Свет
Захарова: САД во Боливија го повторуваат сценарио од украински „Мајдан“

Политичката ситуација во Боливија, по заминувањето од власт на претседателот Ево Моралес, личи на украински „Мајдан“ од 2004 година, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, пренесува „Спутник“.
Таа потсети дека од претседателските избори во Боливија помина повеќе од еден месец.
„Меѓутоа, Организацијата на американските држави сè уште нема конечен заклучок за резултатите од ревизијата на изборниот процес. Значи, одлуката за отстранување на претседателскиот кандидат е усвоена, но никој не знае врз основа на што“, напиша Захарова на „Фејсбук“.
Според податоците од латиноамериканскиот Стратешки центар, извештајот за изборниот процес на шефот на Организацијата на американските држави, Луис Алмагро, не содржи ниеден доказ кој би потврдил неправилности во текот на претседателските избори во Боливија.
„Се покажа дека е тоа обичен латиноамерикански ‘Мајдан’ како оној во Украина од 2004 година кога Западот не ги призна резултатите од гласањето во вториот круг на претседателските избори. Разликата е во тоа што Виктор Јанукович, кој победи на изборите, не ја напушти Украина, туку ги прифати условите на игра во форма на трет круг за време на кој Западот го наметна неговиот ривал Виктор Јушченко“, напиша Захарова.
Таа исто така забележа дека веќе во првите денови на новата функција вршителката на должност претседател на Боливија, Жанин Ањез, најави намера да воспостави дипломатски односи со САД и да испрати амбасадор во Вашингтон.
„Сето тоа се случува надвор од овластувањата на преодната влада и паралелно со протерувањето на целиот дипломатски персонал од Амбасадата на Венецуела, прогласувањето на венецуелсиот опозиционер Хуан Гваидо за привремен претседател на Венецуела, повикувањето на неговите диплмати во Ла Паз, повлекувањето од Боливарскиот сојуз на народите на „Наша Америка“ и почетокот на постапката за повлекување од Сојузот на јужноамериканските нации“, вели Захарова.
Таа истакна дека Моралес ги предвидел сите овие настани кога уште пред 10 години го прогласи амбасадорот на САД, Филип Голдберг, за персона нон грата и притоа го обвини за заговор против неговата администрација. Меѓутоа, тоа не ја спаси Боливија од мешањето на Вашингтон и реализацијата на разработеното сценарио.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Оштетен дрон пронајден на 40 км од границата на Полска со Белорусија

Локалната полиција потврди дека оштетен дрон за кој се верува дека учествувал во ноќен напад е откриен во селото Чосновка во источна Полска.
Чосновка се наоѓа на околу 40 км од границата на Полска со Белорусија.
Полската влада ги предупреди сите што ќе го пронајдат соборениот дрон да не му се приближуваат, велејќи дека „таквите предмети можат да останат опасни и мора да бидат проверени од експерти“.
Свет
ЕУ го осуди израелскиот напад врз Катар

Израелските воздушни напади врз лидерите на Хамас во Доха се кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет на Катар, соопшти вчера вечер Европската Унија, предупредувајќи на ризиците од понатамошна ескалација на насилството во регионот.
„Изразуваме целосна солидарност со властите и народот на Катар, стратешки партнер на Европската Унија“, изјави портпаролот на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, на Икс.
„Секоја ескалација на војната во Газа мора да се избегне – тоа не е во ничиј интерес. Ќе продолжиме да ги поддржуваме сите напори што водат до прекин на огнот во Газа.“
Катар, кој дејствуваше како посредник заедно со Египет во разговорите за посредување за прекин на огнот во речиси двегодишната војна во Газа, го осуди нападот како „кукавички“ и го нарече флагрантно кршење на меѓународното право.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нападот во Доха бил „целосно оправдан“ и дека бил нареден по нападот во Ерусалим во понеделникот и загинувањето на четворица израелски војници во Газа.
фото: принтскрин
Свет
Аналена Бербок ја презеде функцијата претседател на Генералното собрание на ОН

Поранешната германска министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, официјално ја презеде функцијата претседател на Генералното собрание на Обединетите нации во вторникот.
Таа положи заклетва во Обединетите нации во Њујорк.
Бербок (44) ја презеде функцијата од својот претходник, Филемон Јанг, поранешен премиер на Камерун, на почетокот на 80-тата сесија на Генералното собрание во Њујорк.
„Се радувам на соработката со вашиот наследник, новоизбраниот претседател Бербок, додека продолжуваме да бараме глобални решенија за глобалните проблеми“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Избрана и покрај руското противење
Бербок беше избрана на функцијата во јуни со огромно мнозинство, и покрај руското противење на нејзината кандидатура.
Политичарката од Зелената партија, која беше министерка за надворешни работи на Германија до мај, е само петтата жена што ја извршува оваа функција.
Позицијата е во голема мера церемонијална по природа и не треба да се меша со улогата на генералниот секретар на ОН.
Како претседател, Бербок ќе претседава со седниците на Генералното собрание и ќе помага во утврдувањето на дневниот ред и деловникот за состаноците.
фото: принтскрин