Свет
Поранешно момче на убиена Британка: И мене ми бараше да ја давам кога бевме интимни
Пред десетина дена во Нов Зеланд почна судењето за сомнителното убиство на 22-годишната авантуристка и светска патничка од Велика Британија, Грејс Милан.
За нејзиното убиство е обвинет 27-годишник, кој, наводно, ја задавил додека имале сексуални односи. Обвинетиот тврди дека нејзината смрт била несреќа што се случила при практикување на груб секс, на кој двајцата се согласиле.
На судењето се дозна дека Милан често посетувала страници во кои се наоѓаат луѓе што практикуваат груби форми на секс (BDSM).
Бранителот на обвинетиот како сведок во судењето го повикал и поранешниот партнер на Грејс, кој во судот потврдил дека и тој ја давел за време на сексуални односи и дека додека биле интимни, користеле безбеден систем на зборови и сигнали за да се осигурат дека нејзиниот живот никогаш нема да биде загрозен.

За време на судењето, исто така се дозна дека Британката, таа кобна вечер консумирала големи количини алкохол, што можело да доведе до запирање на работата на срцето во случај на задушување, пишува „Скај њуз“, а пренесува „Индекс“.
Милан исчезна на почетокот на декември минатата година во Аукленд, Нов Зеланд, а нејзиното тело беше пронајдено девет дена подоцна во ковчег во грмушки недалеку од планинскиот венец Вајтакир.
Истрагата покажа дека таа починала од давење по состанокот што го договорила преку апликацијата „Тиндер“. 27-годишникот, кој наводно ја задавил додека имале секс, е обвинет за убиството.
„Само две лица знаат што се случило во собата. Едното не може да ни каже ништо, а другото засега не ја кажа вистината“, изјави обвинителот Робин Меккобри алудирајќи на исказите на обвинетиот кој тврди дека станува збор за несреќен случај при сексуален однос меѓу двајца млади.
Обвинителите велат дека судот треба да го земе предвид она што се случувало откако Милан починала. Доказите покажуваат дека ден по нејзината смрт, обвинетиот договорил друг состанок преку „Тиндер“, купил прибор за чистење и ковчег и изнајмил возило.
„Тој мирно, ладнокрвно и методично се обидел да ги отстрани сите докази кои го поврзувале со Милан“, рече Меккобри.
Додал и дека обвинетиот не бил вознемирен поради смртта на несреќната Милан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кремљ: Разбираме дека се прават промени во мировниот план на Трамп
Кремљ верува дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина би можел да биде многу добра основа за преговори, објавија руските медиуми.
Контроверзниот план од 28 точки наводно го изготвиле санкциониран руски функционер и американски претставник надвор од официјалните канали. Откако беше објавен од Аксиос, европските земји изнесоа неколку контрапредлози.
Русија не ја добила прилагодената американска верзија на планот за Украина, соопшти Кремљ, но разбира дека се прават промени. Исто така, се вели дека Европа ќе мора да биде вклучена во одреден момент бидејќи би било невозможно да се зборува за безбедноста без неа.
Кремљ изјави дека „нема што да каже“ за извештаите дека секретарот на американската армија, Ден Дрискол, водел разговори со руска делегација во Абу Даби.
фото: принтскрин
Свет
(Фото) Кина лансираше летало без екипаж откако последното беше оштетено од вселенски отпад
Кинеската мисија „Шенжоу-22“ лансирана е денеска, додека земјата се обидува да ги намали безбедносните ризици за својата програма за вселенски летови со екипаж и вселенската станица, откако претходно вселенско летало беше оштетено во орбитата порано овој месец.
Вселенското летало без екипаж „Шенжоу-22“ на кинеската вселенска станица „Тјангонг“ треба да го замени „Шенжоу-21“, кое мораше да се врати на Земјата шест месеци порано откако второто вселенско летало што се закачи на станицата беше оштетено. „Тјангонг“ и неговиот тричлен кинески екипаж се без вселенско летало за летање во случај на вонредна состојба веќе 10 дена, првпат откако станицата почна да работи кон крајот на 2022 година.
🚀#China launched the #Shenzhou22 #spaceship from the Jiuquan Satellite Launch Center in northwest China on Tuesday, marking the first emergency launch mission in the country's manned space program. The launch came after the Shenzhou-20 spacecraft was struck by space debris,… pic.twitter.com/D6fPQu1enC
— CCTV Asia Pacific (@CCTVAsiaPacific) November 25, 2025
Оштетеното летало „Шенжоу-20“, кое требаше да го врати триото астронаути на 5 ноември, доживеа судир со вселенски отпад, па екипажот се врати со вселенскиот брод број 21. „Шенжоу-22“ беше лансиран денес од Центарот за лансирање сателити „Џиукван“ во северозападна Кина, како и сите други мисии со исто име.
Клучната разлика е што овој пат вселенскиот брод нема да има човечки екипаж, бидејќи само тројца астронаути можат да бидат на вселенската станица подолг период. Леталото „Шенжоу-23“ со екипаж е закажано да се лансира некаде околу април следната година.
Поради оштетувањето на вселенскиот брод „Шенжоу-20“, неговиот екипаж мораше да остане на станицата дополнителни десет дена со екипажот на новопристигнатиот вселенски брод „Шенжоу-21“, па станицата мораше да работи со својот максимален капацитет од шест астронаути подолго од вообичаеното времетраење на смената.
фото: принтскрин
Свет
Џакарта забранува продажба на месо од мачки, кучиња и лилјаци
Гувернерот на Џакарта, Прамоно Анунг, донесе одлука за забрана на продажба на месо од мачки, кучиња и лилјаци на територијата на индонезискиот главен град, наведувајќи го високиот ризик од ширење на беснило и други санитарни причини.
Одлуката подразбира целосно отстранување на суровото месо и преработените производи од пазарот. Локалните власти нагласуваат дека ова е мерка што треба да придонесе за заштита на јавното здравје.
Гувернерот Анунг изрази надеж дека оваа забрана ќе ја подобри санитарната безбедност во градот и ќе спречи потенцијални епидемиолошки ризици во густо населената метропола.
Фото: принтскрин

