Свет
Осуетен терористички напад во Русија
Поддржувач на украинската екстремистичка организација Десен сектор, кој планирал да изврши терористички напад во близина на владината зграда, е приведен во северниот руски град Мурманск, соопшти Федералната служба за безбедност (ФСБ), пренесува ТАСС.
„Спречена е активноста на поддржувачот на екстремистичката организација Десен сектор, кој планира терористички напад во близина на зградата на локалните власти на Мурманск со помош на импровизирана експлозивна направа“, се вели во соопштението на ФСБ.
Приведениот е руски државјанин.
Десен сектор е украинско здружение на националистички организации што учествуваа активно во антивладините протести, кои доведоа до соборување на поранешниот претседател Виктор Јанукович во февруари 2014 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.
Свет
Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на Универзитетот Колумбија, окупирана од пропалестински демонстранти, нарекувајќи ги „бесни лудаци и симпатизери на Хамас“.
На митинг за претседателската кампања во Висконсин, Трамп рече дека „Њујорк е под опсада“ и го поздрави апсењето на околу 300 демонстранти, пренесува Ројтерс.
Некои членови на Републиканската партија ги обвинија универзитетските лидери за игнорирање на антисемитската реторика и малтретирање на пропалестинските протести низ САД.
Свет
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД.
Земјотресот се случил во областа Корона, во близина на Лос Анџелес.
Земјотресот бил почувствуван во поширока област, западно до Лос Анџелес, Лонг Бич, округот Оринџ и Санта Кларита.