Забава
Кралицата бара администратор на социјалните мрежи, плата 67.000 долари

Британската кралица Елизабета Втора е подготвена да плати до 67.000 американски долари годишно на личност која би управувала со нејзините профили на социјалните мрежи, сѐ со цел да најде, како што рече, нови начини за одржување на нејзиното присуство на јавната и светската сцена.
Кралското семејство, кое исто така неодамна се појави на LinkedIn, истакна дека работата вклучува и анимирање на публика низ целиот свет, не само во Велика Британија.
„Успешниот кандидат ќе раководи со мал дигитален тим експерти, ќе создаде стратегија за содржини за нашите дигитални канали и ќе работи со колегите за континуирано подобрување на нашето дигитално присуство“, се вели во соопштението.
Избраната личност мора, како што се бара, да обезбеди дека социјалните мрежи на кралицата се од интерес и за публиката, со истовремено зачувување на угледот и влијанието на ова семејство.
Тоа лице исто така треба да има искуство во користење на различни платформи за управување со содржини, социјални мрежи и алатки за аналитика, јавува CNBC.
Менаџерот за социјално вмрежување би имал 33 дена годишен одмор (вклучувајќи празници) годишно, бесплатен ручек, обука и придонеси за пензионирање. Истотака, се наведува дека годишната плата се движи помеѓу 45,000 и 50 000 фунти (околу 67,000 американски долари), во зависност од искуството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ќерката на Михаел Шумахер роди девојче

Ќерката на Михаел Шумахер, Џина Марија (28), и нејзиниот сопруг Јан Бетке го добија своето прво дете.
„Добредојде во светот, Мили. Родена на 29 март, нашите срца се пополни од кога било. Неизмерно сме благословени што те имаме во нашите животи“, напиша Џина Марија на „Инстаграм“ покрај црно-белата фотографија од својата новородена ќерка.
View this post on Instagram
Објавата бргу предизвика лавина честитки и поддршка од фановите. „Честитки! Многу сум среќна за тебе. Ќе бидеш неверојатна мајка”, напишал еден следбеник, а друг додал: „Прекрасно! Најголемата радост што може да ја има секој“.
Забава
Џенифер Лопез фотографирана на снимањето филм, ги насмеа луѓето со своите гримаси

Актерката и пејачка Џенифер Лопез работи на нов филм. Станува збор за романтичната комедија Office Romance на „Нетфликс“, напишана од Брет Голдстајн и Џо Кели, а главните улоги ги толкуваат Голдстајн и Џенифер Лопез. Режисер е Ол Паркер.
Џеј Ло беше фотографирана на снимањето на филмот. Таа со своите гримаси насмеа многу луѓе.
Папараците ја снимиле како јаде сендвич и пие кафе.
Забава
Диета што ги убива мастите, а на многумина не им се допаѓа: позната актерка изгледа прекрасно во своите 60-ти поради овој начин на исхрана

Прославената актерка Гвинет Палтроу (52), освен што воодушевува со својот изглед и улоги, лансира и своја линија на козметички производи, со што уште појасно покажува колку ѝ е важна младоста.
Според Social Diary, урамнотежената исхрана и вежбањето ја одржуваат нејзината совршена фигура, а особено интересно е нејзиното мени.
Имено, Гвинет со години следи макробиотска диета заснована на течна храна. Актерката јаде многу органски житни зрна, свеж зеленчук, а повремено јаде и органска риба или живина, најмногу до 50 грама, но не како оброк, туку во супа или чорба.
Вештачките шеќери и преработената храна за неа се минато, а кога се во прашање млечните производи, козјото млеко е дозволено.
На секои два часа таа внесува многу течности, вода, билни чаеви, свежо цедени сокови од овошје и зеленчук, напивки од бобинки, супи.
Кога станува збор за зеленчукот, најмногу се препорачуваат моркови, цвекло, тиквички и домати, а многу е важно храната да биде пасирана, зготвена или блендирана.
Сепак, диетата никогаш не е доволна доколку нема физичка активност, па Гвинет тренира петпати неделно по 45 минути, а обожава и јога. За почеток, можете да тренирате двапати неделно ако ова темпо е пребрзо за вас.