Македонија
Османи: Интеграциите во ЕУ остануваат највисок приоритет на земјава

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со министерот за сојузни, европски и меѓународни прашања во владата на сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, Штефан Холтхоф-Пфорнер.
„Одличните билатерални односи помеѓу нашите земји се очигледни на повеќе нивоа иако најактуелна во изминатиот период беше поддршката за нашите европски интеграции, особено гласната поддршка за време на октомврискиот самит, па слободно можам да кажам дека во Германија гледаме партнер во целокупниот евроинтегративен процес“, истакна Османи посочувајќи дека напорите на Германија за поддршка на земјава се очигледни и преку Берлинскиот процес, кој се покажа како суштинска платформа за регионалната соработка на земјите од Западен Балкан, но не е помалку значајна и билатералната помош што Северна Македонија ја добива преку директна финансиска и техничка помош за националните институции и за реализација на регионалните иницијативи.
Во продолжение на средбата се разговараше за прашањата поврзани со текот на европската интеграција на земјава, како и за билатералната соработка меѓу двете земји во контекст на европската интеграција, билатералната помош и трговската размена меѓу двете земји, а беа разгледани и можностите за понатамошни иницијативи за унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Германија.
„Наша стратешка определба останува интеграцијата во ЕУ и НАТО, продолжуваме да работиме на реформите, усвојувањето и спроведувањето на европските правила и стандарди за приближување на земјата кон ЕУ и, конечно, почнување на преговорите за полноправно членство во Унијата“, заклучи Османи на средбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица

Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 до 31.5.2025, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2. Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во левата тунелска цевка, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради уличен дефект ф-100 мм на улицата Христо Татарчев 22/4, во општина Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, односно крак 22.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на интервенцијата.
Наведената улица нема да биде проодна за сообраќај.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Oд 06:30 до 13:00 часот, дел од с.Сарај ул.4 – пат за с.Љубин кај кафе Лозана. (Општина Сарај)
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.Лазар Трповски зграда бр.1 бр.5 кои се до ТС Лазо Трповски. (општина Чаир)
· Oд 09:00 до 15:30 часот,с.Патишка Река, викендици Патишка Река и викендици Држилово.(општина Сопиште)
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Наум Чакаров бр.1-5 и ул.Борис Сарафов бр.105-121.(Општина Ѓорче Петров)
· Oд 12:00 до 13:00 часот, дел од ул.1 во с.Побожје, пат кон Бутел. (Општина Чучер Сандево)