Македонија
Делегација на СДСМ на меѓународна конференција во Кина
Делегација на СДСМ, во состав Андреј Жерновски, член на ЦО на СДСМ, и Рената Јајоска, член на Секретаријатот за меѓународна соработка, по покана од владејачката партија на НР Кина, учествува на меѓународната конференција на владејачките партии на земјите од Централна и Источна Европа, која се одржува во Пекинг, НР Кина.
На конференцијата се разговара за потенцијалите и моделите за соработка во идната деценија, со фокус на инвестициите, енергетиката, инфраструктурата и земјоделството.
Посебен дел е посветен и на културната соработка помеѓу земјите од регионот и НР Кина.
На овој важен собир учествуваат актуелни и поранешни министри и високи претставници на Латвија, Естонија, Унгарија, Словачка, Романија, Словенија, Хрватска, Грција, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, како и домаќинот НР Кина.
Предвидено е делегацијата на СДСМ да оствари повеќе средби со претставници на НР Кина и со присутните гости, а ќе даде и свој придонес со излагања на неколку од предвидените панел-дискусии.
Во своите излагања Жерновски потенцира дека Република Северна Македонија, заедно со Кина, активно ги промовира своите интереси за реализација на конкретни проекти во разни области во интерес на граѓаните, како што тоа го прават другите земји од ЦИЕ, од кои 12 се членки на ЕУ, а 14 на НАТО.
Зборувајќи за придобивките од процесот „17+1“, тој информира за проектите и соработката во последната година по самитот во Дубровник, за потпишаниот акциски план за соработка во областа на земјоделството 2020-2022 меѓу нашата земја и Кина, за Центарот за културна соработка 17+1 во Скопје, кој работи од 2018 година, за претстојниот 4. министерски состанок за култура, кој ќе се одржи од 24 до 26 ноември 2019 година, а ги посочи и нашите интереси за соработка во областа на инфраструктурата и енергетиката.
„Очекуваме зајакната соработка со Кина, но и со другите земји од ЦИЕ како ветување за дополнителен напредок и развој на нашата економија“, истакнаа Жерновски и Јајоска во своите говори.
Делегацијата на СДСМ во разговорите и средбите со претставниците на владејачките партии од Централна и Источна Европа доби честитки за досегашниот курс на водење на државата, за политиките и реформските постигнувања, како и поддршка за европските перспективи на нашата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК: Излезноста на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот е 28,07 проценти
Државната изборна комисија соопшти дека излезноста на повторените избори до 18:30 часот изнесува 28,07 отсто.
По општини:
– Врапчиште: 31,76 %
– Гостивар: 28,22 %
– Маврово и Ростуше: 28,04 %
– Центар Жупа: 13,18 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека поради задоцнето отворање, ќе има продолжување на пет избирачки места, три во Гостивар и две во Маврово-Ростуше. Најдолгото продолжување на гласањето во траење од 2 часа и 45 минути ќе биде на избирачко место 503 во Гостивар.
На избирачкото место 0782 во Ќафа немало гласање бидејќи тоа воопшто не било отворено.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.

