Забава
Шарлиз Терон зборува за ноќта кога мајка ѝ го убила татко ѝ
Шарлиз Терон изјави дека не се срами да зборува за моментот кога мајка ѝ го убила татко ѝ во самоодбрана.
Актерката имала 15 години кога нејзиниот татко алкохоличар пукал низ врата на собата каде што таа се криела со мајка ѝ.
„Ниту еден куршум не нè погоди, што навистина е чудо. Но во самоодбрана, таа стави крај на заканата“, Терон изјави за NPR. „Колку повеќе зборуваме за ваквите работи, толку повеќе сфаќаме дека не сме сами во сето тоа“, додаде таа.
Шарлиз пораснала на фарма во близина на Јоханесбург во Јужна Африка со нејзината мајка Герда и таткото Чарлс.
Шарлиз својот татко го опиша како „многу болен човек“ и рече дека животот со алкохоличар е „прилично безнадежна ситуација“.
„Секојдневната непредвидливост на животот со зависник е нешто со кое седите и е вградено во вашето тело до крајот на животот, многу повеќе од само еден настан, повеќе од она што се случило една вечер“, рече таа.
Говорејќи конкретно за кобната ноќ, Шарлиз рече дека татко ѝ бил толку пијан што не можел да оди кога влегол дома со пиштол во раката.
„Јас и мајка ми бевме во спална потпрени на вратата, бидејќи тој се обидуваше да ја турне вратата. Потоа се врати еден чекор назад и пукаше трипати. За среќа, ниту еден од куршумите не нè погоди. И потоа во самоодбрана, таа стави крај на заканата.“
Шарлиз вели дека насилството што го преживеала во нејзиното семејство е нешто што таа го споделува со многу луѓе.
„Не се срамам да зборувам за тоа, затоа што мислам дека колку повеќе зборуваме за овие работи, толку повеќе сфаќаме дека не сме сами во ниту едно од нив.“
„За мене, оваа е приказна за растење со зависници и последиците од тоа.“
Предмет на сексуално вознемирување е она со кое таа, односно жената која ја потретира, се справува во нејзиниот најнов филм Bombshell – во кој таа игра ТВ-презентер (Мегин Кели).
Филмот е всушност приказна за три жени кои работеле во американскиот „Фокс њуз“ и кои јавно го впериле прстот кон тогашниот извршен директор и претседател Роџер Ејлс и го обвиниле за сексуално вознемирување.
Шерон рече дека филмот ја истражува „сивата област на сексуално вознемирување“ и е нешто што таа веќе го има поминато.
„Тоа не е секогаш физички напад. Не е секогаш силување“, вели таа. „Постои психолошка штета која им се случува на жените во секојдневниот јазик, допир или закана за губење на вашето работно место. Ова се работи кои дефинитвно сум ги доживеала.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот
Српскиот пејач Никола Роквиќ веќе 14 дена патува пеш до Грција. Крајната дестинација на пејачот е манастирот Нектариј Егински, каде пејачот ќе се поклони и ќе го заврши подвигот кој го почна за хуманитарни цели.
Никола Велигден го помина во Македонија. Пејачот веќе објави фотографии и видеа на кои покажа како е пречекан во Куманово и Свети Николе.
„Стигнав на денешната дестинација. Голема радост е со мене, на местото Свети Николе, во храмот Свети Никола. Нашите драги домаќини ми кажаа дека ова место е токму местото каде што св. Никола му го вратил видот на Стефан Дечански. Вечерва овде ќе го славиме Велигден, многу сум среќен“, рече Никола.
Забава
Марко Новески објави прва фотка со близначињата: „Мојата дупла среќичка“
Водителот Марко Новески на својот Инстаграм профил објави прва фотографија со новородените близначиња Веда и Вања.
Новески, на 23 април 2024 откри дека заедно со сопругата станале родители и тогаш на неа и се заблагодари на сопругата што му го остварила најголемиот сон.
View this post on Instagram
10-тина дена по раѓањето, Марко објави фотографија, а во прегратка му се двете дечиња.
„Мојата дупла среќичка“, напиша тој,
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.