Соопштенија
(Видео) Костадинов: Мицкоски лаже дека магистрирал и докторирал во Италија и Германија

Не престанува лажењето на Христијан Мицкоски, извртувањето на вистината и немањето конкретен став за која било тема. Христијан Мицкоски, кој дипломирал, магистрирал и доктрорирал на Машинскиот факултет во Скопје, а потоа му станал и асистент на својот татко, вели дека магистрирал и докторирал во Италија и Германија како стипендист на двете пријателски земји. Го повикуваме јавно Мицкоски да каже каде дипломирал, магистрирал и докторирал и да објасни под кои услови и со кое знаење, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Тој рече дека на средбата со бугарскиот премиер, Бојко Борисов, Мицкоски му рекол дека бил стипендист на италијанската влада и дека таму ја поминал магистратурата, а докторатот во Германија како стипендист на германската влада.
„Иако изјавата е половина на бугарски половина на македонски, повеќе од јасно е дека го гледа во очи премиерот Борисов и го лаже“, рече Костадинов.
Да го потсетиме Мицкоски, рече тој, дека во ниеден дел од неговата биографија нема наведено кога, каде и како чиј стипендист бил на студиски престој.
„Со исклучок на штурите информации дека работел на некакви заеднички студентски проекти, нема никаков друг податок. Го прашуваме повторно Мицкоски каде и под кои услови дипломирал, магистрирал и докторирал“, рече Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Битиќи: Социјалдемократската идеја не дели по етникум, знаме или партиска книшка
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, денес се обрати пред жителите на Житоше, изразувајќи ја својата поддршка за кандидатот за градоначалник на Долнени, Исуф Синани. Битиќи испрати пораки за единство, чесност и вистинска грижа за граѓаните, без разлика на етничка или партиска припадност.
„Ја дадовме поддршката за Исуф Синани, не затоа што е ‘наш’, туку затоа што е на страната на јавниот интерес, на чесноста. Човек што слуша пред да зборува, што гради мостови пред да бара изговори. Со него, успехот ќе се мери со решени проблеми, а не со аплаузи, со фер однос кон секое село, независно дали е големо или мало, дали во него живеат Македонци, Албанци, Турци или Бошњаци,“ порача Битиќи.
Битиќи ја нагласи важноста на основните услови за достоинствен живот, особено во руралните средини како Житоше:
„Знам дека овде се живее од земјата, од нивите, од тутунот, од трудот на семејството. Кога има вода за наводнување, пат до нивата, правичен откуп и навремена исплата, тогаш има достоинство. Тоа е мерката за квалитетен живот. И тоа е општина што не прашува ‘чиј си’, туку ‘кој ти е проблемот кој треба да го решиме?’“ потенцираше Битиќи.
Тој потсети дека социјалдемократската идеја не дели по етникум, знаме или партиска книшка, туку таа спојува околу три столба: чесност, одговорност и еднакви можности.
„Сè друго е евтин маркетинг што крие неспособност и корупција, и тоа на овие избори, во оваа општина нема да помине,“ порача Битиќи.
„Знам што значи кога дождот ќе престане, а калта ќе остане, и кога со месеци чекате прегорена улична светилка да се промени. Тоа мора да се смени. На Долнени му треба градоначалник што ќе служи на заедницата, независно од тоа кој и каков е, што ќе ја отвора општината кон секое домаќинство, што ќе ги решава проблемите, а таков градоначалник може да биде Исуф Синани,“ рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.
Соопштенија
Мицевски: Сопиште ќе добие нов резервоар за вода

Јане Мицевски, кандидат за градоначалник за општина Сопиште од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и истакна дека заедно со неговиот тим, програмата со проекти за општина Сопиште е веќе подготвена, и дека инфраструктурата, спортот, образованието и безбедноста ќе бидат области на кои активно ќе се работи како и решавањето на проблемот за ненавремениот автобуски превоз.
„Резултатите се неминовни кога се работи за структури предводени од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Заедно со мојот тим, заедно со веќе отпочнатиот тек на проекти во изминатиот мандат, како и заедно со експерти, но и со вас граѓаните подготвивме програма со проекти кои се складни за општина Сопиште да се издигне на едно повисоко ниво. Инфраструктура, спорт, образование, безбедност, транспорт, , култура, се областите каде што активно ќе работиме. Решавање со ненавремениот автобуски превоз, ставање во ред, да не мораат граѓаните да бидат исплашени дали ќе стигнат на работа или не“, рече Мицевски.
Мицевски исто така наброи дел од проектите на изборната програма.
„Настрана од основните потреби, ние ќе реализираме и сериозни проекти. Изградба на нов резервоар за вода тука во населено место Сопиште, доизградба и комплетирање на фекалната канализација во населено место Ракотинци, изградба на првата фаза фекална канализација вклучувајќи и пречестителна станица во населено место Добри Дол, целосна реконструкција на спортскиот терен во населено место Долно Соње, реконструкција на ул.1 во населено место Света Петка, изградба на нови простории во подрачното училиште во Држилово како и изградба на комплетно нов спортски терен, реконструкција на мостот што ги поврзува Долно Соње со Чифлик, реконструкција на ул.1 во населено место нова Брезница, нови детски катчиња , нов парк во населено место Сопиште се само дел од проектите кои се обврзуваме да ги реализираме наредните четири години“, истакна Мицевски.
На крај Мицевски истакна дека крупните проекти кои не се во рамките на општинскиот буџет ќе бидат поддржани од Владата и истите ќе бидат реализирани.
„Јас не можам, а да не ја споменам и поддршката која ни следи безрезервно од Претседателот на Владата, проф. Д-р Христијан Мицкоски. Крупните и сериозни проекти кои не се во рамките на општинскиот буџет ќе бидат поддржани од Владата и полека, но сигурно ќе се реализираат за да се решат децениски проекти. Сопиште може и мора да стане ултрамодерна општина која ќе нуди исклучително добри услови за живот“, рече Мицевски.
Соопштенија
Почнува проектот од 40 милиони евра за изградба на кампусот на универзитетот „Мајка Тереза“

Почнува проектот од 40 милиони евра за изградба на кампусот на универзитетот „Мајка Тереза“, најави кандидатот за градоначалник на општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити.
„Вчера Министерството за транспорт ја издаде дозволата за подготвителните работи за Универзитетот “Маjка Тереза“, што значи дека од вчера започнува реализацијата на проектот“, истакна Меџити.
Тој додаде дека сите образовни проекти за новите објекти се предвидени во Деталниот урбанистички план и поседуваат градежна дозвола, а за нив е обезбеден и сигурен финансиски план.