Забава
Карди Би позира за насловна на „Вог“

Американската раперка Kарди Би позира со својата ќерка за насловната на „Вог“ и вели дека „се молела и ангажирала свештеници“ да помогнат во обновата на нејзиниот брак со Офсет.
Таа ја обнови љубовта со неверниот сопруг Офсет на почетокот на оваа година, а претходно во декември 2018 ја објави нивната разделба.
Карди Би во интервуто открива зошто решила да му даде уште една шанса на својот брак и како таквата одлука наишла на многу омраза.
Во интервју за јануарското издание на „Вог“ (2020) 27-годишната Карди објаснува дека не само што се молела туку и дека во нивниот дом дошле свештеници за да ги научат како да простат и заборават.
Свештениците помогнале да си го обнови бракот со сопругот Офсет по неговото изневерување.
Белкалис Марленис Алминзар, професионално позната како Карди Би, е американска раперка, текстописец, актерка и телевизиска личност. Родена е на Менхетн, а израснала во Бронкс, Њујорк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Додека многумина чекаат повторно да ја видат во бикини на плажа, таа беше фотографирана на улиците на Лондон

Познатата пејачка Рита Ора често привлекува внимание со својот изглед.
Таа е секогаш тема кога станува збор за прекрасен изглед, а постојано покажува дека обожава да истакнува сè што поседува.
Додека многумина чекаат повторно да ја видат во бикини на плажа, овој пат таа беше фотографирана на улиците на Лондон.
Како и секогаш, екстравагантната Рита избра асиметрично здолниште со процепи, со кое носеше градник со детали од тантела, но преку сè имаше и јакна.
Пејачката го комплетира својот моден изглед со розови сандали со пердуви, меѓутоа сите многу повеќе гледаа во горниот дел и во нејзините обликувани стомачни мускули.
Впечатливиот накит и очилата за сонце се неопходен дел од секој нејзин миоден изглед.
Забава
(Фото) Бред Пит и Бредли Купер на двоен состанок во Њујорк

Џиџи Хадид и Бредли Купер беа видени како уживаат во вечерно излегување со Бред Пит и неговата партнерка Инес де Рамон. Четворката беше фотографирана како го напушта ресторанот „Коут Корејн Стекхаус“ во Њујорк.
Ова излегување се случи кратко откако Хадид и Купер официјално ја потврдија својата врска. Двајцата за прв пат беа видени заедно во Њујорк во 2023 година, додека Пит и де Рамон за прв пат беа видени заедно во 2022 година на концертот на Боно во Лос Анџелес.
Купер и Пит се пријатели со години. Уште во 2020 година Пит јавно му се заблагодари на Купер што му помогнал да се откаже од пиењето, а познато е дека самиот Купер се борел со зависност до 29-годишна возраст. „Се отрезнив благодарение на овој човек и оттогаш сум подобар секој ден“, рече претходно Пит за Купер.
Пит повторно го пофали Купер на церемонијата на доделување награди на Филмскиот фестивал во Санта Барбара во 2024 година. Покрај нивното блиско пријателство, тие делат и страст за трки – Купер е виден на многубројни трки на Формула 1, а Пит игра возач на Формула 1 во претстојниот филм.
Забава
Тие создаваат стил и немаат конкуренција: трите најдобро облечени хороскопски знаци

Некои луѓе едноставно имаат вродена способност да комбинираат бои, кроеви и додатоци за секогаш да изгледаат дотерано – без оглед на пригодата.
Нивниот стил не мора да ги следи модните диктати бидејќи тие самите го создаваат. Ѕвездите откриваат дека одредени хороскопски знаци се особено добри во облекувањето и естетскиот изглед.
Без разлика на сезоната или пригодата, тие знаат како да остават впечаток.
Вага
Луѓето родени под овој знак се познати по својот беспрекорен вкус и чувство за естетика. Тие ја сакаат модата и деталите, а ретко се гледаат неуредни.
Тие знаат како да се облекуваат за пригодата и секогаш изгледаат хармонично и елегантно. Сè во нивните комбинации изгледа добро осмислено – дури и кога е лежерно. Вагите ја гледаат облеката како продолжение на личниот израз и уметност.
Лав
Харизматични и самоуверени, Лавовите сакаат да остават впечаток – а нивната облека често служи како средство за изразување. Тие сакаат луксузни детали, светли бои и трендовски парчиња што привлекуваат внимание.
Нивниот стил е смел, препознатлив и секогаш во центарот на вниманието. Тие не се плашат да експериментираат бидејќи веруваат дека сè им стои добро. Луѓето родени под овој знак често ги поставуваат модните стандарди во нивната околина.
Бик
Луѓето родени под овој знак имаат класичен, префинет стил кој ги комбинира удобноста и естетиката. Тие знаат да препознаат квалитетни парчиња и секогаш изгледаат негувани, без да претеруваат. Тие сакаат природни материјали, меки тонови и облека што ја нагласува нивната сензуалност.
Нивниот стил зрачи со самодоверба, но и допир на луксуз кој не е претеран. Биковите веруваат дека добриот вкус се гледа во деталите и никогаш не ги забораваат.