Македонија
Царовска, Филипче и Сугарески ги сослушаа барањата на родителите на деца со попреченост

Министрите за труд и социјална политика, за здравство и за транспорт и врски, Мила Царовска, Венко Филипче и Горан Сугарески во Владата се сретнаа со претставници на родителите на деца со попреченост со кои разговараа за нивните проблеми и барања.
Тројцата министри им најавија дека наредниот период ќе работат на законски измени и правилници со коишто ќе ги опфатат нивните иницијативи и барања, меѓу коишто се зголемување на правото за попреченост, намалување на старосната граница за користење на персоналната асистенција, ослободување од партиципација на лицата со попреченост над 26 години и можноста за користење на лесно пристапни социјални станови. Во делот на барањата се и добивање на натстандардни ортопедските помагала, за што министерот Филипче најави дека во тек се законски измени.
„Владата посветено работи на подобрување на условите за живот на сите лица со попреченост во државата. Минатата годината посебниот додаток за деца со попреченост беше зголемен за 15%, надоместокот за скратено работно време е покачен до 50% од просечна плата, проширено е правото на користење на додатокот за попреченост и за лицата со интелектуална попреченост. Со Закон за социјална заштита, родителот кој се грижи за своето дете до неговата 26 година без да биде институционализиранo и кој е невработен и не користи старосна пензија, има право на пензија. Ова право жените го остваруваат на 62 години, а мажите на 64 години возраст. Исто така, воведени се две целосно нови услуги – персонална асистенција и помош во домот“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сериозен дефект на водоводна цевка во Влае, голем дел од Скопје без вода

ЈП Водовод и канализација извести дека вечерва поради сериозен дефект на водоводна цевка Ф600мм. на улицата Франце Прешерн 100Д во населба Влае со прекинато водоснабдување ќе биде голем дел од градот, а останатот дел од градот ке биде со намален притисок.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.
Македонија
Мицкоски: Струмица е град на гуруто на Филипче, но времињата се менуваат, народот ќе победи, Струмица ќе победи

20 години Струмица чекаше на промени кои, еве, ви велам дека ќе се случат. Кога ве гледам во овој голем број, знам дека тука ќе победиме. А ќе победиме затоа што Струмица крева глава, се ослободува од стегите кои две децении ја заробија во она што се вика фамилија која го запоседна градот. Ја заробија во еден затворен круг на фирми, луѓе, поединци и бизниси кои живеат на грбот на струмичани. Тие станаа милионери, народот остана сиромашен. Тие градат згради во Дубаи, народот остана разочаран, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Струмица.
Според Мицкоски предолго траеше овој процес, предолго беа заробени надежите, среќата и очекувањата на луѓето, им беше одземено правото на иднина.
„И на овој зачаран круг сега му дојде времето на промените. А промените овде се природен процес, последица и рефлексија – одговор на народот на она што го видел и претрпел низ годините. Од тука, од Струмица, со години се водеа најголемите зделки што ја уништуваа Македонија. Од тука тргнуваа политичките комбинации што ја оставија државата заробена и граѓаните разочарани. Ова е градот на гуруто на Филипче, човекот кој ја симболизираше целата таа мрежа на криминал, корупција и лични интереси.
Денес, неговиот наследник Венко Филипче често доаѓа овде – не за да понуди визија за иднината, да земе инструкции од Заеви. Нè убедуваа дека ова е непобедливо упориште на СДСМ, дека тука нема промени. Но времињата се менуваат. Еве нè, тука исправени со вас, од убавата и горда Струмица. Дојде денот кога тие ќе паднат, а народот ќе победи. Струмица ќе победи“, кажа Мицкоски.
Македонија
Рунтевски: Докажавме како вистински се води еден град, продолжуваме да ја грдиме иднината на Берово

Кандидатот за Градоначалник на општина Берово од СДСМ, Илија Рунтевски, пред граѓаните испрати пораки за заедништво, континуитет и развој, истакнувајќи ја иднината на Берово како заедничка цел која ќе се гради со работа и љубов кон градот и неговите луѓе.
„Иднината на нашето убаво Берово е заедничка цел. Ќе ја градиме заедно, чекор по чекор, со посветеност,“ рече Рунтевски.
Тој упати благодарност до актуелниот градоначалник Ѕвонко Пекенски, за кого рече дека оставил силен печат во развојот на општината.
„Со гордост можеме да кажеме дека Берово е препознатливо како зелена оаза, туристички центар и место со потенцијал. Тоа е темелот врз кој треба да продолжиме. Нашата задача е јасна, да го задржиме темпото и да внесеме нова енергија и идеи за Берово да биде модерен, урбан дом за сите генерации.“
Рунтевски потенцираше дека како иден Градоначалник ќе биде секојдневно меѓу граѓаните, со отворена врата за сите, од инвеститори до млади што сакаат иднината да ја градат во Берово.
„Ќе продолжиме со модернизација на инфраструктурата, улици, тротоари, осветлување. Ќе инвестираме во паркови, градинки и спортски капацитети, за нашите деца да растат во здрава средина.“
Тој најави силен фокус на туризмот и екологијата:
„Беровско Езеро, Малешевските Планини и природата се потенцијал што мора да го негуваме. Зелено Берово мора да стане симбол на здрава животна средина.“
Во планот се и подобри социјални услуги, поддршка за ранливите категории и достапна грижа за сите.
Меѓу клучните проекти во неговата програма се: изградба на канализација и прочистителна станица во Беровско Езеро, реконструкција на кино салата, уредување на речното корито на Брегалница, пешачка патека до манастирот Успение на Пресвета Богородица, реконструкција на објектот „Стара гимназија“ како спортски центар, нов урбанистички план за поддршка на мало стопанство, реконструкција на теренот на ОПК Малешево, проширување на Домот за стари лица, брендирање на регионот како туристичка дестинација.
„Ќе продолжиме силно напред. Нашата сила е во единството. Ако изминатите години беа доказ дека можеме да го промениме Берово, сега е време за уште поголем чекор, да го издигнеме Берово на повисоко ниво кое носи развој и просперитет,“ порача Рунтевски.