Соопштенија
(Видео) Стоилковски: Милиони евра се исплаќани преку СЈО за купување поддршка за Заев

Обвинителите, истражителите и сите службени лица кои биле дел од злосторничкото здружување на Катица Јанева, мора да бидат суспендирани се до завршување на истрагата за аферата „Кеш“ со чие излегување во јавноста видовме дека преку СЈО биле проневерени милиони евра пари од граѓаните, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Само на овој начин, додаде тој, јавноста ќе има гаранција дека соработниците на Кaтица Јанева и на Зоран Заев нема да влијаат и да ја попречуваат истрагата за тоа каде и како завршија над 10 милиони евра.
Тој вели дека преку СЈО биле исплаќани милиони евра за купување на политичка поддршка на Зоран Заев
„СЈО на вработените и на физичките лица за хонорари и по други основи исплатиле над 10 милиони евра, пари од Буџетот на Република Македонија. Анализата на трошењето на СЈО, покажува дека доминираат исплатите од ставката договорни услуги, односно 87% од вкупните расходи на СЈО се по таа ставка, договорни услуги. Анализата покажува дека се оправдани сомненијата дека милиони евра се исплаќани преку СЈО за купување на политичка поддршка на Зоран Заев, особено во моментите кога таа највеќе му требала, а тоа е за време на изборните процеси во Република Македонија“, рече Стоилковски.
Тој рече дека анализата на исплатите по основ на договорни услуги, покажувале дека тие нагло се зголемувале помеѓу третиот и четвртиот квартал од 2016 година и дека изборите се одржаа на 11 декември 2016 година. Оваа динамика, додаде тој, на зголемени исплати трае се до третиот квартал од 2017 година, а знаеме дека кога на 29-ти октомври 2017 година беше одржан вториот круг од локалните избори.
„Компаративна анализа на исплатите на физичките лица за третиот квартал од 2016, 2017, 2018 и 2019 година, по основ на договорни услуги од страна на СЈО, оваа компаративна анализа покажува дека истите тие исплати својот врв, својот пик, го доживуваат токму на 30-ти септември 2018 година. Тоа е месецот кога беше спроведен неуспешниот референдум за капитулантскиот договор од Преспа. И повторно, еве го прашањето има ли поврзаност меѓу овој скок на наплатите во период на референдумот“, праша Стоилковски.
Тој кажа дека има нагла исплата и во четвртиот квартал од 2018 година, односно во периодот кога биле отворени уставните измени како и во во вториот квартал од 2019 година кога се одржале претседателските избори.
„Премногу коинциденции не се коинциденции. Ваквите 4 компаративни анализи покажуваат поврзаност со растот на висината на исплатите на договорните услуги кон физички лица, веќе познати на јавноста, со изборните/референдумските, но и другите исклучителни настани во Република Македонија, како што беа уставните измени. Ваквите показатели даваат за огромен простор за огромен сомнеж дека со парите и исплатите од СЈО не само што се вршел притисок врз опозицијата, туку и можеби директно се плаќала поддршката за власта во изборен процес“, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ЗНАМ ја промовира програмата за култура, уметност и традиција за Куманово

Куманово отсекогаш било град на културата, талентите и уметноста. Град во кој се спојуваат традицијата и современоста, старото и новото, автентичното и модерното. Општината ќе продолжи да биде чувар и поддржувач на културниот идентитет, место каде што уметноста се негува, а традицијата се почитува, рече денеска на презентацијата на програмата на Движењето ЗНАМ за Куманово за овие локалкни избори, кандидатката за советник Јелена Пауновиќ.
„Во изминатите години активно вложувавме во културата – реконструкција на објекти од историско значење, поддршка на фестивали, манифестации и културно-уметнички друштва. Организиравме настани што го збогатија културниот живот, но и го афирмираа Куманово како културен центар на североисточниот регион“, рече Пауновиќ.
Таа кажа дека во програмата ЗНАМ предвидува уште повеќе промотивни активности.
Дел од нив се зголемување на буџетот за културни програми со цел побогата и подостапна понуда за граѓаните, целосно финансирање на традиционални настани кои се дел од културниот идентитет на Куманово, идентификување на најуспешните културни манифестации и нивно издигнување на повисоко ниво – регионални и меѓународни фестивали, заштита и ревитализација на културното наследство – објекти, локалитети и симболи на градот, формирање културен центар или изложбена поставка за историјата и развојот на Куманово, изработка на туристички водич за култура и историја на Куманово, со цел поттик на културниот туризам, промоција на локални атрактивни дестинации и нивна интеграција во туристички понуди, кумановско културно лето со концерти, театар и уметнички програми на Спомен костурницата, летен филмски фестивал на отворено за промоција на филмската уметност.
Куманово, потенцираше Пауновиќ, не е само град на историја, туку град на создавање. Град кој дише преку уметноста, се гордее со своите таленти и живее преку својата култура.
Соопштенија
Герасимовски: За првпат воспоставуваме „Крафт Стрит“ – улица на занаетчиите во Центар

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, денеска најави нов проект „Крафт Стрит – улица на занаетчиите“, кој има за цел да создаде нова урбана зона посветена на занаетчиството, уметноста и локалното производство.
„Во Центар за првпат воспоставуваме Крафт Стрит – улица на занаетчиите. Сите занаетчии, уметници и производители ќе добијат свој простор за развој и промоција на идеи и бизниси, а граѓаните ново катче со уникатни македонски производи. За Центар што го сакаме“, изјави Герасимовски.
Проектот, како што објасни, е дел од неговата визија за создавање покреативен, културно жив и економски одржлив Центар, каде што локалните уметници и занаетчии ќе имаат можност да го претстават својот труд и да остварат директен контакт со посетителите и купувачите.
„Ова е уште еден чекор во насока на создавање отворен, жив и културен Центар, општина во која граѓаните ќе имаат место за дружење, инспирација и гордост од сопствената традиција“, порача Герасимовски.
Герасимовски, потенцираше дека „Крафт Стрит“ – улицата на занаетчиите се реализира во вториот мандат, по победата на локалните избори.
Соопштенија
Николоски: Најавувам голем инвестициски циклус, каде покрај средства од општините и Владата, обезбедени се и финансии од Светска банка

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски најави голем инвестициски циклус, каде, како што рече, покрај средства од општините и Владата, обезбедени се и финансии од Светска банка.
„Најавувам еден голем инвестициски циклус, којшто покрај средствата од општината и оние редовни средства коишто владата ги префрла, а до сега инвестираме некаде околу 500 милиони евра во сите општини заедно, ќе има и дополнителни средства коишто министерството за транспорт во соработка со Светска банка ги има обезбедено и ќе почнеме да ги реализираме во годините 2026, 2027, 2028 и 2029“, потенцираше Николоски.
Тој денеска беше на увид на градежни активности во Општина Гази Баба заедно со градоначалникот и кандидат за уште еден мандат, Бобан Стефковски.
Николоски посочи дека проектот за реконструкција на главната улица „Палмиро Тољати“, која е од поважните сообраќајници во општина Гази Баба, е начинот на кој целосно се решаваат проблемите во општините и во населбите.