Македонија
САД донираа материјално-техничка опрема за македонската полиција
Денеска, во Центарот за обука во Идризово од страна на амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мери Брнз, официјално на заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, му беше предадена на користење донација во најсовремена материјално-техничка опрема, вредна околу 226.000 долари, наменета за повеќе организациски единици на Министерството.
На примопредавањето на донацијата му претходеше парафирање договор за донација меѓу министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и претставникот на Програмата за борба против тероризмот на Бирото за дипломатска безбедност на американскиот Стејт департмент, Хит Вард.
Како што истакна заменик-министерот Нухиу, оваа денешна донација е уште еден доказ за силното и континуирано партнерство што нашата држава го има со Соединетите Американски Држави.


„Американската влада, само преку АТА – Програмата за борба против тероризмот, од 1996 година па наваму ни обезбеди обуки на 600 припадници на нашата полиција и со разни форми на помош и поддршка инвестирала над 9,5 милиони долари во професионалното осовременување и надградба на полициските служби при МВР. Како на респектабилен податок укажува не само на цврстината на поддршката што ја имаме туку и на решеноста заеднички да продолжиме на патот на квалитетно и ефикасно реформирање на нашиот безбедносен сектор“, потенцира заменик-министерот Нухиу.


Оваа донација е наменета за потребите на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, потоа Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, Центарот за обука, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, како и Секторот за откривање и демонтирање експлозивни средства и направи и претставува значаен придонес во зајакнувањето и унапредувањето на капацитетите на полицијата во справувањето со криминалот, особено во делот од борбата против глобалното зло – тероризмот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во подготовка закон за високите раководители во управата – професионализација наместо партизација
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Петер Ваги, виш советник во OECD/SIGMA, на која беа разгледани клучните реформски процеси во областа на јавната администрација, со посебен акцент на подготовката на Законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите, како и на Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ).
На средбата се дискутираше за принципите на професионализација, мерит систем, транспарентност и отчетност во именувањето и управувањето со високите раководни структури во државната управа, како и за потребата од јасно разграничување на надлежностите, унапредување на координацијата и зголемување на ефикасноста во функционирањето на институциите преку новото законско решение за организација и работа на органите на државната управа.
Министерот ја истакна важноста од континуираната експертска поддршка од страна на OECD/SIGMA во процесот на подготовка и усогласување на законските решенија со европските стандарди и добри практики.
„Реформата на јавната администрација претставува еден од нашите врвни приоритети. Со Законот за високите раководители поставуваме јасни, транспарентни и професионални критериуми за избор и одговорност на раководниот кадар. Нашата цел е администрација која работи во служба на граѓаните, заснована на знаење, интегритет и резултати“ истакна министерот.
Од страна на претставникот на OECD/SIGMA беше изразена подготвеност за натамошна поддршка, со цел обезбедување усогласеност со принципите на добро управување и европските административни стандарди.
Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведување сеопфатни и одржливи реформи, насочени кон јакнење на институционалниот капацитет, департизација и зголемување на довербата на граѓаните во јавните институции.
Македонија
Забрана за камиони кај Стража поради снег
Од 17:00 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево и обратно.
Од АМСМ информираат дека забраната е поради обилни врнежи од снег и задржување на коловозот.
Македонија
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Академија за судии и јавни обвинители
Денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Академијата за судии и јавни обвинители, со цел унапредување на меѓуинституционалната соработка, размена на знаења и искуства, како и зајакнување на професионалните капацитети во областа на уставното право и правосудниот систем.
Со Меморандумот се предвидува организирање на заеднички обуки, семинари, конференции и други стручни настани, како и размена на експерти и едукативни материјали. Посебен акцент ќе биде ставен на унапредување на знаењата на идните судии и јавни обвинители во областа на уставно-судската практика и заштитата на човековите права и слободи.
„Откако сум претседател на Уставниот суд ова е трет Меморандум за соработка којшто го потпишуваме со институции на државата. Првиот беше со Правниот факултет, вториот со Здружението на правници. Очекувам најдинамична соработка со Академијата. Уставниот суд изминатите две години се соочи со природен одлив на промена на генерации. Стручната служба е р’бетот на Уставниот суд. Новата стручна служба има потреба од дополнителни знаења за да го достигне квалитетот што овој суд го имаше до пред две години. Токму во оваа насока го гледаме начинот на соработка, да нашите вработени од службата посетуваат предавања за доусовршување на Академијата. Но, идните кандидати за судии или обвинители може да имаат бенефит од знаењето и искуството кое уставните судии може да го пренесат, особено во примената на меѓународните права’, изјави претседателот Костадиновски.
Директорката на Академија за судии и јавни обвинители, Стрезовски, истакна:
„Денешното потпишување на Меморандумот претставува значаен чекор, поврзаноста на институциите подразбира партнерство, пред се’ во функција на владеење на правото. Можност на советниците на Уставниот суд да доаѓаат во Академијата а уставните судии да вршат обуки и предавања. За Академијата ќе претставува унапредување на наставните програми и обуки за примена на највисоките стандарди, изјави директорката Стрезовски.

