Македонија
Јанушев: Менување изборен модел четири месеци пред избори е доказ како Заев шарлатански ја води државата
Менување на изборниот модел на речиси неполни 2-3 недели пред избирање, односно составување техничка влада, која треба да ги спроведе изборите, од друга страна, на три, односно неполни четири месеци пред одржување на парламентарните избори, притоа без консензус на најголемите политички субјекти, уште еднаш само го покажува вистинското лице на Заев и на СДСМ во однос на тоа како шарлатански и хазардерски ја водат оваа држава, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Тој рече дека неговата партија поднела 600, а не илјада амандмани за Изборниот законик. Јанушев обвини дека власта сака да манипулира со помалите политички партии и дека од поднесените околу 6.000 амандмани од ДУИ се гледа дека, како што рече, всушност и внатре во коалицијата не се сите работи онакви какви што се претставуваат пред јавноста.
„И самите препораки од ОБСЕ, односно од сите оние што се надлежни да даваат забелешки и кои учествуваат и ги надгледуваат изборните процеси, кажуваат дека измена од ваков тип, каде што станува збор за измена на изборниот модел, не препорачуваат да се направи најмалку една година пред одржувањето на изборите. ВМРО-ДПМНЕ како и досега, а во интерес на граѓаните на Република Македонија, не ја затвора вратата, апсолутно сме отворени да седнеме со сите релевантни политички субјекти да разговараме и да најдеме начин во која насока треба да се движат овие измени по завршување на изборите на 12 април. Сега во овој момент сметаме дека е тотално надвор од сите логични норми, надвор од сите пракси што ги имаме во целиот модерен и развиен свет, да седиме и сега тоа да го правиме“, вели Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски се фотографираше на одбележувањето посветено на ликот и делото на Даме Груев
Со полагање цвеќе и пригодна комеморација, денес во беровското село Русиново беше одбележана 119-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Даме Груев, еден од клучните идеолози на борбата за слободна Македонија.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес присуствуваше на одбележувањето посветено на ликот и делото на Даме Груев, кој на 23 декември 1906 година загина во борба со османлиските сили на планината Петлец, во близина на Русиново.
Во рамки на настанот, на селските гробишта беше одржана панихида, по што Мицкоски и останатите присутни положија цвеќе пред спомен-обележјето на револуционерот.
Одбележувањето продолжи со традиционален марш кон месноста Петлец, местото каде што Груев го положи својот живот за идејата за слободна и независна Македонија.
Настанот се реализираше во организација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Берово, со присуство на бројни граѓани, партиски претставници и почитувачи на македонската револуционерна историја.
Македонија
Ја претепал вонбрачната партнерка со трпезариска столица, па ја силувал откако тешко ја повредил
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 56-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 3 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ЈОРСМ, осомничениот, на 18 декември попладне, во заедничкиот дом на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола, физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка.
-Ја удирал по телото, лицето и главата, па дури зел трпезариска столица и ја удрил и со неа. Потоа ја тргал и ја носел во правец кон терасата, заканувајќи и се дека ќе ја фрли. Од ударите жената се здобила со телесни повреди. И наредил да се соблече за да имаат сексуални односи, но оштетената не се согласила, па насилно ја соблекол и ја принудил на други полови дејствија, стои во соопштението на ЈОРСМ.
Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Оттаму додаваат дека притоа особено се ценела опасноста од бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши дела на семејно насилство кон жената со која живеат во ист дом.
Македонија
Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас
Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас.
Откако неодамна Перо Камиказа откри дека тој ја бие животната битка, сега, неговиот син Бане Костиќ, откри дека познатиот новинар и радио-водител, не успеал да се избори со болеста.
„Со длабока тага ги известуваме роднините, пријателите и познаниците дека утринава почина Драган Костиќ, сопруг, татко и дедо, на 75-годишна возраст.
Последна почит ќе се одржи утре, недела, 21 декември од 12:30 – 13:30 во капелата на гробиштата Бутел.
Семејството изразува искрена и длабока благодарност до целиот тим и раководство на Државната неврохируршка клиника во Скопје, особено до д-р Благоја Шунтов, за грижата, посветеноста и хуманоста. Нека му е вечна слава и спомен. Патувај мирно Диско Селекторе“, напиша тој на Фејсбук.

