Свет
(Видео) Земјоделците го блокираа Хамбург со 4.000 трактори
Германските земјоделци ги преплавија градските улици со илјадници трактори во знак на протест против новите регулативи за животната средина. Тие ја обвинуваат владата дека ги малтретира додека ја води својата борба за зелена економија, пренесува РТ.
Речиси 4.000 трактори пристигнаа во Хамбург во четвртокот, каде што се одржуваше состанок на регионалните министри за животна средина. Километарските конвои, кои се протегаа на прометните улици во градот, предизвикаа проблеми во сообраќајот во центарот на градот. Демонстрантите исто така одржаа митинг на градскиот плоштад Генсенмаркт.
На протестите можеа да се видат паролите „Соработка наместо забрани“ и „Нема фарми, нема храна, нема иднина“, „Само кажи ‘благодарам’“.
4.000 Landwirte protestieren heute in #Hamburg bei der #umkhh2019. Die #Treckerdemo sorgt für erhebliche Verkehrsbehinderungen. pic.twitter.com/rz3iIY3Cd0
— ZDF Hamburg (@ZDFhamburg) November 14, 2019
Министерството за животна средина неодамна предложи сет прописи со кои ќе се ограничи употребата на одредени видови пестициди и ѓубрива против плевелот за да се заштитат птиците, инсектите и подземните води. Земјоделците стравуваат дека ова ќе ги запре деловните активности и ќе го загрози нивниот начин на живеење.
„Правилата што доаѓаат од германската влада се толку тешки за нас што не можеме да работиме на нашите фарми. Не можеме да произведеме добри култури. Не можеме да имаме добра храна за млечните крави“, изјави Клаус-Питер Лухт, потпретседател на регионалното здружение на земјоделците, за РТ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија нудела размена на Венецуела за Украина, тврди поранешна советничка на Трамп
Уште во 2019 година, руски функционери наводно му сигнализирале на Вашингтон дека се подготвени за необичен договор: ќе им дозволат на САД слободно дејствување во Венецуела, доколку за возврат им се овозможи непречена контрола над Украина. Ова го тврди Фиона Хил, поранешна советничка на Доналд Трамп, која повторно се најде во фокусот на јавноста по неодамнешниот американски напад врз Венецуела, пишува „Киев индипендент“.
Фиона Хил, тогашна главна советничка на Белата куќа за Русија, ги изнела овие детали за време на сведочењето пред Конгресот во ноември 2019 година, во рамки на истрагата за импичментот на претседателот Трамп. Според неа, Кремљ во април истата година ја изнел можноста да се откаже од своето влијание во Венецуела, во замена за целосна контрола над Украина.
Руски функционери, како што навела Хил, „многу силно сигнализирале дека сакаат некако да направат многу чуден договор за размена меѓу Венецуела и Украина“. Иако предлозите од Москва биле „неформални“, пораката била недвосмислена: „Знаете, вие ја имате вашата Монро доктрина. Нè сакате надвор од вашиот двор. Па, знаете, и ние имаме наша верзија на тоа. Вие сте во нашиот двор во Украина“. Хил додала дека била испратена во Русија за да го отфрли тој предлог.
Свет
Би-би-си: Европските лидери стравуваат да не ја изгубат поддршката на Трамп поради Гренланд
На состанокот на таканаречената „Коалиција на подготвените“ во Париз, посветен на мировниот план за Украина, во фокусот неочекувано се најде зголемената тензија околу Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп сака да го стави под контрола на САД, пишува Би-Би-Си.
Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека планот за мир е „90 отсто завршен“, европските лидери избегнувале директна конфронтација со Трамп, стравувајќи од губење на американската поддршка. По заедничка изјава на шест европски земји дека иднината на Гренланд треба да се решава колективно во рамки на НАТО и дека одлуката ѝ припаѓа на Данска, Белата куќа возврати дека „разгледува низа опции“, вклучително и купување на островот.
Дополнителна загриженост предизвика изјавата дека употребата на американската војска „секогаш е опција“. Европските лидери предупредуваат дека ваквите закани ја доведуваат во прашање довербата во трансатлантскиот сојуз и ја откриваат слабоста и поделеноста на Европа. Според експерти, ситуацијата околу Гренланд претставува сериозен тест за ЕУ и егзистенцијална дилема за НАТО.
Фото: Depositphotos
Свет
САД ја проширија листата на држави: гаранција до 15.000 долари за американска виза
Државјаните на уште 25 земји, меѓу кои и Венецуела, може да мора да положат гаранција до 15.000 долари за да добијат американска виза, соопшти американскиот Стејт департмент. Со ова, листата опфаќа вкупно 38 држави, претежно од Африка, Латинска Америка и Јужна Азија. Новите правила стапуваат на сила на 21 јануари.
Гаранцијата ќе изнесува 5.000, 10.000 или 15.000 долари и ќе се утврдува при интервјуто за виза Б1/Б2, а уплатата ќе се врши преку платформата Pay.gov. Мерката е дел од пилот-програма започната во август, чија цел е да се спречи пречекорување на дозволениот престој.
Администрацијата на Доналд Трамп ја оправдува мерката со зајакнување на безбедноста, додека организациите за човекови права ја критикуваат како рестриктивна.
Фото: pexels

