Свет
Пет европски држави го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страна на Северна Кореја

Европските држави повторно го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страната на Северна Кореја од мај годинава, наведувајќи дека со тоа се кршат резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (ООН) и се нарушува меѓународната безбедност.
Соопштението го издадоа пет европски членки на Советот за безбедност и тоа Белгија, Франција, Германија, Велика Британија и Полска, како и Естонија, која ќе се приклучи на Советот во јануари.
Во изјавата се осудуваат неодамнешните закани на Северна Кореја за партнерите во регионот и пошироко. Европските држави издадоа соопшение по затворените консултации на Советот за безбедност за најновите ракетни лансирања во Северна Кореја на 28 ноември.
Тие го повторија својот апел до Северна Кореја да се вклучат во значајните преговори со Соединетите Американски Држави насочени кон денуклеаризација и да преземат конкретни чекори кон откажување од оружјето за масовно уништување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран: Фативме германски државјанин за шпионажа во воени и нуклеарни зони

Иранските власти уапсија германски државјанин под обвинение за шпионажа во чувствителни воени и нуклеарни области, објави државната телевизија Канал два.
Во извештајот , уапсениот е опишан како „еврејски германски државјанин со двојно државјанство и шпион“. Тој беше прикажан во притвор во иранската централна провинција Маркази, а властите тврдат дека е под истрага за „десетици случаи на шпионажа и/или саботажа“.
Според извештајот, тој влегол во Иран преправен во турист, но наводно снимал чувствителни области низ земјата. Во последните денови, има значително зголемување на апсењата на луѓе за кои Иран тврди дека се поврзани со Израел.
Неодреден број луѓе во неколку провинции, вклучувајќи ги Маркази, Исфахан и Техеран, се приведени под слични обвиненија од почетокот на израелските напади врз Иран.
Свет
Трамп вечерва го собира својот тим за национална безбедност поради Израел и Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва во Белата куќа ќе свика клучен состанок на неговиот тим за национална безбедност, на деветтиот ден од војната меѓу Израел и Иран, пренесува Аксиос.
Средбата ќе се одржи во салата за кризни ситуации, а се очекува на дневен ред да се најде и прашањето за потенцијалниот американски одговор на продлабочената регионална ескалација.
Според информациите од повеќе извори, средбата може да означи пресвртница во актуелната американска стратегија на воздржаност. Пред неколку дена Трамп изјави дека ќе донесе одлука за евентуален воен одговор на САД во рок од две недели, но фактот што вечерва го собира својот безбедносен врв укажува дека одлуката може да дојде и порано.
Според очекувањата, на состанокот треба да присуствуваат секретарот за одбрана Пит Хегсет, потпретседателот Џеј Ди Венс, шефот на дипломатијата Марко Рубио, директорот на ЦИА Џон Ратклиф, директорот на Националното разузнавање (ДНИ) Тулси Габард, началникот на Здружениот штаб генерал Кејн и специјалниот пратеник за Иран Џејсон Виткоф. Станува збор за луѓе кои го сочинуваат внатрешниот безбедносен круг на претседателот и кои се вклучени во секојдневните консултации од почетокот на конфликтот.
Свет
Ердоган до Иран: Обновувањето на нуклеарните преговори со САД е единствениот пат до решение

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му рекол на иранскиот министер за надворешни работи дека продолжувањето на нуклеарните преговори со САД е единствениот начин за решавање на конфликтот со Израел и спорот околу иранската нуклеарна програма, објави Ројтерс.
Ердоган денеска во Истанбул се сретна со заменик-шефот на иранската дипломатија Абас Аракчи и изјави дека Турција е подготвена да ја преземе улогата на посредник во повторното започнување на преговорите меѓу Техеран и Вашингтон.
Турскиот претседател оцени и дека израелскиот напад врз Иран непосредно пред евентуалниот почеток на преговорите со САД е „чин на саботажа“.