Македонија
Почна кампањата „#НемаОправдување – заедно против насилството врз жени и девојчиња“
Со симболично ѕвонење портокалови ѕвончиња, претставници на Владата, Обединетите нации, Делегацијата на Европската Унија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, претставници од амбасадите во земјата, граѓанскиот сектор, активисти и медиуми, вчеравечер заедно го означија почетокот на годинешната кампања „16 дена активизам“, во портокалово осветлениот Парк на жената борец.
На Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените со овој настан почнуваат низата активности на социјалните медиуми, дебати и работилници со слоганот „#НемаОправдување – заедно против насилството врз жени и девојчиња“.
Резидентната координаторка на Обединетите нации, Росана Дуџак, порача дека секоја личност, маж или жена може да придонесе за да се спречи насилството и тоа вообичаено не бара големи акции.
„Може да се почне со подготвеност да се препознае тоа што се случува. Ако се види нешто, да се направи нешто. Да им се даде глас на тие што обично од срам молчат. Заедно можеме да ставиме крај на молчењето. Заедно може да се бориме против насилството врз жени и девојчиња. Зашто, едноставно, за насилството нема оправдување“, рече таа.
Цел на кампањата што ќе трае до 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, е да поттикне дискусија, споделување и активно вклучување во борбата против насилството врз жените и девојчињата.
Кампањата се надоврзува на годинешната глобална тема: „Обојте го светот во портокалово: Генерацијата еднаквост зазема став против силувањето“. Портокаловата боја, која веќе со години се користи во рамките на оваа кампања, е избрана како симбол за посветла иднина и за свет ослободен од насилство врз жени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

