Контакт

Забава

Рекордна цена на стан во Сингапур

Објавено пред

Милијардерот Џејмс Дисон, индустриски дизајнер и пронаоѓач на правосмукалки и фенови за коса, купи луксузен апартман од 43 милиони фунти (54.2 милиони долари) кој се смета дека е најскапиот стан во Сингапур.

dobivaj vesti na viber

Според „Блумберг“, сумата од 54.2 милиони американски долари значи дека Дисон платил рекордна цена за стан во градот кој инаку е познат по претерано скапи недвижнини. Милијардерот изумител го купи најскапиот стан во Сингапур неколку месеци откако истакнатиот поддржувач на „Брексит“ го објави планот за пренесување на својата компанија од Велика Британија во островската град-држава.

Веста прв ја објави весникот „Сингапур бизнис тајмс“ пред неколку месеци. Весникот тогаш објави дека Дисон и неговата сопруга Деидре платиле 43 милиони фунти и дека сумата била пет милиони долари помала од бараната цена што првично ја поставил инвеститорот „Гоколенд“.

Од врвот на највисокиот облакодер во Сингапур се пружа поглед на деловниот центар на градот, како и на трговските центри, а станот се протега на три ката.

Има пет спални соби, сопствен таканаречен инфинити-базен, простор за правење скара, бар и приватен влез, како и лифт од паркингот до станот.

Купувањето стан во Сингапур всушност не е изненадување за британскиот инвеститор, кој годинава седиштето на својата компанија го пресели од Велика Британија во оваа азиска град-држава.

Имајќи предвид дека Дисон е познат како заговарач за брегзит, ваквиот чекор наиде на многу критики, но милијардерот негираше поврзаност на својата одлука со заминувањето од Британија, од Европската Унија (ЕУ) или со данокот.

Според неговите зборови, „азискиот регион е исклучително битен за компанијата бидејќи станува збор за нивен најбрзорастечки пазар“ па зарди тоа го променил седиштето на компанијата.

Британскиот изумител, основач и главен извршен директор на Dyson Ltd е најпознат како пронаоѓач на правосмукалката Dual Cyclone без вреќичка, која работи на принцип на циклонска сепарација.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Паста диета: можете да изгубите 3 килограми за само 5 дена

Објавено пред

Диетата со шпагети трае само пет дена и ви овозможува да изгубите до три килограми. Кога избирате тестенини, обидете се да ги изберете оние од цело зрно, кои се особено богати со хранливи материи и витамини.

dobivaj vesti na viber

Ден 1.
Појадок: парче леб намачкано со крем сирење, украсено со киви одозгора.

Ручек: варени шпагети (70 г), за сосот користете половина кромид, 2 домати и 150 грама печурки на пареа и зачинете сè со лута пиперка.

Вечера: тестенини (70 г), пиперка (3 парчиња), 2 домати и малку рендано сирење.

Ден 2.
Појадок: чаша јогурт (1,5% масленост) со две лажици овесни снегулки и половина јаболко.

Ручек: сварете 70 грама тестенини, со 1 лажица доматен сос и тиквички.

Вечера: топли тестенини (40 г), 1 домат, маслинки, 3 млади кромиди и 40 г сирење. Зачинете со маслиново масло и сок од лимон.

Ден 3.
Појадок: овошна салата од мандарина, 1/2 јаболко, киви и 1/4 банана.

Ручек: шпагети (70 г), сос од 3-4 домати, грашок и 1 морков.

Вечера: 70 г сварени тестенини со сос (2 лажици доматно пире и малку кромид).

Ден 4.
Појадок: тост со сирење и парче киви.

Ручек: сварете 70 грама тестенини, послужете со 150 г варен зеленчук (грав, моркови, грашок, карфиол). Посипете со рендано сирење.

Вечера: шпагети (70 г), 1 краставица, портокал за десерт.

Ден 5.
Појадок: јогурт и јаболко.

Ручек: Сварете тестенини (70 г), додадете малку брокула (150 г), додадете рендано сирење, лук и пипер.

Вечера: 40 г тестенини со сирење, 4 маслинки и домати. Зачинете со 1 лажичка маслиново масло, сок од лимон и пипер.

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Се соблече гола за својот 60-ти роденден: „Вљубена сум“

Објавено пред

Актерката и модел Елизабет Харли го прослави својот 60-ти роденден на 10 јуни и ги воодушеви своите обожаватели со неочекувана фотографија од неа – целосно гола.

dobivaj vesti na viber

Британската заводничка, која на 59 години беше прогласена за најсекси жена на светот, а воедно ја носи и титулата кралица на бикини, објави фотографија во топлес на својот роденден, заедно со тоа што му кажа на светот дека е вљубена.

„Среќен роденден! Оваа година веќе беше лудо возење. И… јас сум вљубена. Се чувствувам толку благословена и благодарна што ги имам најдобрите пријатели и семејство на светот. Фотографијата е направена денес попладне… во мојата роденденска облека“, напиша Елизабет Харли.

На фотографијата што го направи машкиот пол најсреќен, а воедно предизвика и возбуда на Инстаграм, таа позира седејќи на тревата со скрстени нозе, така што иако е целосно гола – ништо не се гледа. Широката насмевка на нејзиното лице кажува колку е среќна, а објавата ја коментираше и нејзиниот нов партнер Били Реј Сајрус, кој кратко напиша: „Те сакам“.

Тој објави нивна заедничка фотографија на својот профил со пораката: „Среќен роденден на љубовта на мојот живот“.

Прикажи повеќе...

Забава

Едноставно, евтино и ефикасно решение за намалување на салото на стомакот – една намирница што сите ја сакаме

Објавено пред

Летото речиси започна, иако можеби не според календарот, но сме сведоци на жештините, па затоа е крајно време да се подготвиме за морето и новата сезона на бикини. Сепак, тие фрустрирачки наслаги околу стомакот едноставно не ве напуштаат? Не очајувајте, постои едноставно решение за тоа.

dobivaj vesti na viber

Нутриционистката Роксана Ехсани ја откри тајната за витка фигура: обичен, обезмастен грчки јогурт.

Висцералните масти, кои се акумулираат длабоко во стомакот, можеби се невидливи однадвор, но имаат сериозни здравствени последици. Го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, дијабетес и други сериозни состојби. Но, и за тоа постои решение – променете ја исхраната.

Додадете обичен, обезмастен грчки јогурт во вашата исхрана. Студиите покажаа дека исхраната богата со протеини, калциум и витамин Д може да ги намали висцералните масти.

Грчкиот јогурт е богат со протеини, што ви помага да се чувствувате сити и спречува прејадување. Исто така, содржи пробиотици кои го поддржуваат здравјето на цревата.

Едноставно, евтино и ефикасно решение за намалување на салото на стомакот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Вучиќ е единствениот кој не ја потпиша декларацијата за поддршка на Украина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги опиша денешните состаноци во Одеса на самитот „Украина-Југоисточна Европа“ како многу успешни, но тој...

Македонија8 часа

Меџити во Украина: Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Изет Меџити, денес учествуваше на Самитот...

Економија12 часа

Паушалите во сметките за струја ќе станат минато, Министерството за енергетика почна серија брифинзи за новиот закон

До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани...

Македонија14 часа

Македонската дипломатија нема да биде ничија партиска сопственост, одговори МНР по прозивките од СДСМ

Македонската дипломатија не е, и нема да биде ничија партиска сопственост. По години на политичка злоупотреба, ја враќаме дипломатијата на...

Македонија15 часа

Побаран доживотен затвор за убијците на Вања и Панче: Двете дела се убиства на свиреп начин за кои е предвидена најтешка казна

Обвинителките Ана Стојковиќ-Димитровска и Жаклина Крстевска во завршните зборови на денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот...

Македонија15 часа

(Видео) Обвинителството да отвори постапка за криминалниот круг Филипче – Заев – Зобек мининг, бара Петрушевски

Фрапирани сме од молкот во СДС и кај Венко Филипче, за неговата фирма во Бугарија, џипот купен од фирма која...

Македонија17 часа

(Видео) Костова: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата, инфлацијата го изеде семејниот буџет

Се случува тотален дебакл на економски план, економската политика на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно промашена. Последните податоци...

Македонија17 часа

За прв пат после шест години, учениците во основните училишта ќе имаат учебници по сите странски јазици, вели Јаневска

„Наместо училиштата да им делат парталави и неупотребливи учебници на учениците, треба да ги пријават во електронскиот систем на Министерството...

Македонија20 часа

Арсовска: Аценце, те чекам на ТВ дуел

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи го повика градоначалникот на Ѓорче Петров на ТВ дуел. „Во меѓувреме...

Македонија20 часа

(Фото) ДЗС: Пронајдени артилериска граната од 75 mm и рачна бомба од Првата светска војна

Во последното деноноќие, вчера во пределот на преспанскиот дел од Национален парк Галичица, беа пронајдени една артилериска граната 75 mm...

Свет21 час

Хронологија на масакрот: Австриецот нишанел во главите на децата, оставил видео-порака за мајката

Првиот училишен ден по долгиот викенд. Потоа започнува ужасот: некои деца се преправаат дека се мртви, други очајно им се...

Европа22 часа

Словачка се заканува дека ќе ги блокира новите санкции кон Русија

Словачка би можела да го блокира новиот пакет санкции на Европската Унија кон Русија доколку Европската комисија не понуди решение...

Свет22 часа

Трамп: Нѐ напаѓаат странски непријатели, сакаат да предизвикаат инвазија

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека „странски непријатели“ го напаѓаат Лос Анџелес, каде што беснеат немири од петокот...

Европа22 часа

Жителите на Грац запалија свеќи во центарот на градот за да оддадат почит на жртвите од нападот

Граѓаните на Грац се собраа на главниот плоштад во градот за да запалат свеќи и да им оддадат почит на...

Европа22 часа

(Видео) Масовен напад врз Харков, гори станбена зграда: има мртви и многу повредени

Во новите руски напади врз североисточниот украински град Харков во текот на ноќта во вторник загинаа две лица, а повеќе...

Свет1 ден

Америка до Русија: Веднаш престанете со нападите врз украинските градови

Руските напади врз украинските градови мора веднаш да престанат, изјави денес портпаролот на американскиот Стејт департмент, осудувајќи го еден од...

Свет1 ден

Трамп: Грета е чудна и бесна; Грета: Искрено, на светот му требаат повеќе бесни жени

Шведската активистка Грета Тунберг му возврати на американскиот претседател Доналд Трамп откако тој ја опиша како „чудна“ и „бесна“ поради...

Европа1 ден

(Видео) Убиецот оставил писмо пред масакрот во училиштето во Грац: расте бројот на жртвите

Масовниот убиец Артур А. (21) кој денес уби девет лица со пиштол и пушка во училиште во Грац, потоа изврши...

Свет1 ден

Трамп: Демонстрантите низ САД ќе се соочат со иста или поголема сила отколку во Лос Анџелес

Претседателот на САД, Доналд Трамп, им рече на новинарите во Овалната соба дека ако протестите против имиграциските политики продолжат во...

Европа1 ден

ЕУ подготвува нов удар врз Путин, објавени се деталите

Европската комисија (ЕК) денес предложи 18-ти пакет санкции против Русија, главно насочени кон руските приходи од енергија и банкарскиот сектор....