Свет
Пукање во училиште во Лос Анџелес, еден загинат и шестмина повредени

Канцеларијата на шерифот во Лос Анџелес, САД соопшти дека имало пукање во средното училиште Саугус, при што едно лице загина, а шестмина се повредени.Како што јавуваат агенциите, во нив пукал ученик, при што е застрелана жена, која им подлегнала на повредите. Осомничениот за убиството е приведен и се наоѓа во болница.Нема информации за неговиот идентитет.
„Избегнувајте ја областа. Осомничен е млад човек од Азија облечен во црно. Тој последен пат беше виден во училиштето“, соопштија надлежните, додавајќи дека полицајците се на терен.
Според АП, повикувајќи се на изјава на властите, во пукањето се повредени шест лица.Не е познато дали се работи за прострелни рани или други повреди. Надлежните соопштија дека училиштето е затворено, како и две блиски основни училишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Израелскиот министер за одбрана ѝ порача на Сирија: Нема веќе предупредувања, доаѓаат болни удари

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес објави дека „предупредувањата во Дамаск се завршени“ и најави „болни удари“ врз сирискиот режим, откако израелските сили извршија воздушни напади врз зградата на Министерството за одбрана и областа околу претседателската палата во Дамаск.
„Предупредувањата во Дамаск завршија – сега доаѓаат болните удари“, рече Кац, најавувајќи дека израелската војска ќе продолжи решително да дејствува во регионот Свеида, каде што е во тек вооружен конфликт меѓу силите на сирискиот режим и заедницата Друзи. Кац, исто така, нагласи во порака на социјалните мрежи дека Израел ќе ги брани сириските Друзи, наведувајќи: „Премиерот Нетанјаху и јас, како министер за одбрана, дадовме ветување – и ќе го исполниме.“
Министерот, исто така, прикачи видео од телевизиска емисија од Дамаск на која се гледа моментот на нападот и како водителката го прекинува емитувањето и се засолнува.
החלו המכות הכואבות pic.twitter.com/1kJFFXoiua
— ישראל כ”ץ Israel Katz (@Israel_katz) July 16, 2025
Свет
(Видео) Израелската војска потврди напад во близина на претседателската палата во Дамаск

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека утрово нападнале „воена цел во областа на претседателската палата на сирискиот режим во Дамаск“.
Тие, исто така, потврдија дека била погодена и зградата на сириското Министерство за одбрана, исто така сместена во главниот град.
ИДФ објави и снимки од денешниот напад врз сириското Министерство за одбрана во Дамаск.
❗️Attack on Syrian Defense Ministry building in Damascus published by 🇮🇱Israel pic.twitter.com/VDTCPqYttO
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) July 16, 2025
Свет
(Видео) Драматична ескалација во Сирија, експлозии во главниот град; Израел: Ќе удриме посилно

Ситуацијата во Сирија дополнително ескалираше во последните два дена. Експлозии се пријавени во центарот на главниот град Дамаск, додека Израел ги засили воздушните напади и распореди дополнителни сили по границата. Овие настани кулминираат по вооружените судири во јужниот регион Свеида.
Израелските сили денес извршија воздушни напади врз зградата на Министерството за одбрана во Дамаск. Сириските власти објавија неколку мртви и ранети, без да дадат детали за жртвите.
Израел тврди дека целта била воена команда на сирискиот режим и дека целта е да се спречи засилување на воените сили во јужните области за заштита на заедницата Друзи, објавува „Тајмс оф Индија“.
Video footage of Israeli strike on General Staff building in Damascus pic.twitter.com/anSVtVb1Nq
— Wladimir van Wilgenburg (@vvanwilgenburg) July 16, 2025
Судири во Свеида – насилство и владина интервенција
Судирите избувнаа во Свеида и околината меѓу Друзите и бедуинските милиции по инцидентот на 13 јули. Сириската армија беше распоредена за да воспостави ред, но судирите продолжија. Според извештајот на AFP и AP, до 16 јули беа убиени најмалку 250 луѓе, вклучувајќи војници, цивили и милитанти, а беше забележано и насилство како што се вонсудски егзекуции, грабежи и палење.
Вчера беше објавен прекин на огнот, но тоа не спречи понатамошни судири или израелски напади во близина на Свеида и Дамаск.
Syria BREAKING: Israeli strikes once again hit the Ministry of Defense in the center of Damascus.
Caught live on television. pic.twitter.com/jELgvBrHBi
— Thomas van Linge (@ThomasVLinge) July 16, 2025
Израел: Ќе ги интензивираме нападите
Израел јасно стави до знаење дека нема да ги запре нападите сè додека сириските сили не ги напуштат јужните региони. Министерот за одбрана Израел Кац повеќе пати изјави дека „нема да дозволи режимот да ги загрози Друзите“ и предупреди дека „значително ќе го интензивира одговорот“ доколку насилството продолжи.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху, исто така, ги поддржа операциите, велејќи дека нападите имале за цел заштита на мрежата на Друзите и демонстрирање на решителноста на Израел. Израелските одбранбени сили распоредија дополнителни сили на Голан и Голанската висорамнина како превентивна мерка.