, а таткото го зел оружјето од подот.
Жената беше идентификувана како 27-годишната Дебора Родригес Монтеиро, а нејзината фотографија беше објавена во бразилските медиуми. Полицијата отвори итна истрага и потврди дека таткото на момчето, инаку земјоделец со дозвола за поседување оружје, ќе одговара за убиство од небрежност.
Според локалните медиуми, детето, најверојатно, ќе биде вклучено во програма за психолошко советување. Засега не се знае дали ќе остане со својот татко или ќе биде предаден на социјалните служби.
Началникот на локалната полиција, Даниеле Фелисмино, потврди дека жената била пренесена во болница, каде што била констатирана смрт. Полицијата ги запленила пиштолот и муницијата, а обдукцијата била извршена во саботата наутро, ден по трагедијата. Резултатите сè уште не се објавени. Згрозените жители на градот и општината Рио Верде де Мато Гросо на социјалните мрежи му изразија сочувство на семејството.
Свет
Зеленски: Нападот врз Киев е најтешкиот од почетокот на војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека во текот на ноќта Киев бил погоден од еден од најтешките напади од почетокот на војната, а Русија употребила повеќе од 440 беспилотни летала и 32 проектила во масивна офанзива.
Зеленски на мрежата „Икс“ изјави дека биле нападнати и регионите Одеса, Запорожје, Чернигов, Житомир, Кировохрад, Миколаев и Киев.
Во Киев се оштетени згради во осум области, а спасувачките тимови трагаат по преживеани под урнатините на станбена зграда.
„Сè уште не е јасно колку луѓе се заробени. Русите уништија цел дел од зградата“, рече Зеленски.
Според досегашните податоци, најмалку 15 лица загинале, а 75 се повредени.
„Сите повредени ја добиваат потребната помош“, додаде украинскиот претседател.
Зеленски ги нарече нападите чист тероризам и ги повика меѓународните партнери, вклучително и САД и ЕУ, да реагираат поодлучно.
„Путин ја продолжува војната затоа што верува дека може да си ја дозволи. Светот не смее да замижува. Терористите мора да ги почувствуваат последиците, а не невините цивили“, рече Зеленски.