Забава
Зошто Ана Винтур игра толку важна улога во модната индустрија
Кога станува збор за титаните во модната индустрија, малкумина може да побудат почит и озлогласеност до степен на Ана Винтур. Уредничката на американксиот „Вог“ прераснува во фикција, дури и лик за пародија во филм, а веќе долго време го носи статусот икона.
Во чест на 70-тиот роденден на Винтур светските медиуми ги разгледуваа некои од најголемите достигнувања на уредничката и испитуваа како таа стана највлијателната и илустративна фигура во модната индустрија.

Ана Винтур е родена 1949 година во Лондон и потекнува од семејство на новинари. Таа е најстарата ќерка на починатиот Чарлс Винтур, кој беше уредник на Evening Standard во 60-тите и нашироко се смета за еден од најпознатите британски новинари во тоа време. Помладиот брат на Винтур, Патрик, исто така е новинар и во моментот работи како дипломатски уредник во „Гардијан“.
Винтур се запиша на North London Collegiate School во Стенмор, но се откажа на 16-годишна возраст. Таа потоа се вработи во култниот лондонски моден бутик „Биба“ во 60-тите години пред да заврши програма за обука во „Хародс“ и да добие постојана работа како помошник-уредник во списанието Harper’s & Queen, сега Harper’s Bazaar. Во 1975 година Винтур стана помлад моден уредник во Harper’s Bazaar во САД, каде што престојуваше неколку години.
По кусиот статус на моден уредник во списанието New York Magazine, Винтур беше печена за улогата креативен директор на American Vogue. Таа се врати во Велика Британија во 1985 и стана главен уредник на британскиот „Вог“. Нејзината храброст, претераната ароганција и неможноста да трпи неталентирани придонесе да го добие прекарот нуклеарна Винтур. Винтур се врати во Њујорк по две години, а по кусиот ангажман во House & Garden, беше именувана за уредник на American Vogue наследувајќи ја Грејс Мирабела.
Винтур е заслужна за револуција во модната индустрија уште од нејзиното прво издание во „Вог“. Секојдневната комбинација на фармерки „гес“ со џемпер од Кристијан Лакроа – во која беше облечена манекенката на насловната страница, израелскиот модел Михаела Берку – стана впечатлива и нешто сосема ново во индустријата во време кога гламурозните вечерни фустани беа норма во киосците за весници.

Многу е ценета и за пионерскиот потег кога донесе ликови надвор од светот на модата на страниците на списанието, на чии насловни страници во минатото беа исклучиво славни личности, политичари и спортисти. Во тоа време насловните на „Вог“ беа резервирани само за славни личности. Овој пресврт во „Вог“ се случи под 31-годишното владеење на Винтур.
Како доверител на њујоршкиот музеј „Метрополитен“, Винтур ја предводи и годишната Мет гала, на која се собираат познати личности од целиот свет за да да го прослават отворањето на годишната изложба на костими во музејот облекувајќи се според однапред најавена тема. Во 2014 година одделот за костими на музејот беше преименуван во Институт за костими „Ана Винтур“, во чест на нејзината работа. Во 2013 година таа беше прогласена и за уметнички директор на издавачката куќа за „Вог“, Condé Nast, а во 2017 година ја доби титулата дама за своите услуги во модата и новинарството.
Дама е почесна титула и женски облик на обраќање со почит во многу христијански витешки редови – во британскиот систем на почести и неколку други земји од Комонвелтот, како Австралија и Нов Зеланд – тоа, всушност, е машка форма на титулата сер.
Винтур стана исто толку позната по својата работа како и со својот беспрекорен изглед, што всушност претставува нејзин потпис, а тој се состои од кафеава боб-фризура, која таа почна да ја носи како тинејџерка, дизајнерски миди фустани, чевли од Маноло Бланик и темни очила за сонце. Нејзиниот изглед е ривал на оној на покојниот Карл Лагерфелд што се однесува до нивните особени индивидуалности.

Кариерата на Винтур не изостана со контроверзии. Во 2003 година, една од нејзините поранешни асистенти, Лорен Вајсбергер, напиша измислена приказна за времето кога работела во „Вог“, „Ѓаволот носи Прада“, кој стана познат филм блокбастер во кој глуми Мерил Стрип како Миранда Присли, кој всушност ја портретира Винтур.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Брејк објави нова песна „Една во милион“
Музичарот Дарко Гелев‑Брејк објави нова песна „Една во милион“.
Новиот сингл доби и видео спот. Ова музичко дело е плод на наши познати лица од музиката.
Музиката е на Никола Перевски Пере од „Нокаут“, аранжманот на Дарко Димитров, текстот е на Игор Џамбазов, а миксот и мастерингот на Дарко Димитров.
Забава
Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини хитови
Бритни Спирс ги продаде правата за целиот свој музички каталог, профитирајќи од наследството што го изгради со хитовите како Baby One More Time и Toxic. Според правните документи, каталогот е продаден на издавачката куќа Primary Wave, и иако износот не е откриен, медиумските извори го опишуваат како историски договор споредлив со продажбата на каталогот на Џастин Бибер за околу 200 милиони евра.
Според документите, 44-годишната пејачка го потпишала договорот на 30 декември. Извори блиски до Спирс велат дека таа е задоволна од одлуката и слави поминувајќи време со своите деца, синовите Шон (18) и Џејден (17), кои ги има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.
Со овој потег, Спирс се придружува на голем број музички ѕвезди кои профитираа од своите каталози во последните години. Меѓу нив се Џастин Бибер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Шакира, Стинг и Фил Колинс.
Каталогот на Бритни Спирс се смета за еден од највредните во модерната поп музика. Нејзината кариера започна во 1999 година со нејзиниот деби албум Baby One More Time, кој се продаде во повеќе од 10 милиони примероци и помина две недели на врвот на табелата Billboard Hot 100.
За време на нејзината кариера, таа постигна 11 синглови број еден, повеќе од 30 песни во топ 10 и издаде девет студиски албуми. Вкупната продажба на нејзините албуми надминува 100 милиони примероци низ целиот свет.
Хитови како „Toxic“, „Oops!… I Did It Again“, „Gimme More“ и „Womanizer“ ѝ донесоа бројни номинации за Греми, МТВ и Билборд награди. Нејзината музика продолжува да генерира огромни приходи од услугите за стриминг, радио емитување, како и употреба во филмови, реклами и на платформи како TikTok.
Забава
(Видео) Најубавата жена на светот е номинирана и за најдобра актерка: Сите зборуваат за нејзиниот стил
Ема Стоун, која ја носи титулата најубава жена на светот, блесна на 98-та гала вечера на номинираните за Оскари. Самиот настан се одржува пред Оскарите и ги собира сите номинирани ѕвезди за таа година во хотелот Беверли Хилтон.
Ема, која беше номинирана за најдобра актерка во филмот „Бугонија“, беше таа што ги привлече сите погледи со необична, но привлечна комбинација. Таа носеше смокинг фустан кој комбинира класичен стил и гламур, и не завршува тука. Црната креација е исто така украсена со доза на сексапил бидејќи има длабоко деколте и мини крој.
Покрај тоа, цветниот детаљ беше забележлив – централниот мотив кој го нагласуваше тоа многу длабоко деколте. За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за отворени потпетици.
Што се однесува до шминката, таа носеше нежни, земјени тонови и едвај забележливи додатоци – ситни обетки.

