Македонија
Министерски форум ЕУ – Западен Балкан: Продолжуваме да градиме високостандардизирани безбедносни и правни системи
„Во текот на Министерскиот форум имавме извонредна можност не само да ги реафирмираме нашите заеднички досегашни усилби за соработка и солидарност, туку и да размениме нови идеи и согледувања во насока на градење високостандардизирани безбедносни и правни системи кои ќе обезбедат мир, стабилност и безбедност на нашите граѓани“. Oва го истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во својата изјава за медиумите на заедничката прес-конференција со министерот за внатрешни работи на Република Финска, Марија Охисало, и еврокомесарот за внатрешни работи и миграции Димитрис Аврамопулос, а по завршувањето на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите од регионот.
Во трите работни сесии на Форумот, според министерот Спасовски, заедничките дискусии практично го потврдиле фактот дека ефективното гранично управување, борбата против криумчарењето на мигранти, борбата против тероризмот и против трговијата со луѓе и шверцот со дрога и оружје остануваат заеднички приоритети за Европската Унија и за земјите од Западен Балкан.
„Се согласивме дека тероризмот претставува глобална закана за безбедноста, а особено враќањето на странските терористички борци. За ефикасно решавање на наведените прашања од суштинско значење е тесната соработка и подготвеноста за споделување на сите релевантни информации како во однос на нивното откривање, така и во однос на нивното изведување на лицето на правдата“, подвлече Спасовски.
Инаку, министерот Спасовски учествуваше со обраќања во сите тематски подрачја предвидени на Форумот. Притоа, борбата против трговијата со луѓе, оружје и дрога беа во фокусот на дискусиите, при што беше констатирано дека активностите мора да бидат придружени со мерки за конфискација на криминалните приноси.
„На крајот би сакал да истакнам дека овој Министерски форум уште еднаш потврди дека споделуваме исти предизвици во областа на безбедноста кои единствено можат да се решат со заедничка соработка и цврсто партнерство со земјите од Европската Унија“, нагласи министерот Спасовски.
Министерката за внатрешни работи на Финска, Мариа Охисало, се заблагодари на извонредната соработка и одличната организација на форумот.
„Разменивме ставови за овие важни теми, а соработката на Европската Унија со балканските партнери продолжува. Воедно, ја поздравуваме досегашната одлична соработка на земјите од Западен Балкан со ЕВРОПОЛ. Впрочем, заштитата на безбедноста на граѓаните е клучен приоритет“, рече Охисало.
Еврокомесарот за внатрешни работи и миграции, Димитрис Аврамопулос, изрази благодарност за гостопримството на овој Министерски форум и нагласи дека Европската комисија има блиска соработка со земјите од Западен Балкан и ги координира активностите.
„Сите земји од овој регион се свртени кон перспективата да станат членки на ЕУ. Заеднички работиме на повеќе полиња, меѓу кои и на прекинување на мрежите на криумчарење мигранти. Европската Унија ќе продолжи да ги поддржува земјите од Западен Балкан во јакнење на нивните капацитети за справување со предизвиците“, подвлече Аврамопулос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

