Македонија
Грција е втор најголем трговски партнер на земјава, економските односи бележат нагорен тренд
Премиерот Зоран Заев вечерва оствари средба со премиерот на Република Грција, Кирјакос Мицотакис, на маргините на Самитот во Солун. Премиерите Заев и Мицотакис, заедно со претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов, се поканети на Самитот како говорници на панелот насловен „Југоисточна Европа: Унапредување на регионалната соработка и реформи”.
Како што соопшти Владата, на средбата со премиерот Мицотакис, која помина во пријателска и конструктивна атмосфера, се разговараше за повеќе прашања, меѓу кои прашањето на поддршката на Грција во претстојниот период за да се забрза претстојниот процес за старт на преговорите на нашата земја за членство во ЕУ.
„Двајцата премиери изразија согласност дека позитивниот исход на ова прашање со што ќе биде потврдена европската перспектива на Северна Македонија, ќе биде од огромен придонес за сигурноста и стабилноста на регионот и ќе биде дополнителен поттик за економските односи кои од потпишувањето на договорот од Преспа бележат нагорен тренд. Во разговорот беше нагласено дека тоа е нов поттик за економските врски меѓу двете земји и произлегува и од фактот дека Грција е втор најголем трговски партнер на нашата земја, чија вредност на вкупните инвестиции во Северна Македонија ја става на високото трето место.
Двајцата премиери на средбата ја потврдија посветеноста на двете земји за целосна и непречена имплементација на обврските на двете страни утврдени во договорот од Преспа. Како позначајни се истакнати заложбите за прогрес на работите на граничните премини кои ќе донесат придобивки за двете земји, за поврзување на регионите, како и за можноста што новите гранични премини ги отвораат за продлабочување на економската соработка.
На средбата меѓу претседателите на владите на Северна Македонија и на Грција беше истакнато дека ќе се обезбедат услови за поинтензивна работа на комисиите на двете земји кои работат на утврдувањето на трговските марки.Заев на средбата истакна дека очекува премиерот Мицотакис да ја посети нашата земја за да продолжат средбите кои ги охрабруваат односите меѓу двете земји“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

