Македонија
Османи: Секоја успешна европска програма за младите значи повеќе млади во земјата

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес, учествуваше на конференцијата за промоција на програмата „Европски корпус на солидарноста“, на која домаќин беше директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.
„Членството во новата програма на ЕУ, ‘Европски корпус на солидарноста’, отвора големи можности за учество на нашите млади во волонтерски активности“, истакна Османи посочувајќи дека овој проект е во насока на амбициите на Владата на Република Северна Македонија да ги препознава легитимните потреби и амбиции на младите за нивната иднина, со што младите би биле стимулирани да останат во земјата наместо својот успех да го бараат надвор од земјата.
„Ние во СЕП ги обезбедивме ИПА-средствата за учество во програмата за 2019 и 2020 година и се надеваме дека земјата, односно младите во земјата, ќе ги препознаат можностите што ги нуди оваа програма на Унијата“, додаде Османи.
Програмата „Европски корпус на солидарноста“ (ЕСК) почна со имплементација во октомври 2018 година и таа беше достапна само за државите членки на ЕУ, а по иницијатива на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беше потпишан договорот меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за учество на Република Северна Македонија во Европскиот солидарен корпус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Карпош и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од улицата Франце Прешерн, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Симеон Кавраков, Петар Ацев и Анастас Митрев, општина Аеродром.
Македонија
Сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Од денеска до среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните температури ќе бидат без промени.
Македонија
(Фото) Успешна евакуација на повредено лице со хеликоптер на Армијата

Вчера, во попладневните часови, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Армијата на Република Северна Македонија, поради сериозноста на повредите и непристапниот терен, изврши итна медицинска евакуација со хеликоптер од вВИНГ, на лице кое паднало во провалија во близина на Ливадичко Езеро, Шар Планина.
Повреденото лице, при падот, се здобило со скршеници на раката, ногата и колкот, како и со обилно крварење, поради што било во критична состојба. На лице место интервенираше екипаж- тим на парамедици, кои и покрај непристапниот терен успешно го извлекоа и имобилизираа повредениот.
„Армијата во координација со ЦУК и здравствените установи изврши успешна медицинска евакуација и го предаде повреденото лице на екипа од итната медицинска помош, по што истото беше транспортирано на понатамошен болнички третман.
Армијата на Република Северна Македонија, заедно со останатите институции во државата продолжува да дејствува во интерес на граѓаните, обезбедувајќи навремена и професионална поддршка“, се наведува во соопштението на Генералштабот на Армијата