Забава
Хелен Мирен им пркоси на годините во снежно бело издание
Хелен Мирен во средата носеше зимско бело на Л` Ореал Париз 14-та годишна церемонија доделување награди на жени со вредност (Women of Worth Awards) во Њујорк.
74-годишната англиска актерка на себе имаше долга снежно-бела наметка, комплет блуза и здолниште кое допираше до земја, елегантна до перфекција.

Дамата Хелен на својот беспрекорен изглед додаде ѓердан од бисери и иста таква нараквица.
Кратка платинеста коса врамена околу лицето, и црвен кармин – типично за дамата симбол на едноставност и женственост.
На црвениот тепих таа позира со Камила Кабело, Аја Наоми Кинг, Енди Мекдауел, Амбер Хард и Виола.

Хелен беше прогласена за амбасадор на брендот L’Oreal во 2014 година, а брендот за убавина во септември објави дека Виола се приклучила на нивниот список амбасадори на брендот во кој се и поп-ѕвездата Камила (22) и актерката Енди (61).

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Мислев дека ме мрази“: Денес се обожаваат, но на почетокот тој не сакаше да ја погледне
Музичкиот продуцент Бени Бланко е среќно оженет со пејачката Селена Гомез, а нивната љубовна приказна привлекува големо внимание уште од самиот почеток. Откако Селена помина низ вистински пекол на љубовниот фронт, таа конечно ја пронајде среќата со Бени.
Но, кога првпат се запознаа, никој немаше поим дека ќе се венчаат. Бени зборуваше и за ова во интервју за подкастот „On Purpose“.
„Разговарав со неа и реков дека имам толку многу одлични пријатели кои се слободни и секогаш организираме вечери кај мене, за да може понекогаш да дојде. Мислев дека ме мрази. Воопшто не размислував за ништо романтично со Селена и разговаравме за идеалниот состанок и сè друго“, рече Бени.
Сепак, сè беше погрешно и се покажа дека Селена е вистинската личност за Бени, на задоволство на сите нејзини обожаватели.
Селена Гомез и Бени Бланко се венчаа минатата година на интимна церемонија во Санта Барбара, а невестата изгледаше прекрасно во венчаница дизајнирана од Ралф Лорен.
Нејзината најдобра пријателка Тејлор Свифт исто така беше присутна.
Забава
(Видео) Најубавата жена на светот малку се „разубавила“: што се има направено на лицето
Откако започна промоцијата на филмот „Wuthering Heights“, главните актери – Марго Роби и Џејкоб Елорди – не престануваат да ги воодушевуваат лојалните обожаватели на црвениот тепих. Сепак, треба да се напомене дека многу внимание се посветува на женскиот дел од оваа промотивна турнеја, имено на шармантната актерка.
Веќе пишувавме за романтичните, винтиџ креации на Марго Роби кои привлекуваат воздишки и погледи на секој чекор, но нејзината лојална публика сега забележа нешто друго – младешки изглед. Се чини дека актерката морала да го освежи својот изглед за фотосесијата на црвениот тепих, па побарала помош од пластични хирурзи.
Познатиот пластичен хирург д-р Жерар Шенцер објасни на своите социјални мрежи, поточно во видео на Инстаграм, што направила Марго во врска со козметичките процедури.
Како што рече во описот на видеото, нејзиното лице на 35 години изгледа поцврсто, поструктурирано и подефинирано.
„Само пред неколку години, нејзините црти на лицето беа забележително помеки и позаоблени. Сега гледаме подигнати образи, дефинирана вилица и прекрасно избалансиран профил, сето тоа без никакви очигледни знаци на операција“, напиша д-р Џерад, а потоа наведе кои естетски третмани може да бидат одговорни за свежиот изглед на актерката.
1. Биостимулатори на лице (третмани со инјектирање кои го стимулираат производството на колаген и еластин)
2. Губење на тежината, но не драстично (докторот вели дека можеби користела лекови GLP-1)
3 Ботокс во пределот на веѓите
4. Ринопластика (операција на нос) што претходно ја имала, која сега е повидлива
5. „Егзозоми“ и третмани со колаген кои ѝ дадоа на лицето природен сјај и младешки изглед
Забава
(Видео) Како беше создаден голиот фустан на прекрасната Германка што го шокираше светот?
Доделувањето на Греми наградите во 2026 година беше прослава на кич и гламур. Познати личности од различни области на уметноста ги покажаа своите најдобри комбинации, иако за некои црвениот тепих беше повеќе од само модна ревија.
На пример, моделот Хајди Клум одлучи да го покаже својот автентичен моден израз за музичките награди и избра необичен кожен фустан.
Фустанот на познатата манекенка е направен според нејзините мерки и е дело на австриската дизајнерка Марина Херманседер.
Марина сега објави видео на Инстаграм на кое покажува како е направен фустанот со кој ги шокираше сите на музичките награди.
Дизајнерката создаде 3Д дизајн на фустанот, а потоа и самиот калап, според мерките на Хајди. Материјалот (кожата), од кој е направен фустанот, беше прецизно и деликатно растегнат преку калапот, а потоа користеа и алатки за обработка на кожа.
И деколтето беше интересно – дизајнерката користеше нож за да ги создаде рабовите сама.
Конечно, тестираа бои што одговараа на тенот на кожата на Хајди, потоа сè изшмирглаа и го премачкаа со рефлективен лак сличен на латекс.

