Македонија
ВМРО-Народна партија е против идејата 80 отсто од амбасадорите да бидат вработени во МНР

ВМРО-Народна партија се спротивставува на идејата за промени во Законот за Надворешни работи со кој законски ќе се бара 80 отсто од амбасадорите да бидат вработени во Министерството за Надворешни работи или т.н. дипломати од кариера.
ВМРО-Народна партија смета дека на тој начин се оневозможува достап до овие значајни места за видни и докажани личности од многу области: писатели, уметници, новинари, доктори, бивши министри па дури и академици.
Наспроти тоа, велат од ВМРО-Народна ќе бидат фаворизирани само вработените во МНР кои пак ќе бидат претставени како експерти, а најголем дел од нив се вработени под партиски клуч.
„Не постои ниту една анализа од која можеме да видиме дека т.н. експерти имаат поуспешни резултати од амбасадорите кои се дојдени од други сфери. ВМРО-Народна партија стравува дека на овој начин МНР ќе почне да наликува на една секта, недопирлива и затворена за надворешниот свет. Затоа, ВМРО-Народна партија смета дека овие измени на Законот за Надворешни работи не треба да бидат прифатени“, наведуваат од политичката партија партија преку соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Македонија 18 пожари на отворено

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 20/21.08 на територијата на Македонија имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари, а под контрола и изгаснати се 15 пожари, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Јасен (мешана шума), во Општина Маврово и Ростуше восело Церово и во Општина Прилеп во село Беловодица.
Под контрола и изгаснати се 15 пожари, и тоа:
1. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков б.б (ѓубриште);
2. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ѓубриште);
3. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ниска вегетација и ѓубре);
4. Општина Струга: с. Драслајца (ѓубриште);
5. Општина Тетово: с. Сараќино (ниска вегетација);
6. Општина Желино: с. Стрмница (ниска вегетација);
7. Општина Чишиново-Облешево: с. Облешево (ниска вегетација);
8. Општина Неготино: с. Криволак, во близина на мостот пред касарна (ниска вегетација и напуштена нива со овоштарник);
9. Општина Тетово: на патот Тетово – с. Брвеница (ниска вегетација);
10. Општина Гостивар: с. Чегране (ниска вегетација);
11. Општина Гостивар: с. Дебреше (ниска вегетација);
12. Општина Крушево: с. Светомитрани (ниска вегетација);
13. Општина Радовиш: с. Раклиш (ниска вегетација);
14. Општина Студеничани: с. Драчевица (сува трева и грмушки);
15. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.