Македонија
Локвенец: Мицкоски едно зборува пред граѓаните, а друго надвор од државата
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е лажен патриот – дома зборува дека е против договорот со Бугарија, а вчера пред Борисов кажа дека го поддржува, изјави Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.
„Јавноста вчера го виде лажното лице на Христиjан Мицкоски, неговото лицемерие и лажен патриотизам. Едно зборува пред граѓаните, друго зборува надвор од државата. На средбата со премиерот на соседна Бугарија, Бојко Борисов, Мицкоски рече дека го поддржува договорот за добрососедство и пријателство. Две години Мицкоски зборува дека е против договорот со Бугарија, за вчера за само две минути да каже дека го поддржува договорот“, рече Локвенец.
Тој праша дали Мицкоски лажел кога велел дека договорот е штетен на средбите со граѓаните или излажал вчера во Загреб.
„Овој скандалозен однос на Мицкоски е нечесен кон граѓаните, нечесен кон државата и нејзините национални интереси. Се потврди, Мицкоски нема став. Едно зборува пред домашната јавност, а сосема друго пред странските политички претставници. Тоа е истата матрица на Никола Груевски“, рече Локвенец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.
Македонија
Десет нови детски игралишта ќе се градат низ општина Кисела Вода
Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина.
Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево. На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување.
Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови.
„Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина Кисела Вода е приоритет секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива, но и да се забавува и да создава убави детски спомени“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Македонија
Беким Сали на средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја
Во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја.
„На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот. Двете страни ја истакнаа важноста од понатамошно продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција“, соопштија од кабинетот на Сали.

