Контакт

Регион

Каракачанов: Русија е присутна на Балканот веќе 300 години, но не е единствена

Објавено пред

И другите земји имаат свои интереси на Балканот, не само Русија, изјави бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, за Бугарската национална телевизија.

dobivaj vesti na viber

Каракачанов ја коментираше забелешката на водителката дека Бугарија и САД излегле со заедничка изјава во борбата против, како што рекоа, злонамерното влијание, алудирајќи на руското влијание.

„А зошто го доживувате тоа само како руско влијание на Балканот? Знаете дека Балканот е регион во кој се судираат интересите на многу земји. Од една страна, Русија го смета Балканот за традиционално поле на сопствените интереси веќе 200-300 години, но покрај руското влијание, знаете и за другите обиди да се влијае на Балканот“, посочи тој.

Според Каракачанов, еден од инструментите на влијание врз другите земји е религијата.

„Не зборуваме само за соседните земји, туку и за подалечните кои сметаат дека религијата, а во конкретниот случај исламот, е политички инструмент на Балканот. И сами гледате дека стотина муџахедини, припадници на Исламска држава, се враќаат во поедини земји на Балканот. Зарем тие не се под влијание на други земји? Зарем тие не претставуваат фактор на дестабилизација на Балканот?“, истакна тој.

Каракачанов додаде дека координацискиот центар во Варна за кој разговараа бугарскиот премиер Бојко Борисов и претседателот на САД, Доналд Трамп, не треба да се смета за воена база. Тој посочи дека уште во 2014 година се зборувало за формирање таков логистички центар на Балканот.

„Координацискиот центар не претставува воена база како што тврдат некои што се обидуваат да ја заплашат јавноста. Тоа беше прашање на престиж – која НАТО-држава во црноморскиот регион ќе биде избрана за формирање таков центар: Романија, Бугарија или Турција“, објасни Каракачанов.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Ердоган: Турција ќе обезбеди безбедност надвор од нејзините јужни граници од 2025 година

Објавено пред

Турција ќе обезбеди безбедност надвор од нејзините јужни граници и ќе ги елиминира терористичките закани кои доаѓаат од тие региони почнувајќи од 2025 година, изјави денеска претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган.

dobivaj vesti na viber

„Почнувајќи од 2025 година, ќе обезбедиме безбедност надвор од нашите јужни граници, особено во однос на прашањето за тероризмот и ќе ги елиминираме заканите кои доаѓаат од тие региони“, рече тој на конгресот на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АК Партија) во провинција Баликесир.

Говорејќи за падот на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, Ердоган рече дека Турција „ги поддржа братските врски“, им помагаше на оние на кои им е потребна и уште еднаш излезе победник, јавува агенцијата „Анадолија“.

„Тестот на хуманоста го положивме со високи оценки“, заклучи Ердоган.

Од падот на режимот на Асад, Турција изврши неколку напади врз курдските милитанти во Сирија, вклучително и членовите на Народните одбранбени единици (ЈПГ), кои ги смета за продолжување на Курдистанската работничка партија (ПКК).

ПКК, која Турција, Европската унија и САД ја прогласија за терористичка организација, започна вооружен бунт против турската држава во 1984 година, а во тој конфликт досега се убиени 40.000 луѓе.

Анкара неодамна инсистираше на тоа дека ЈПГ мора да се распушти, тврдејќи дека нема место за групата во иднината на Сирија.

Анкара рутински извршува прекугранични воздушни напади и воени операции насочени кон ПКК, а операциите што ги спроведува денес се дел од тековните судири меѓу фракциите поддржани од Турција во Сирија и ЈПГ, според Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Автомобил ја проби блокадата во Белград, удри студент и го носеше на хауба

Објавено пред

Студенти на Економскиот факултет во Белград соопштија дека денеска за време на нивната акција на улицата Караѓорѓева возило ја пробило блокадата, удрило во студентот и го носело на хаубата.

dobivaj vesti na viber

По тој инцидент, соопштија, жената која го управувала автомобилот побегнала, а повредениот студент е пренесен во болница, пренесува Нова.рс.

„Студентот во моментов е во Ургентниот центар по интервенција на Брза помош. Нападот бил пријавен во полиција, која како сведоци повикала професор на Економскиот факултет и лице од студентската служба. Сведоците дадоа исказ во полициска станица“, велат студентите.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Вучиќ: Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалните мрежи објави видео со порака:

dobivaj vesti na viber

„Јас живеам за Србија. Дали ме сакаат или не, резултатите кажуваат сè“, вели тој.


„Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја. Србија реално ги има највисоките плати во својата историја. Србија реално ги има највисоките пензии во својата историја. Србија ја изгради својата патна и железничка инфраструктура како никогаш досега во својата историја. Дали е сето тоа точно, Србија ја изгради својата научна и технолошка инфраструктура, Србија никогаш во својата историја не давала толку пари како што дава денеска за земјоделството. И тоа е наследство од мојата политика, му се допаѓало тоа некому или не. Тоа се резултатите, сакале вие тоа да го признаете или не“, вели Вучиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Деспотовски остана без пасош

Кривичниот суд го прифати барањето на скопското обвинителство за одземање на пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ и член на...

Топ9 часа

Грозоморни детали за случајот со дрвокрадците во Велес: со нож ги повредиле полицајците, се води постапка

Убоди од нож, закани со моторна пила под вратот – вистински ужас претрпеле тројцата припадници на шумската полиција во Велес,...

Македонија12 часа

„Воздухот ни е отров, власта ни е глува“ – скопјани излегоа на протест против загадувањето

Со пароли „Воздухот ни е отров, власта ни е глува“, „Партиска книшка штити од загадување???“ и повици за чист воздух,...

Свет13 часа

(Видео) Руската воздушна одбрана беше активна кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обиде да слета, рече Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана биле активни кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обидел...

Македонија18 часа

Одземен пасошот на Рамиз Мерко – против струшкиот градоначалник ќе се водат 9 судски постапки, му се заканува затвор

Ново обвинение е покренато против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, а одземен му е и пасошот. Струшкиот суд го прифати предлогот...

Македонија20 часа

Разрешена Миликије Халими – директорката на „Аеродроми“ чиешто образование лани предизвика лавина реакции

Миликије Халими е разрешена од директорската функција на „Аеродроми“, а за нов директор е именуван Игор Трајановски. Таа во минатото...

Свет20 часа

Зеленски: Севернокорејците преземаат екстремни мерки за да избегнат заробување

Севернокорејските војници распоредени во рускиот регион Курск претрпуваат големи загуби и руските сили не ги штитат, изјави украинскиот претседател Володимир...

Свет20 часа

Азербејџанскиот министер: Moжно е оружје да ја предизвикало авионската несреќа

Владата на Азербејџан јавно соопшти дека оружјето е можна причина за падот на патничкиот авион што се урна во близина...

Македонија1 ден

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

Во врска со денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на можноста за определување мерки за...

Македонија1 ден

ОЈО отвори предмет, ќе истражува кој го следел премиерот Мицкоски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на...

Македонија2 дена

Мицкоски: Доколку има девијантно однесување од трговците, ќе бидат преземени мерки, повеќето ги враќаат цените

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за...

Македонија2 дена

Цвета Ристовска од антикорупциската комисија да поднесе оставка – СДСМ обвинува за судир на интереси за дипломата на Христовски

Опозициската СДСМ бара оставка од членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поради судир на интереси по,...

Македонија2 дена

„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши во врска со статусот на албанскиот јазик: Тој ќе остане срам за нашиот народ и за историјата

„Европскиот фронт“ изразува револт и огорченост поради, како што велат, срамните и неодговорни изјави на претседателот на Собранието, Африм Гаши,...

Македонија2 дена

Дијабетичарите незадоволни: Буџетот не може да ги покрие потребите од инсулин, бараме вклучување во дефинирање на тендерот

Сојузот на здруженијата на лицата со дијабетес на Северна Македонија (СЗДСМ), во името на 23 локални организации на лица со...

Македонија2 дена

Утре протест за чист воздух – повеќе од 3.800 луѓе годишно во Македонија ги губат своите животи

Утре, сабота, почнува протестнинот марш „За чист воздух“, кој од Министерство за животна средина и просторно планирање ќе продолжи преку...

Македонија2 дена

„Вреди“ за рокот од шест месеци за уставните измени: Не ги забораваме обврските, но решението не може да биде еднострано

Со оглед на шпекулациите и различните толкувања околу нашата позиција за рокот од шест месеци за уставните измени како чекор...

Свет2 дена

Медведев: Директен конфликт меѓу Русија и САД ќе доведе до светска нуклеарна војна

Доколку се случи директен конфликт меѓу Русија и САД, ќе ескалира во светска нуклеарна војна, смета заменик-претседателот на рускиот Совет...

Свет2 дена

(Видео) Украинците испратија десетици роботи во напад

Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези...

Свет2 дена

Зеленски: На Украина ѝ треба повеќе оружје и силна позиција за дипломатија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека САД ја зголемуваат испораката на оружје за Киев. „Многу е важно што САД...

Свет2 дена

Путин: Словачка би можела да биде домаќин на мировни преговори со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е отворена за словачкиот предлог да биде домаќин на мировните преговори со Украина...