Забава
Диви, откачени и најлошо облечени: Кристина Агилера, Кеша, Шанија Твен на доделувањето на Американските музички награди

Не е лесно да се истакнете на црвениот тепих на церемонијата на доделувањето на Американските музички награди.
Но, sвездите на А-листата: Кристина Агилера, Кеша, Шанија Твен и Били Елиш се чини дека се надминаа, нивниот обид да бидат што е можно поекстравагантни се претвори во фијаско. Тие дефинитивно успеаја да свртат погледи со својот претеран и според таблоидите шокантен изглед на црвениот тепих на настанот во Лос Анџелес во неделата вечерта.
Кристина ја премина црвената линија на вкус со огромните раменици, па дури и широк превез врз нив, Кеша изгледаше како тукушто излезена од бањата, а Шанија Твен се бореше со фризурата во форма на бонбони.
Кристина (38), вљубеник во Галадрел, во бел фустан со масивни еполети и предолги ракави, со неколку реда бисерни ѓердани и бисерни топчиња меѓу прстите.
Нејзината платинесто руса коса слободно виреше од капата споена со фустанот, а што се однесува до мејкапот, имаше кармин и виолетова нијанса на шминката за очи.
Диви, откачени и најлошите облечени! Кристина Агилера, Кеша и Шанија Твен на црвениот тепих на Американските музички награди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Втор концерт на Калиопи на 6 декември во „Македонска филхармонија“

Првиот концерт на Калиопи кој е закажан на 14 ноември во „Македонска филхармонија“ е пред распродавање, а поради големиот интерес од страна на публиката, Прагма продукција отвори и нов датум и тоа на 6 декември во „Македонска филхармонија“
Ексклузивен акустичен концерт на Калиопи “100% LIVE“ во Скопје! Публиката ќе има ретка можност да ги слушне нејзините најголеми хитови и евергрини од нејзиниот богат репертоар, преработени во акустични верзии со нов аранжман и автентична звучна естетика. Секоја нота, секој стих, секој молк ќе има своја тежина.
Забава
Герасимовски: За музичките сладокусци на 28 јуни „Центарска симфонија“ под отворено небо со Александар Тарабунов, камерен оркестар и бенд

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски ги поканува сите љубители на културата и музиката на настанот „Центарска симфонија“, што ќе се одржи на 28 јуни 2025 година (сабота), со почеток во 20:00 часот на Плочник – Градски Ѕид кај Клуб на новинари.
„Центарска симфонија е музичко патување низ емоции, спомени и современи интерпретации – во Центар, во срцето на Скопје. Ќе слушаме македонска и светска филмска музика – во ново, моќно симфониско руво и во изведба на камерен оркестар и бенд, со специјален гостин Александар Тарабунов. Со настани како ‘Центарска симфонија’ ја збогатуваме културната понуда на Општина Центар и ја доближуваме уметноста до секој граѓанин. Горди сме што инвестираме во култура која ги поврзува генерациите и ја разубавува заедничката слика за животот во Центар“, вели Герасимовски.
Влезот е слободен.
Забава
Ако имате среќа вашиот партнер да биде во еден знак, тогаш сите ваши желби ќе бидат исполнети

Ако имате среќа вашиот партнер да биде во овој знак, тогаш сите ваши желби ќе бидат исполнети.
Станува збор за мажот Овен.
За личноста за која се грижи, тој е подготвен на сè, не ги бира средствата со кои ќе го постигне тоа и не го интересира што мисли некој.
Неговите напори обично вродуваат со плод, бидејќи е упорен и духовит. Не се двоуми да заѕвони на вратата среде ноќ и да се фрли околу вратот на саканата личност.
Мажот Овен ќе ја следи својата партнерка на секој чекор и ќе чека момент да ја изненади.
Мажите родени под знакот на Овен се генерално многу темпераментни.
Колку и да се трудат, не можат да го сокријат својот темперамент, бидејќи тоа едноставно би претставувало бегство од суштината на нивното битие.
Сакаат да владеат, да бидат доминантни, но се навистина добри души и секогаш се фер. Можат да бидат слаби на женските солзи.
Никогаш нема да најдете партнер толку страсен како Овен, ниту пак ќе најдете некој со таков авантуристички дух, подготвен да се впушти во непознати води. Едно предупредување до идните партнери Овен:
Овенот е маж на кој му е потребен некој што ќе одговара на неговиот романтичен ентузијазам или ќе му стане здодевно.
Мажот Овен има единствена способност да ја надмине тагата побрзо од другите знаци и способност да продолжи понатаму по неуспешна врска.