Македонија
Заев – Пфорнер: Силна поддршка од Германија за напредокот на Северна Македонија
Премиерот Зоран Заев се сретна со Штефан Холтхоф-Пфорнер, германскиот покраински министер за федерални, европски и меѓународни прашања на Северна Рајна Вествалија.
„На средбата е пренесена силна поддршка од премиерот на покраината, Армин Лашет, и од Сојузна Република Германија, за придонесот на премиерот Заев во напредокот на Република Северна Македонија. Изразена е силна поддршка и за евро-атлантските перспективи на нашата држава, во коишто се гледа потреба како за нашата земја и за регионот, така и за самата Европа. Во таа насока, изразено е охрабрување, граѓаните и институциите во земјава да ја задржат проевропската ориентација“, соопштија од Владата.
Премиерот Заев се заблагодарил за големото и искрено пријателство од Северна Рајна Вествалија и од цела Сојузна Република Германија, од Бундестагот, од германскиот народ и посебно од германската канцеларка Ангела Меркел за помошта и придонесот на Германија во сите демократски процеси во нашата држава и во развојот на економијата.
„Ќе продолжиме да даваме аргументи за нови германски инвестиции во нашата земја. Дадовме аргументи на почитување и примена на европските вредности, како што е успешниот дијалог и функционалната дипломатија, изразени преку договорите со Бугарија и со Грција. Продолживме со уште поголема посветеност и кон реформите. Демократијата, слободата, владеењето на правото се европски вредности што Република Северна Македонија докажа дека е подготвена да ги спроведе. Но тие се и потреба за граѓаните, значат стабилност и економија и затоа остануваме ориентирани кон евро-атлантските интеграции“, рекол Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Автомобили заглавија во снег на патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно – „Непроодно е, по трасата не е фрлена сол“
Патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно во моментов не е безбеден за движење со моторно возило и се апелира да не се користи поради голомразица.
Утрово на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот.
„Надлежен за одржување на овој пат е ЈП за Одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, но за жал досега по трасата ниту е фрлено сол, ниту е поминато со било какво возило за расчистување на снегот“, велат од ЦУК.
Патот во моментот е безбеден само за пешачење и секое тргнување со возило е на ризик на возачот, се додава.
Според информациите од ЦУК, во моментов едно возило останало заглавено во снегот. Од ЈП Македонијапат велат дека овој пат е од четврта категорија на приоритет, а сега немаат машини за интервенција бидејќи тие се на патот Кичево-Охрид како и на Попова Шапка. Утре од 9 до 10 часот ќе има испратено машина и ќе се интервенира.
Македонија
Се запали бутик во зграда во Карпош, огнот се прошири кон уште еден стан и два автомобили
Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание.
Бутикот кој е во сопственост на И.М.(54) од Скопје бил лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема.
Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, клима уред и дел од прозори на уште еден стан.
Исто така, изгореле две патнички возила кои биле паркирани во непосредна близина.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонија
(Видео) Честитка на Филипче за Водици: Во духот на солидарноста да го унапредуваме општеството
Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име на сите православни верници им го честитам денешниот христијански празник Богојавление – Водици, порача претседателот на опозициската партија, Венко Филипче.
„Му честитам на момчето Мартин Гоџовски, од населбата Варош ,којшто денеска го фати крстот.
Посакувам здравје, среќа, успех оваа година. Исто така и на сите коишто денеска скокнаа во ладните води на Охридското езеро по крстот. Тоа е знак дека имаат многу голема ментална и физичка сила.
Овие празници секогаш треба да не потсетуваат да во име на солидарноста, работиме заедно, го унапредуваме општеството и создаваме подобри, еднакви можности за сите без дискриминација на ниту еден човек“, порача Филипче.