Забава
(Видео) Нејтан Џенкинс најсексапилниот пожарникар во светот

Годинава, за првпат, на календарот на австралиски пожарникари се појавија и пожарникари од Германија и Франција, што сведочи за популарноста на овој календар и желбата на сите оние кои се занимаваат со таа напорна работа да бидат во него.
Сепак, еден од пожарникарите се издвојуваше особено.
Неговото име е Нејтан Џенкинс, а во видеото може да се види зошто тој ги фасцинира жените во светот, и тоа не толку со изгледот колку со неговата љубов кон животните.
Календарот може да се купи за 20 долари, а во Австралија, од 1993 година до денес, од продажбата на календарот се собрани 3 милиони долари за добротворни цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Вилијам Леви проговори по апсењето: „Се обидував да останам смирен цело време“

Кубанско-американскиот актер Вилијам Леви, кој е познат по улогите на заводник од сапуниците, минатиот викенд беше уапсен во Форт Лодердејл, Флорида.
44-годишникот беше уапсен бидејќи бил пијан на јавно место и упаднал во нечиј приватен имот. Според евиденцијата за апсење до која дошле локалните вести, тој бил „многу алкохолизиран и предизвикувал вознемиреност во ресторанот“, а менаџерот му рекол да не се враќа.
Во вторникот попладне, Леви се појави на суд, каде што судијата му одреди кауција од 500 долари. Истата вечер тој беше ослободен од затвор. Се обиде да ги избегне новинарите, но безуспешно. Леви потоа ја раскажа својата верзија на приказната.
Тој објасни дека се обидел да ја прекине расправијата, но дека на крајот завршил со лисици. Тој негираше дека ја нападнал вработената во ресторанот.
„Цело време се трудев да останам смирен. На крајот јас бев тој што мораше да си замине“, им рекол Леви на насобраните новинари.
Кога го прашале за обвинението за прекршување, Леви кратко рече: „Па, мораа да ме приведат за нешто“.
Забава
Деми Мур за разочарување поради загубата на Оскарот: „Ќе беше прекрасно да победев“

Актерката Деми Мур (62) конечно откри како навистина се чувствувала откако го пропуштила Оскарот за најдобра женска улога оваа година, пишува Дејли Мејл. Мур не го криеше разочарувањето бидејќи Оскарот наместо неа и припадна на актерката Мајки Медисон.
„Секако дека физичкиот, човечки дел од мене кој има его се чувствува разочаран. Ќе беше навистина прекрасно да победев“, призна Мур.
Но, актерката тврди дека веќе претчувствувала дека 26-годишната Медисон ќе победи и му шепнала на филмскиот продуцент Џејсон Вајнберг за време на рекламите: „Мислам дека Мајки ќе победи“.
За време на преносот на церемонијата, Мур беше видена како му кажува нешто на Вајнберг веднаш откако Ема Стоун го прочита името на победникот.
„Не знам зошто го знаев тоа, но знаев. Бев потполно смирена и прибрана. Не бев уништена. Не чувствував ништо од тие тешки емоции. Само имав верба, и сè уште имам, во се што ќе се случи“, изјави Мур.
Забава
Нина Бадриќ се јави од Хвар: „Да се биде на островот во овој период од годината е благослов за мене“

Хрватската пејачка Нина Бадриќ неколкуте слободни денови ги искористи за одмор на море. Таа отишла на островот Хвар каде има викенд куќа.
Нина на Инстаграм објави фотографии од островот и опиша како е да се биде таму во овој период од годината.
„Да се биде на островот во овој период од годината е најголемата среќа за мене. Чувството на овој мир. Одлична недела за големите, малите и најважните работи во животот“, напиша таа.