Македонија
ВМРО-ДПМНЕ : Ветениот поврат на ДДВ заврши како фијаско
„Ветениот поврат на ДДВ заврши како фијаско. Наместо ветените 500 евра од поврат на ДДВ, граѓаните добиваат по 1.000 денари и тоа не сите, и тоа ќе го добијат помалку од 10% од потенцијалните корисници на оваа мерка на владата на СДСМ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, милиони евра завршуваат во џебовите и сметките на функционерите од власта чии фирми добиваат тендери, јавни набавки, грантови и слични повластици од народните пари.
„Додека ја замајуваат јавноста со 1.000 денари од поврат на ДДВ и слични популистички мерки, кланот Заеви стана најбогатиот клан не само на Балканот, туку и пошироко. Граѓаните јасно гледаат дека од ден во ден се потешко се живее обичниот човек, ама затоа цветаат бизнисите со марихуана, градежните, транспортните и многу други фирми кои ги поседуваат Заеви“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

