Забава
Флорида го дочекува Божиќ со песочната елка Сенди

Божиќната идила најчесто се замислува како зимски пејзаж низ прозорецот, снег, топли пијалаци и украсена елка. Сепак, не сите делови од светот може да имаат вакви услови за празнување, но затоа се снаоѓаат многу вешто. Така жителите на Вест Палм Бич во Флорида целосно го игнорираат недостатигот на снег и зимзелени дрвја и самите си прават амбиент за претстојните божиќни празници.
View this post on Instagram
Имено, овој американски град е дом на невообичаена божиќна елка.
Таа е изработена од песок, поточно од 700 тони песок обликувани во форма на дрво со височина од 10 метри. Уште од 2012 година, пред празниците доаѓаат камиони со песок од кој се прави елката Сенди, а околу неа се обликуваат фигури што секоја година имаат различна тематика. За 2020 година темата е сурфање и заштита на животната средина.
View this post on Instagram
Како и секоја божиќна елка, Сенди е декорирана со украсни светла и секако ѕвезда на врвот, а уште од првиот пат кога е направена, таа стана туристичка атракција која низ годините ја посетиле околу милион туристи.
По празниците, целиот песок се користи за разни проекти низ градот и на тој начин Сенди ја зачувува животната средина.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Незгодниот момент на Кијану Ривс на доделувањето на наградите „Тони“ стана хит

Непријатниот момент на Кијану Ривс (60) стана вирален откако бродвејската ѕвезда за време на својот настап на доделувањето на наградите Тони во 2025 година скокна на столот на актерот. Ривс без да се сомнева седеше во Radio City Music Hall во Њујорк додека Џонатан Гроф изведуваше енергична верзија на „Mack The Knife“ од мјузиклот „Just In Time“.
Гроф, кој глумеше со Ривс во филмот „The Matrix Resurrections“ од 2021 година, потоа скокна на столот на Ривс, со нозете од двете страни на лицето, и продолжи да пее. Изненадениот Ривс врескаше и го погледна Гроф, кој буквално беше над неговата глава, а потоа го зграпчи за градите и скокна од столот.
@tv_line Jonathan Groff gets up close and personal with Keanu Reeves at the #TonyAwards #keanureeves #jonathangroff #tonys #2025 #cbs ♬ original sound – TVLine
Воодушевените обожаватели ги преплавија социјалните мрежи со коментари, а еден напиша: „Џонатан Гроф се искачи на Кијану Ривс среде публиката и го јаваше за време на неговиот настап на Тони“.
Други коментираа: „Кијану Ривс веќе го освои Тони со овој момент“, „Џонатан Гроф одлучи да ја искористи својата шанса со Кијану Ривс и јас го почитувам тоа“, „Флертувањето на Џонатан Гроф со Ривс беше неочекувано, но јас сум возбуден“.
Забава
(Фото) Џорџ Клуни ја врати својата природна боја на косата: „Изгледав како дилер на дрога“

Џорџ Клуни ги привлече погледите на црвениот тепих на 78-мото доделување на наградите „Тони“ во својот препознатлив стил – со својата природна, седа коса што реши да ја врати по долго време.
Познатиот актер ја доби својата прва номинација за наградата „Тони“ оваа година, благодарение на улогата во бродвејската претстава Good Night, and Good Luck.
Претходно тој ја обои косата во темна боја за да личи на новинарот Едвард Р. Мароу што го играше, но по завршувањето на претставата, реши да се врати на својата природна боја – што особено ја израдува неговата сопруга Амал.
„Мојата сопруга беше најсреќната личност кога се вратив дома и сè ишишав“, рече 64-годишниот Клуни на црвениот тепих.
„Изгледав како дилер на дрога со таа лоша црна боја за коса“, додаде тој.
Забава
Софија Вергара со заводлива фотографија ги воодушеви обожавателите: „Пристигна летото“

Софија Вергара (52) објави заводлива фотографија од себе како се сонча покрај базен на Инстаграм. Таа на шпански во описот напиша „Летото е тука“.
Нејзината објава привлече илјадници обожаватели кои лајкнаа и коментираа, вклучувајќи ја и колешката судијка на „Америка има талент“, Хајди Клум.
„Дојди… и јас го правам истото. Се сончам“, коментираше Клум, на задоволство на нејзините бројни обожаватели.
Софија неодамна беше во центарот на вниманието на медиумите поради нејзината наводна врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон. Иако беа видени заедно неколку пати, нивната романса, според странските медиуми, не траела долго. Се вели дека Луис го изгубил интересот, а актерката наводно после тоа се чувствувала „напуштено“.