Забава
Жена од Канада зависничка од бодибилдинг, вежба шест дена во неделата

Робин Хилс (48) од Канада вели дека секогаш била спортски тип и го сакала фитнесот, но се заљубила во бодибилдингот кога отишла во вежбалница во 1989 година. Во 1993 година таа првпат се натпреварувала во бодибилдинг и го освоила второто место. За време на двете бремености, Робин ја одржувала формата и се хранела здраво, па дури и како мајка со многу обврски таа продолжила да вежба напорно.
Сега децата ѝ се пораснати, па Робин има време да вежба дури шест дена во неделата додека се подготвува за натпревар. Таа се натпреварува двапати годишно.
Робин, денес мајка на две возрасни ќерки – Кејти (23) и Кортни (21), и баба на Абел (3), Авијан (2) и Винтер (1), рече: „Јас бев висока и тенка, атлетски тип. Бев просечна студентка и пораснав играјќи кошарка, одбојка, трчање и бејзбол. По завршувањето на средното училиште, не сакав да се откажам, затоа отидов во вежбалница и спонтано се вклучив во бодибилдинг, на што веднаш се навикнав. Пред тоа бев тивка и срамежлива, со нормални несигурности како дете. Сега сум задоволна од тоа како изгледам и како се чувствувам. Самоуверена сум, уживам во животот и сакам да се смеам. Добивам разни реакции, но тие се претежно позитивни. Ретко добивам негативни коментари на социјалните мрежи или во живо“.
Таа се надева дека е инспирација за многу мајки и баби, но и за младите девојки да го прават она што го сакаат и да не обрнуваат внимание на тоа што го велат другите. Робин сака луѓето да се сакаат себеси и да го прават она што ги прави среќни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Грабеж за 90 секунди: Разбојници однесоа часовници и накит вреден 2 милиони долари

Четворица маскирани мажи ограбиле златарница во Сиетл и украле накит и луксузни предмети во вредност од околу 2 милиони долари за помалку од две минути, соопшти полицијата.
Инцидентот се случил во четвртокот попладнето, а безбедносните камери ги снимиле осомничените како ја кршат заклучената стаклена врата со чекани и празнат шест витрини за 90 секунди, вклучувајќи една со часовници Ролекс во вредност од 750.000 долари и смарагден ѓердан во вредност од 125.000 долари, според американските медиуми.
За време на грабежот, еден од напаѓачите им се заканувал на вработените со спреј против мечки и електрошок, но никој не бил повреден.
„Како вработени сме прилично потресени. Ќе бидеме затворени некое време“, изјави за медиумите Џош Менаше, потпретседател на семејната продавница за накит, додавајќи дека работниците почнале да ја проценуваат вкупната штета откако го исчистиле скршеното стакло.
Полицијата пристигнала на местото на настанот кратко по пријавата, но крадците веќе избегале со возило и ја избегнале потрагата.
Забава
„Фрла искористени марамчиња на подот, па им наредува на слугинките да ги соберат“: скандалозно однесување на член на кралското семејство

Принцот Ендрју наводно ги малтретира своите вработени, дури и фрлајќи искористени марамчиња на подот пред да им нареди на слугинките да ги соберат, открива нова контроверзна книга. Во делото „Успон и пад на Јорк“ од авторот Ендрју Лауни, војводата од Јорк е опишан како „страшен“ кон сите кои работат за него, додека новата документарна серија на Channel 5, „Ендрју и Ферги: Војводата и војвотката во изобилство“, открива уште шокантни детали од животот на контроверзниот член на кралското семејство.
„Ендрју е особено ужасен кон персоналот; изгледа дека не ги гледа како обични луѓе“, вели писателот.
„Се однесува со нив како со подредени на кои може да им командува. Мислам дека е многу нарцисоиден и сè се врти околу него“, додава тој.
„Ќе го повика својот чувар да му ги собере топчињата за голф откако ќе ги удри, ќе повика слугинки од четири ката пониско за да му ги отворат завесите. Ќе фрли искористени марамчиња на под и ќе очекува луѓето да ги соберат“, објаснува тој, пренесува „Мирор“.
Документарецот во траење од 90 минути, емитуван во саботата, ги истражува животите на Ендрју и неговата поранешна сопруга Сара Ферган, со посебен осврт на нивниот однос, контроверзните врски со Џефри Епстајн и луксузниот животен стил.
Во него се додава: „Ендрју не се огласи по повод новите тврдења за неговото однесување кон персоналот“.
Ендрју се повлече од јавните должности во 2019 година поради аферата со неговото пријателство со Епстајн. Иако повеќе не е активен член на кралското семејство, повремено се појавува на семејни настани, а годинава присуствуваше на традиционалната велигденска служба со кралот и другите членови на семејството во капелата „Свети Ѓорѓи“ во Виндзор.
Претходно имаше тврдење дека побарал преместување на еден вработен бидејќи „не му се допаѓал младежот на неговото лице“. Кралскиот автор Том Квин за Times изјавил: „Точно е дека некои членови на кралското семејство знаат да покажат лош темперамент. Еден поранешен службеник се присети дека принцот Ендрју инсистирал еден член на персоналот да биде преместен бидејќи не му се допаѓал младежот на неговото лице“.
Авторот додал: „Еден поранешен службеник дури побарал еден маж да биде префрлен на други должности поради вратоврската“.
Принцот Ендрју претходно бил опишуван како „многу тежок“ за работа, а персоналот дури се обидувал да го избегне. Пол Барел, поранешен батлер на кралското семејство, изјавил во документарецот: „Луѓето се обидуваа да го избегнуваат принцот Ендрју бидејќи беше многу тежок. Секогаш беше бомбастичен, викаше и пцуеше, што не се очекува од член на кралското семејство“.
Забава
Поранешниот фудбалер се смири со девојката откако пијан ѝ викал и ја навредувал во хотел

Енди Керол откри дека се вратил кај својата девојка Лу Тисдејл по неодамнешното кратко раскинување. Двојката се разделила поради низа караници. Најпрво беше објавено дека фудбалерот (36) ја оставил шминкерката (41) бидејќи му здосадило нејзиното однесување. Сепак, Daily Mail дозна дека всушност Лу ја прекинала врската.
Сега Енди ветува дека ќе намали со алкохол за да ја спаси нивната врска.
„Ја сакам Лу и нејзиното семејство. Се караме како и секој пар. Некои од нашите кавги беа околу алкохолот, бидејќи Лу не пие веќе 14 години, а јас знам да испијам пиво или вино за вечера и пијалок после натпревар. Не ми е проблем да престанам. Подобро ни е заедно и се обидуваме да ги надминеме нашите тешкотии,“ изјави Енди.
Извор рече дека Лу го оставила Енди, а потоа тој ја блокирал на социјалните мрежи и ги избришал заедничките фотографии. „Лу беше многу вознемирена од тоа како се одвиваше сè, а кавгите меѓу нив ѝ беа особено тешки. Сепак, Енди сакаше да ја врати назад и дури отпатува на Ибица за да ја пронајде,“ изјавил извор оваа недела.
Енди и Лу имале жестока караница на Миконос кон крајот на минатиот месец. Полицијата прво интервенирала поради бурна расправија во ресторан, а неколку часа подоцна и поради штета во хотелска соба.
Инцидентот во хотелот го потврдил вработен кој за The Sun on Sunday изјавил: „Да, беа сместени кај нас. Тој ги скрши вратите.“ Истата вечер Лу го напуштила хотелот и преспала во ексклузивниот приватен клуб Soho Roc House. Британски турист кој ги видел парот раскажал дека ги сретнал додека жестоко се расправале на улица.
„Мажот, за кого подоцна дознавме дека е Енди Керол, викал: ‘Со нас е готово!’ и делувал многу пијан,“ рекол сведок. Тој додал дека подоцна ги сретнал во истиот ресторан, каде што Керол изгледал бесен, а Лу седела со главата во рацете, како да плаче. „Полицијата пристигна, Енди излезе да разговара со нив, додека жената остана да седи на масата.“
„Ситуацијата е пренадувана“
Во заедничка изјава за The Sun, Енди и Лу порачаа: „Додека вечеравме во ресторан за време на мирен одмор на Миконос, имавме пожесток разговор, каков што повеќето парови понекогаш имаат. Полицијата брзо сфати дека нема причина за интервенција. Излеговме затоа што инсистираа дека сакаат да нè ‘заштитат’.“
„Нашето мислење е дека ситуацијата беше пренадувана од љубопитен минувач. Никој не беше уапсен, ниту беше подигнато обвинение. Среќни сме, заљубени и се радуваме на иднината, а ни е жал што приватна расправија стана јавна работа,“ додадоа тие.
Керол и Тисдејл ја започнаа врската минатата есен, откако Керол се раздели со својата сопруга, реалити ѕвездата Били Маклоу (36).