Македонија
Европска недела на тестирање за ХИВ: 35% од луѓето со ХИВ не се свесни дека го имаат вирусот
Од 22 до 29 ноември, под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“ се одржува Европската недела на тестирање за ХИВ кон која, веќе шеста година по ред, се приклучува и здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.
ХЕРА е само една од над 750 организации од 53 европски држави кои учествуваат во активностите на Европската недела на ХИВ-тестирање со цел да се зголеми пристапот и свесноста за важноста од тестирањето за ХИВ. На тој начин, информациите за превенција на ХИВ стануваат подостапни, повеќе луѓе можат да го дознаат својот ХИВ-статус и да добијат пристап до терапија, грижа и поддршка.
Денес, соопшти ХЕРА, се проценува дека во нашата држава 35% од луѓето со ХИВ не го знаат својот ХИВ-позитивен статус, односно не се свесни дека се ХИВ-позитивни.
„Подобро е да се знае својот ХИВ-статус што поскоро, затоа што денес со терапијата за ХИВ, која е достапна и кај нас, луѓето со ХИВ може да живеат квалитетно и долго доколку се дијагностицирани навремено. Луѓето што живеат со ХИВ имаат речиси изедначен животен век со лицата кои немаат ХИВ, доколку добиле навремен третман. Редовното земање на терапијата за ХИВ е и еден од најефективните начини на превенција на вирусот, бидејќи луѓето кои редовно примаат терапија, имаат недетектибилно ниво на вирусот, со што целосно се спречува преносот на ХИВ по сексуален пат, дури и доколку не се користи заштита, односно кондом. Затоа е толку важно навременото тестирање“, велат од ХЕРА.
Во рамки на годинешната Европска недела на тестирање за ХИВ, од денес до следниот петок во Младинскиот центар на ХЕРА „Сакам да знам” на Водно ќе биде достапно бесплатно и доверливо тестирање и советување за ХИВ со брзи тестови, секој работен ден од 17 до 21 часот и за време на викендот од 11 до 15 часот. За подетални информации, граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 02/3176 950.
Европската недела на тестирање за ХИВ започнува денес, со настанот „Минус или плус – се живее со секој статус“ со почеток во 19 часот во кафе-бар „Котур“. Настанот е од отворен карактер, а ќе се состои од проекција на неколку кратки видеа со лични приказни за животот со ХИВ и разговори околу нормализирање на разбирањето за ХИВ денес.
Дали треба да направат ХИВ-тест и други информации поврзани со ризикот од пренос и заштитата од ХИВ, граѓаните може да дознаат и на мобилната андроид апликација Направи ХИВ-тест. Преку неа може да се информираат за сите локации низ земјата каде што може да се направи бесплатно и доверливо тестирање и советување за ХИВ. Апликацијата може бесплатно да се преземе на Google Play.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

