Регион
Вучиќ до Меркел: Важно е Германија да остане на ставот за укинување на таксите од Приштина

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денес во телефонски разговор со германаската канцеларка, Ангела Меркел, се заблагодарил за континуираната поддршка на Германија за евроинтеграциите на Србија, особено со оглед на германското претседателство со ЕУ во втората половина на следната година, пренесоа српските медиуми.
Според информациите, Вучиќ изразил потреба од јасен план за проширувањето на ЕУ и временска рамка за членството бидејќи, како што рекол, процесот на евроинтеграциите на Западен Балкан е важен за мирот и стабилноста во регионот.
Српскиот претседател во разговорот исто така порачал дека би било важно за Германија и за Европа да останат на ставот дека е неопходно приштинските власти да ги укинат таксите на производи од Србија со цел да се продолжи дијалогот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пожар во центарот на Белград, евакуирани жители од зграда: пламен предизвикан од канабис

Пожарот утринава избувна во центарот на Белград најверојатно предизвикан од канабис кој се запалил во кафеаната „Социјален канабис клуб“.
Според граѓаните, пожарот најпрвин избувнал во кафеаната, а виделе како горат експонати од канабис. Пожарот потоа се проширил на зградата.
„Видовме како пламенот проголта се, експонатите гореа внатре, не знам дали од таму почна, или нешто друго се запали и тоа само помогна да се прошири побрзо. Се разбира, беше страшно“, сведочи граѓанин, кој сакаше да остане анонимен.
Жителите на зградата веднаш биле евакуирани, а три противпожарни екипи во рекордно време пристигнале на лице место и спречиле пожарот да се прошири на становите. Нема повредени, а противпожарните екипи се уште дежураат на местото на настанот.
Регион
Јуриќ: Бевме на праг да не ја пронајдеме Дуња, некој мора да сноси одговорност и да утврди како исчезна детето

Дуња Марковиќ од Уб беше пронајдена жива и здрава по потрагата што ја држеше цела Србија во неизвесност, но нејзиното враќање дома го отвори прашањето за одговорноста за случајот и почна истрага за околностите на нејзиното исчезнување. Игор Јуриќ од Центарот за исчезнати и малтретирани деца истакна дека е неопходно да се утврди одговорност за исчезнувањето на Дуња.
Цела Србија нервозно ја следеше потрагата по Дуња Марковиќ, па пристигна вест, која ги израдува сите – девојчето е пронајдено живо и здраво. Сепак, и покрај олеснувањето од пронаоѓањето на девојчето, се поставува прашањето, велат надлежните, за одговорноста за овој случај.
Во врска со исчезнувањето на Дуња Марковиќ, Обвинителството во Уб, надлежната полициска станица и Центарот за социјална работа вршат проверки и прибираат информации за околностите на семејните односи во семејството на малолетното девојче, изјавиле од Основното јавно обвинителство за српксите медиуми.
Игор Јуриќ од Центарот за исчезнати и малтретирани деца истакнува дека исчезнатото девојче Дуња Марковиќ имало голема среќа што било пронајдена живо и дека овој случај требало да послужи како сериозно предупредување.
„Мораме да бидеме свесни дека ова девојче преживеало со чиста среќа. Бевме буквално на чекор да не ја најдеме“, изјави Игор Јуриќ и додаде дека е неопходно да се утврди одговорност за исчезнувањето на Дуња Марковиќ.
„Некој мора да сноси одговорност за она што се случи. Треба да откриеме како едно дете може да ја напушти безбедната средина без никаков надзор и да биде доведено во опасност“, нагласи Јуриќ.
Регион
Голем пожар во Крагуевац: три лица итно евакуирани од запален стан

Во текот на ноќта голем пожар избувна во станбена зграда во Крагуевац на улицата Николе Пашица.
„Пожарот ги зафатил станот на вториот кат, влезната врата и дел од собите. Зградата беше во чад. Со брза реакција на спасувачите пожарот е локализиран, потоа изгаснат, а три лица се спасени и евакуирани од запалениот стан“, изјавил за РИНА еден од жителите.
Две лица, поради повреди, се пренесени на Клиничкиот центар за укажување лекарска помош.
Во интервенцијата учествувале 15 пожарникари со четири возила, а причината за пожарот ќе се утврдува по детаљна истрага, што ќе ја спроведе полицијата.