Забава
Жители на еден калифорниски град живеат 10 години повеќе од просекот во САД
Калифорнискиот град Лома Линда (на шпански – убав град) се наоѓа во долината Сан Бернардино и е сместен меѓу планински врвови. Градот е познат како епицентар на здравјето со повеќе од 900 лекари во кампусот на Универзитетот „Лома Линда“ и Медицинскиот центар.
Но, ова не е единствената работа што го издвојува Лома Линда. Имено, градот е една од петте изворни сини зони – региони во светот каде што луѓето живеат најдолго и најздраво. Жителите на овој град и неговата околина живеат осум до 10 години подолго од просечниот Американец, пишува Си-ен-ен, а пренесува „Индекс“.
Експертите веруваат дека луѓето во овој град живеат толку долго затоа што има најголема концентрација на адвентисти во светот.
Адвентистите од седмиот ден се реформирана црква, чии најистакнати верувања се: верба во второто Христово доаѓање и почитувањето на саботата како свет ден. Религијата пропагира здрав начин на живеење и тоа го вцврстува во своите темелни вредности, што сигурно придонесува за долговечноста на нејзините следбеници.
„Што се однесува до мене, стресот си го создаваме ние самите“, изјави лекарот Елсворт Верхам во 2015 година кога коментира за сините зони. Верхам тогаш имаше 100 години и сè уште си го косеше својот двор.
Многу здравствени работници ги наведуваат следниве причини како детерминанти поради кои адвентистите во Лома Линда имаат толку долг животен век: голем процент од адвентистите се вегетаријанци, вегани или освен зеленчук, од месо јадат само само риба, не пушат и не пијат многу малку алкохолни пијалаци.
Покрај тоа, адвентистите од овој калифорниски грaд редовно вежбаат во природно опкружување и честопати волонтираат, што им дава чувство дека животот има смисла и дека тие активно придонесуваат за заедницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

