Контакт

Соопштенија

Алијанса за Албанците: Северна Македонија отворено нуди селективна и еднострана правда

Објавено пред

Сега веќе се знае дека во Северна Македонија има два вида правда, поточно неправда. Првата е кога станува збор за судење на обичен Албанец и, за жал, има стотици вакви случаи кога Албанците се судени, осудени и задржани во затвор за дела што никогаш не ги сториле, велат од Алијансата за Албанците.

dobivaj vesti na viber

„И втората е еднострана ‘правда’ со која се играат разни игри само за да се спасат корумпираните политичари кои ја крадат државата и ја втурнаа истата во долгови кои ја загрозуваат иднината на нашата земја. Конкретен случај е кривична постапка поднесена против Љуљзим Алити, член на Алијансата за Албанците, кој се обвинува за споделување на прислушуваните материјали познати како ‘бомби’, бидејќи се смета за кривично дело. На ист начин постапи и потпретседателот на СДСМ, Мухамет Зекири, кој на својот фејсбук-профил објави материјал од прислушуваните разговори на поранешниот министер Блерим Беџети, но против него никој не покрена кривична постапка. Бараме од правосудните тела да ги третираат граѓаните на ист начин без разлика дали се на власт или во опозиција, Македонци или Албанци, затоа што сите ние сме еднакви пред законот и тоа право ни е гарантирано според Европската конвенција за човекови права“, велат од АА.

Од таму велат дека често се соочувавме со селективна правда, што, како што велат од партијата, ги фаворизира „владетелите“ и ги казнува тие што со нивниот глас ве легитимираат вас.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

Porsche го претстави најмоќниот 911 Carrera S

Објавено пред

Porsche го додаде новиот Carrera S во понудата на модели 911. Со своите 353 kW (480 КС),

dobivaj vesti na viber

3.0-литарски боксер мотор со турбополнач и подобрена стандардна опрема, се сместува помеѓу 911 Carrera и 911 Carrera GTS. Со подобрени перформанси и динамика на возење, тој значително го надминува својот претходник. Значајната надградба на моќноста и опциите за дополнителна опрема нудат значителна додадена вредност во споредба со 911 Carrera.

Porsche повторно го лансира 911 Carrera S. Во рамките на моделската линија на Carrera, јазот помеѓу 911 Carrera и911 Carrera GTS T-Hybrid е начително намален. Неговиот погон е суштински надграден и сега постигнува нивоа на перформанси кои претходно беа резервирани за 911 Carrera GTS од претходната генерација. Дополнително, продолжениот список на стандардна опрема и значително зголемените опции за дополнителна опрема во споредба со 911 Carrera го прават атрактивен нов член на семејството на модели на Carrera. Спортскиот автомобил е достапен во верзии Coupé и Cabriolet.

Иконскиот 3,0-литарски твин-турбо боксер мотор со шест цилиндри е фундаментално надграден во новиот 911 Carrera S. Резултатот е значително зголемување на моќноста со истовремено намалување на емисиите. Неговата моќност од 353 kW (480 КС), со вртежен момент од 530 Nm, претставува зголемување од 22 kW (30 КС) во споредба со неговиот претходник. За да се постигнат овие зголемени перформанси и ефикасност, Porsche постави нови турбополначи и со големо оптимизирање на ладењето на воздухот. Новиот спортски автомобил сега се базира на дизајнот на моделите 911 Turbo од претходната генерација. Carrera S Coupé забрзува од нула до 100 km/h за 3,3 секунди и достигнува максимална брзина од 308 km/h. Осумстепен Porsche менувач со двојна спојка (PDK) ја пренесува силата на тркалата.

Проширена листа на стандардна опрема со ексклузивни опции

Porsche значително ја надгради стандардната опрема во Carrera S, која вклучува нови фелни Carrera S од 20/21 инчи, спортски издувен систем со издувни цевки во сребрена боја и Porsche Torque Vectoring Plus (PTV+). Новиот систем за сопирање претставува значитечно подобрување во односот на динамиката на возењето. Системот, познат од 911 Carrera GTS и стандардно доаѓа со црвени шепи на сопирачките и дискови со димензии од 408 милиметри напред и 380 mm назади, со што се обезбедува извонредно запирање.

Достапни се дополнителни опции за подобрување на перформансите како карбон-керамички сопирачки (PCCB) и спортската суспензија PASM, која се одликува со 10-милиметри помала висина на возење во комбинација со управување на задните тркала. Хидрауликата на амортизерите е оптимизирана во споредба со претходникот, обезбедувајќи уште подобрени возни карактеристики со зголемена прецизност и рафинирана реакција. Управувањето, во комбинација со управувањето на задната оска, е подиректно, а прецизноста на предната оска е дополнително прилагодена. Ова обезбедува уште поагилно и директно управување, а истовремено значително ја зголемува стабилноста при големи брзини.

Елегантна внатрешност

Врвните стандарди за квалитет и ексклузивност во Carrera S се подеднакво забележливи и во внатрешноста. Стандардно доаѓа со кожен пакет во црна боја. Седиштата, потпирачите за глава, контролната табла, панелите на вратите и опционалниот систем на задните седишта во Coupé се обработени со мазна кожа. Како и кај останатите варијанти на Carrera, преклопните задни седишта се достапни без дополнителни трошоци како алтернатива на стандардниот распоред со две седишта.

Достапна е и опција со уште пообемна употреба на кожа во внатрешноста, која покрива големи површини – вклучувајќи ја фиоката пред совозачот, страничните панели и задниот дел на седиштата. На барање, Porsche додава контрастни шевови во Crayon. Во целата понуда на опрема, Carrera S добива надградената стандардна опрема што се наоѓа во целата серија модели. Ова вклучува Matrix LED фарови и безжичен полнач за паметни телефони. Опциите вклучуваат систем за подигнување на предната оска, иновативните HD-Matrix LED фарови и пакетот Sport Chrono, вклучувајќи ја апликацијата Porsche Track Precision, која е идеална за деновите на патеката.

Новата 911 Carrera S сега е достапна за нарачка како Coupé и Cabriolet со погон на задните тркала.

ПР објава

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Огништа од БРАКО за вечерните забави на „Винтерфест“ во Велес

Објавено пред

Фабриката БРАКО обезбеди огништа за забавите во вечерните часови на манифестацијата Винтерфест, која во изминатите денови се одржува во Младинскиот парк во Велес, во организација на општината, како дел од предновогодишната атмосфера во градот.

dobivaj vesti na viber

Одличната забава на велешани БРАКО годинава ја направи потопла, преку специјално изработени огништа кои општинските служби соодветно ги распоредија низ паркот, а на кои постителите од сите возрасти можеа да се згреат додека ги следат музичките настапи, пијат чај, се сликаат со Дедо Мраз и се забавуваат.

БРАКО редовно ги поддржува сите настани во Велес, помага на општината за инфраструктурни проекти, поттикнува индивидуални акции и покажува општествена одговорност кон градот од чие население доаѓаат најголемиот број вработени во фабриката

ПР објава

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Окта“ продолжува со традиционалната новогодишна донација за поддршка на соседните училишта

Објавено пред

Во духот на новогодишните празници, ОКТА продолжи со својата традиција на поддршка на локалната заедница преку донации намени за централното општинско основно училиште „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци, како и за двете подрачни училишта во селата Мршевци и Текија во општина Илинден. Оваа година покрај новогодишни пакетчиња, компанијата донираше и агрегат за струја што ќе овозможи непречено одвивање на наставата во услови на прекин на електричната енергија.

dobivaj vesti na viber

„Остануваме посветени на нашата заложба да даваме континуирана поддршка во образованието и развојот на идните генерации, преку подобрување на нивните услови за учење. Овие празници ги израдувавме дечињата со новогодишни пакетчиња, додека со донацијата на агрегатот за струја веруваме дека ќе овозможиме континуитет во спроведувањето на наставата, што претставува предизвик особено во зимските месеци“, изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност на ОКТА.

Оваа предновогодишна донација е дел од континуираните општествено одговорни активности на ОКТА насочени кон образованието и унапредувањето на условите за учениците во локалната заедница, кои оваа година вклучија донација на две фотоволтаични централи во училишта во Велес и Гевгелија, донација на фотоволтаични сообраќајни знаци во близина на училишта во Центар и спроведување на кампања за сообраќајна едукација на најмладите како дел од платформата на ОКТА „Јас Внимавам“.

Директорот на централното основно училиште „Браќа Миладиновци“, Дарко Петковски, му се заблагодари на тимот на ОКТА за поддршката. „Оваа донација значително ќе го подобри функционирањето на нашето училиште, особено во услови кога е неопходна дополнителна енергетска сигурност. Пакетчињата пак им донесоа голема радост на нашите најмлади ученици, кои секогаш се радуваат на ова убаво празнично изненадување“, рече Петковски.

ОКТА продолжува со својот ангажман во поддршката на локалната заедница, насочувајќи ги вложувањата кон образованието, младите и нивниот просперитет.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ги повикуваме на разговор доколку вистински се грижат за платите на вработените, во спротивно УПОЗ е синдикална организација што обработува за нечии партиски интереси, велат од Владата

Протестите не се најдобриот начин на комуникација, Владата е отворена за постигнување договор со сите синдикални организации преку дијалог, велат...

Македонија3 часа

Во некои министерства има притисоци вработените да не излегуваат на протест за поголема плата, Деановски ќе ги каже до крајот на неделата

Државната администрација од неколку министерства и денес излезе на получасовен протест со барање за 30 отсто поголема плата и потпишување...

Топ5 часа

Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери пронајдена мртва

Идентификувано е телото кое пред неколку дена беше пронајдено во реката Вардар. Се работи за Лидија Трајковска, жената од Јурумлери...

Економија6 часа

Новогодишната кошница беше успешна, оцени Министерството за економија

Денеска завршува акцијата „Новогодишна кошница“ која што беше креирана на предлог на бизнисот со поддршка на Министерството за економија и...

Топ7 часа

(Фото) Уапсен 30-годишен скопјанец: при претрес пронајдена дрога, пиштол, пари

Вчера во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје...

Спорт7 часа

Почина Александар Јовиќ

Утрово тажна вест ја потресе македонската јавност. На 51-годишна возраст почина македонски репрезентативец Александар Јовиќ. Александар Јовиќ е роден во...

Македонија8 часа

ДУИ: Од првиот ден на мандатот Андоновска јасно ја покажува својата намера да го намали присуството на Албанците во ИЈЗ

Демократската унија за интеграција остро реагира на постапките на директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, која, како што...

Македонија8 часа

Над половина метар снег на Попова Шапка и Маврово

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени, -7 било во Маврови Анови и Крушево, -6...

Свет9 часа

(Видео) Градоначалничката на Лос Анџелес била на коктел во Гана кога избувнал пожарот во Палисадес

Како што ескалираше пожарот во Лос Анџелес на 7 јануари, градоначалничката Карен Бас се фотографираше на коктел-забава во амбасадата во...

Свет10 часа

Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Јужнокорејските власти денеска го уапсија отповиканиот претседател Јун Сук-Јол под обвинение за бунт, при што Јун рече дека се согласил...

Македонија11 часа

Забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по...

Европа11 часа

Советник на Путин: Мирот е можен само ако Русија добие пет украински региони

Близок советник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека и Украина и Молдавија би можеле да престанат да постојат како...

Европа11 часа

Огромен ракетен напад врз Украина, експлозии во милионскиот град

Во тек е масовен руски напад со крстосувачки ракети и беспилотни летала врз Украина. Прогласена е закана од воздушен напад...

Македонија1 ден

Гаши за Даути: До денес не сум добил официјално известување за оставка од ниеден претседател на комисија

Како претседател на Собранието мојата главна одговорност е да ги почитувам и спроведувам Деловникот и неговите процедури, вели претседателот на...

Македонија1 ден

(Видео) Пуштен во употреба патот Градско – Дреново, доцни оти една година биле повлечени и вработените и механизацијата на „Страбаг“ 

Со врнежи снег утрово свечено во употреба беше пуштен експресниот пат Градско-Дреново, долг 15,5 киломтери. За свеченоста, исто како и...

Регион1 ден

Комесарката за проширување на ЕУ: Нема да има геополитички попуст, процесот на проширување ќе продолжи да се заснова на заслуги

Агресивната војна против Украина отвори можност за проширување на Европската Унија, но нема да има геополитички попуст, процесот на проширување...

Македонија1 ден

Покачување од 30 отсто на платите што почнуваат од 25.010 денари бараат вработените во неколку министерства, ќе штрајкуваат цела недела

Место на пауза, утрово, вработените од неколку министерства во 11 часот излегоа на получасовен штрајк пред Министерството за животна средина...

Македонија1 ден

Автомобил специјално конструиран за криење стока: Царината заплени фалсификувани производи, парфеми, облека и обувки

Во соработка со МВР службата за мобилни скенери откри случај во кој автомобил со германски регистарски таблички бил специјално конструиран,...

Македонија1 ден

Судијка од Велес обвинета за фалсификување службена исправа, обвинение и против сопружници – сопственици на синџир аптеки

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против судијка од Основниот суд во Велес, двајца сопружници – сопственици на синџир аптеки,...

Македонија1 ден

СДСМ: На страна сме на работниците, власта да ги зголеми платите и да се потпишат колективните договори

СДСМ го разбира револтот на работниците во јавниот сектор и ги поддржува нивните барања за покачување на платите кои се...