Свет
Шведскиот суд застана на страната на Украина против „Газпром“
Апелацискиот суд на Шведска ја отфрли жалбата на „Газпром“ што руската компанија ја поднесе на одлуката на судот во Стокхолм во спорот со украински „Нафтогас“ за испораките на гас во Украина, пренесува „Спутник“.
„Апелацискиот суд денеска ја соопшти одлуката по жалбата во арбитражниот спор меѓу руската и украинската компанија. Тој суд го одби барањето на руската компанија. Се очекува дека одлуките во уште два случаја меѓу тие две страни да бидат донесени во 2020 година“, се наведува во сооопштението.
„Во арбитражната постапка што се однесува на спогодбата за испорака на гас имаше, меѓу другото, побарување за исплати и поништување или замена на одредени договорни одредби. Апелацискиот суд не донесе одлука во корист на ‘Газпром’ по тие прашања. Во текот на постапката во Апелацискиот суд, ’Газпром‘ инсистира да се укинат две точки во посебна одлука“, се наведува во објаснувањето на судот.
Руската компанија тврдеше дека арбитражниот суд направил многубројни грешки врз основа на кои одлуката треба да се поништи. „Нафтогас“ инсистира да се одбијат барањата на „Газпром“ зашто арбитражниот суд не направил никакви грешки. Истакнато е дека нема можност за жалба на одлуката на Апелацискиот суд.
Судските постапки на „Газпром“ и „Нафтогас“ поради договорот за транзит и испорака на гас во Украина траат од 2014 година. Во февруари 2018 година стокхолмскиот суд ѝ наложи на руската компанија да ѝ исплати на украинската страна околу 2,56 милијарди долари за компензација зашто не ги испорачала договорените количества гас за транзит преку Украина.
Летото 2018 година „Нафтогас“ почна процес на принудно враќање на таа сума преку заплена на активата на рускиот холдинг во Швајцарија, Велика Британија и во Холандија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

