Свет
Путин: Митот за руската закана го измислија оние што профитираат од него

Митот за заканата од Русија е измислен од оние што сакаат да остварат профит од тоа и лидерите на европските земји мора да го сфатат тоа, изјави рускиот претседател, Владимир Путин, на инвестицискиот форум „Русија повикува“, пренесува ТАСС.
Тој посочи дека во минатото САД им велеле на европските земји дека треба да платат за заштита од советската закана.
„Денеска тоа не пали. И покрај сите проблеми поврзани со Украина и шпекулациите за Крим и Донбас, сите совршено добро разбираат дека Русија нема планови да нападне никого. Тоа е глупост. Руската закана е измислена од оние што сакаат да профитираат од борбата против Русија и да добијат бонуси и предност. Тоа им е јасно на сите, дури и на лидерите на клучните европски земји“, истакна Путин.
Според рускиот лидер, САД ќе треба да преземат некои чекори за промена на природата на односите со европските сојузници во НАТО.
„Денеска не е доволно само да се каже: Ние ве заштитуваме и вие нè плаќате. Зошто треба да плаќаат за одржување на американската одбранбена индустрија? Тие попрвин би развиле свои индустрии за што зборуваа неодамна“, рече Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Унгарија сè уште сака да биде домаќин на самитот Путин-Зеленски

Унгарија веќе двапати понуди да биде домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина, и таа понуда сè уште важи, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во подкаст емитуван на Фејсбук.
Сијарто реагираше на извештаите дека Белата куќа ја разгледува унгарската престолнина Будимпешта како локација за можна трилатерална средба меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Американската тајна служба се подготвува за самитот во Унгарија, а Будимпешта се појави како прв избор на Белата куќа, објави „Политико“ во вторникот.
„Доколку им требаме, ние сме подготвени да обезбедиме соодветни фер и безбедни услови за такви мировни преговори. Среќни сме ако можеме да придонесеме за успехот на мировните напори“, рече унгарскиот дипломат во дневниот подкаст што го водат членови на владата.
Свет
(Видео) Нови снимки од воените вежби на Русија и Кина во Пацификот

Нови снимки прикажуваат заедничка поморска патрола меѓу Русија и нејзиниот близок сојузник Кина во западниот Пацифик, дел од воена соработка што отворено ги предизвикува САД во регионот, објавува „Њузвик“.
Од почетокот на војната во Украина, Русија одржува партнерство со Кина што претседателот Владимир Путин го нарекува „неограничено“. Двете земји ги продлабочија воените врски, при што повеќе од половина од нивните 113 заеднички вежби од 2003 година се одржаа во последните шест години. Таа соработка вклучува заеднички патроли на стратешки бомбардери и поморски бродови во Пацификот.
China-Russia matirime joint patrol wrapped up on Wednesday with a departing ceremony in the Western Pacific, according to the PLA Navy. (Video: PLA Navy) pic.twitter.com/KfDrpIoJQm
— Global Times (@globaltimesnews) August 20, 2025
Најновите руско-кинески воени активности, вклучувајќи ја вежбата „Заедничко море 2025“ и поморската патрола, доаѓаат откако нивниот заеднички ривал, САД, одржа големи воздушни и поморски вежби во Пацификот во јули. Американските сили, исто така, учествуваат во две вежби во Алјаска и на Арктикот, поради загриженоста за растечкото руско и кинеско присуство во регионот.
Кинеската морнарица, која има најголема флота воени бродови во светот, објави во среда снимки од заедничка патрола со својот руски партнер, потврдувајќи дека маневрите биле успешно завршени во западниот Пацифик. За време на 15-дневната патрола, која следеше по вежбата „Заедничко море 2025“ одржана од 1 до 5 август во близина на Владивосток, двете морнарици спроведоа вежби за придружба и воздушна одбрана, меѓу другото, објави кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.
Chinese and Russian naval fleets concluded a 15-day joint patrol following their separation in a sea area of the western Pacific on Wednesday.
During the joint patrol, the two sides alternated or shared command, working in close coordination and cooperation to carry out… pic.twitter.com/DIHwWbST8v
— People's Daily, China (@PDChina) August 20, 2025
Деталите за патролата, вклучувајќи ги и рутите, остануваат нејасни. На 12 август, Руската пацифичка флота објави дека три брода се закотвиле во заливот Авача на полуостровот Камчатка, околу 925 километри од најзападниот дел на Алеутските Острови во Алјаска. Додека руските и кинеските бродови беа на море, САД испратија разурнувач во водите околу Алеутските Острови како дел од операциите за поддршка на „морската одбрана на татковината“.
фото: принтскрин
Свет
Зеленски: Спремен сум за средба со Путин, но не во Москва

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, повтори дека Украина е подготвена за билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин, но дека таа не може да се одржи во Москва.
„Веднаш одговорив на билатералната средба. Подготвени сме. Но, што ако Русите не се подготвени? Европејците го покренаа ова прашање. Ако Русите не се подготвени, тогаш би сакале да видиме силна реакција од Соединетите Држави на ова“, рече Зеленски на прес-конференција, објави УНИАН.
Тој додаде дека подготовките за средбата од руска страна ќе ги координираат американските претставници, вклучувајќи го државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф и потпретседателот Џ.Д. Венс.
Украина очекува дефинирање на безбедносните гаранции во рок од седум до десет дена, а по успешната билатерална средба, планирана е трилатерална средба со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Трамп потврди дека во тек се подготовки за средбата меѓу Зеленски и Путин и нагласи дека директниот дијалог меѓу лидерите е клучен чекор.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија не ги исклучува билатералните или трилатералните преговори, но дека тие мора да бидат внимателно подготвени.