Македонија
Заев: Во Гостивар покрај гасоводот и театарот, отворивме нови центри за ран детски развој
За само 2.5 години се направи многу. Паралелно додека ги решавме најголемите прашања, наталожените проблеми, работевме на сите полиња и рамномерно низ целата држава. Пример за тоа е и Гостивар, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната граѓанска трибина „На прав пат“.
Не е само гасоводот што го носиме во Гостивар, не е само театарот што го отворивме овде. Во Гостивар обезбедивме и нов Центар за социјална заштита, отворивме Центар за ран детски развој во Равен и во Форино. Дополнително го обновивме целосно патот од Гостивар кон Кичево, со реконструкција на 5 мостови. После децени го реконструираме и кровот на училиштето Гоце Делчев, со поддршка на УНДП и Швајцарската агенција за развој. Тоа е прав пат и грижа за граѓаните, рече Заев.
Тој истакна и дека во изминатите две години СДСМ покажале дека со чесни политики, штедење и правилна алокација на средствата, има пари за сите.
„За 300 отсто ја зголемивме социјалната помош кон најсиромашните. Доделивме социјална пензија, 12.000 стечајни работници добиваат по 8.000 денари надоместок до пензионирање. Со укинувањето на радиодифузната такса граѓаните годишно штедат по 12 милиони евра. 11,4 милиони евра штедат годишно граѓаните само со воведувањето на дневната евтина тарифа на струјата. Пред две години ЕСМ, должеше 2 милиони евра, а сега на сметката има 87 милиони евра, а притоа ја имаме најевтината цена на електрична енергија во Европа која што ќе ја задржиме и понатаму. И тоа е враќање на парите назад кај граѓаните, тоа е исполнување на нашиот концепт. Тоа се вистински политики насочени кон граѓаните“, посочи Заев.
Премиерот додаде дека преку мерката Мој ДДВ зголемена е наплатата на ДДВ а од неа дел ќе се вратат директно на сметките на граѓаните, а дел ќе се искористат за изградба на нови градинки, училишта, водоводи, за патишта и за мерки важни за граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Иницијатива на Лајка: „Биди мојот Валентајн за еден ден” – прошетка и љубов за бездомни кучиња
Во месецот посветен на љубовта, ЈП Лајка започнува посебна иницијатива за љубителите на животни – „Биди мојот Валентајн за еден ден”. Со оваа акција, јавноста има можност да подари љубов и внимание на бездомни кучиња кои со месеци, а некои и со години, не излегле надвор од ѕидовите на прифатилиштето, известуваат од Лајка.

„Иницијативата им овозможува на граѓаните да изберат куче и да поминат еден цел ден со него надвор од прифатилиштето – на прошетка, во парк, на кафе, или дури и во локален пет-шоп. Целта е да им се овозможи на кучињата социјализација, збогатување на денот и да се покаже колку љубов може да направи разлика, дури и за само еден ден.
Со оваа иницијатива сакаме да ја покажеме убавината на социјализацијата и да создадеме емотивни врски помеѓу луѓето и нашите кучиња. Секое куче заслужува своја мала радост и да почувствува љубов.

Сите заинтересирани можат да се пријават на нашите телефонски броеви или преку нашите социјални мрежи.
Иницијативата е отворена за сите над 18 години, а учесниците ќе добијат инструкции за безбедно дружење со кучињата“, соопштуваат од Лајка.
Македонија
СДСМ бара украденото да се врати кај народот
Опозициската СДСМ обвини дека власта спроведува, како што наведуваат, грабеж преку криминални тендери, во време кога во државниот буџет недостасуваат две милијарди евра.
Од партијата посочуваат дека 161 тендер биле доделени на една фирма, 51 тендер на, како што велат, омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ преку општините, девет милиони евра на фирма со двајца вработени, како и 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта на Северна Македонија.
Според СДСМ, станува збор за милионски суми и голем број тендери кои, како што тврдат, завршуваат кај исти фирми.
„Украденото мора да се врати кај народот“, наведуваат од партијата, додавајќи дека за тоа да се случи мора да има одговорност за криминалните тендери.
Од СДСМ сметаат дека одговорноста треба да започне од, како што ја нарекуваат, тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ и дека нема борба против криминалот и корупцијата без одговорност на врвот на власта.
Во соопштението се наведува дека наместо празни зборови за промоција, премиерот Христијан Мицкоски треба да ги повика обвинителите и судиите кои ги поставува и постапките да започнат од 161 тендер, потоа од 51 тендер и од тендерот во Поштата.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.

