Македонија
(Видео) Анастасов: Од блокирана општина, Пробиштип сега реализира проекти во инфраструктурата
																								
												
												
											„Пред 2 години ја затекнав Општина Пробиштип со долг од 2 реална буџети и досега вративме 80 милиони денари, а поради огромниот долг, реализиравме многу проекти по пат на донации“, истакна на трибината со мото „На прав пат“ градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов, кој додаде дека исплатен е долгот од 55 илјади евра за пожарникарите, а в година ќе се набави нова опрема за противпожарната станица.
Тој најави дека со изградба на клучката до експресниот пат набргу од Пробиштип до Скопје ќе се патува за 45-50 минути. Анастасов соопшти дека во изминатите две години се реконструирани низа улици во Пробиштип, но и во општината.
„Со изградба на пет занимални во градинката во центарот на Пробиштип целосно ќе го решиме прашањето со згрижување на предучилишните деца во градинка, а веќе во градинка е преадаптиран дел од ОУ ‘Никола Карев’, во населбата Калниште, за да може таму да се згрижат децата“, рече Анастасов.
Со донација од 600 илјади евра од Владата и уште толку од Словенија, Пробиштип повеќе нема проблем со водоснабдувањето и обезбеди техничка вода за претпријатијата, рече Анастасов, додавајќи дека во тек е реконструкција на киносалата, односно културниот дом.
„Крилото на Здравствениот дом ‘Нада Михајлова’, кое не е во функција, го адаптираме во државен дом за стари лица, со мала партиципација за сите граѓани на државата“, истакна Анастасов најавувајќи дека во Здравствениот дом ‘Нада Михајлова“ ќе се смени системот на греење и ќе биде прва јавна институција со греење на гас.
Од проектите за заштита на животната средина, Анастасов го најави рекултивирањето на старата јаловишна депонија, на која ќе се изградат фотоволтаични системи и Пробиштип ќе биде прв град кој најголемото жариште за болести ќе го претвори во можност за приход.
„За заштита на животната средина, Општината субвенционира 100 семејства за клима-уреди, но и врши контрола на сите претпријатија и на рудникот колку загадуваат“, истакна Анастасов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.
Македонија
Димитриевски на првиот работен ден во новиот мандат: Најавувам над 30 инфраструктурни проекти во наредниот период
														Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, на првиот работен ден од неговиот трет мандат изврши увид на повеќе теренски активности при што најави над 30 инфораструктурни проекти во периодот што следи.
„Почитувани сограѓани, прв работен ден по изборот, овде сме во населба Зелен рид, на улица Васко Карангелески. Улица којашто носи име на еден наш великан, вистински патриот. Сакам од овде да најавам дека во следниот период започнува реализација на повеќе од 30 инфраструктурни проекти во различни делови на градот, со акцент на централното градско подрачје, големите урбани населби и урбано-руралниот дел во градот.
Продолжуваме заедно, ви благодарам на довербата. Куманово заслужува континуитет, вчера тоа го доби, го потврди. А моја обврска е да продолжиме заедно да го градиме Куманово”, истакна Димитриевски .
Македонија
(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори
														Државната изборна комисија попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори.
Гласањето како што информираше претседателот на ДИК, Борис Кондарко, било спроведено во 32 општини и во градот Скопје, со вкупно 1.013.357 избирачи.
„Бројот на избирачки места беше 1.777, сите избирачки места се обработени со оригинални записници, вкупниот број на избирачи кои гласале е 424.923 лица, вкупниот процент на избирачи кои гласале е 41,93 отсто“.
Вкупниот број на важечки гласачки ливчиња, како што кажа Кондарко е 404.464 гласачки ливчиња а 23.930 се неважечки.
Во десетте скопски општини гласале вкупно 474.304 избирачи, а на територијата на градот 167.575. Од нив, како што посочи претседателот на ДИК, 157.047 гласачки ливчиња биле важечки, а 10.528 неважечки.
За кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, гласале 95.572 лица или 57,03 отсто, додека за кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, гласале 61.475 или 36,69 отсто од гласачите.
Кондарко посочи дека од денеска од 16:30 часот течат роковите за евентуални приговори на првичните официјални резултати. Приговорите може да се поднесат директно до ДИК во рок од 48 часа, поднесување на приговори по електронска пошта не е дозволено.
Ако до среда до истекот на рокот, не бидат поднесени приговори, за местата каде нема приговори ДИК ќе ги објави конечните резултати во четврток. Доколку има приговори, Комисијата има рок од 72 часа за одлучување, а потоа следи 24-часовен рок за поднесување тужби до Управниот суд. Управниот суд има рок од 48 часа за одлучување, што значи дека конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до понеделник или вторник.

