Забава
Роденденската забава на Паф Диди ги собра заедно сестрите Кардашјан, Карди Б, Наоми
Раперот Шон Комбс, попознат како Паф Диди, го прослави својот 50. роденден во елитна резиденција во Лос Анџелес.
На гламурозната забава присуствуваа многу познати личности, меѓу кои и сестрите Кардашјан – Ким (39), Клои (35) и Кајли (22), кои ги придружуваше сопругот на Ким, Канје Вест (42).
Најмладата самоостварена милијардерка се пофали со фотографии на социјалните мрежи. Таа и сестра ѝ Клои позираа во блескави изданија, а Кајли носеше црн фустан со големо деколте.
На роденденската прослава се појави и Наоми Кембел (49), која беше во куса врска со Диди во 2002 година.
На забавата учествуваа и актерката Кејт Бекинсејл (46), раперката Карди Б (27), придружувана од сопругот, пејачката Бијонсе (38) и Џеј Зи (50), Снуп Дог (48) .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Неодоливи намалувања до -50% во омилените брендови на Fashion Group!
Можеби температурите повторно одат нагоре, но важно е дека кај нас цените одат надолу!
Во тек е најголемото летно намалување во омилените брендови на Fashion Group каде ќе ги најдете сите ултра стилски парчиња што ви се потребни за шик сезона.
Омилените комбинации за одмор, летни забави или долги прошетки сега можеш да ги направиш по супер цени.
Се’ што зачува како омилено парче од актуелните пролет-лето колекции, сега е вистинско време да го купиш!
Започни го најдоброто шопинг искуство во Fashion&Friends за најфраерските парчиња, продолжи во Timberland за најголемите авантури, застани во Guess по најстилските чанти, а задолжително посети ги и Mango, Springfield и Women’secret за нajтренди парчињата со кои ќе ги направите најмодерните стајлинзи.
Доколку твојот список не завршува тука, не грижи се, не завршува ниту нашата понуда! На попуст ќе најдеш и уште многу други нешта што можат да ти го направат ова лето уште поубаво!
Ние одвоивме неколку предлози за инспирација и поттик да направите брз и добар шопинг, а вие одлучете се дали ќе ги посетите продавниците на Fashion Group или пак ќе уживате и ќе си нарачате онлајн.
Создади ги летните спомени во Fashion Group стил!
ПР
Забава
(Видео) Џенифер Лопез објави видео со кое ги засили шпекулациите за развод
Пејачката и актерка Џенифер Лопез објави видео во кое го промовира својот бренд за убавина на социјалните мрежи, но уште еден детаљ привлече внимание.
Имено, многумина забележаа дека пејачката на спотот не носи бурма.
View this post on Instagram
Тие истакнуваат дека иако не носи бурма, на десната рака носи други прстени, а со овој потег сигнализира потенцијален развод со актерот Бен Афлек.
Светските медиуми веќе некое време пишуваат за наводниот развод на славниот пар.
Сомнежите се засилија кога се дозна дека Бен и Џенифер ја продаваат вилата што заедно ја купија пред една година. Џенифер претходно ја откажа турнејата и се појави сама на премиерата на својот нов филм.
Во голем дел од коментарите под ова видео се споменува нејзиниот изглед. Многумина забележале дека таа видно ослабела. „Убава си, но зошто ослабе толку многу килограми?“, „Многу си ослабела“, „Дали јас сум единствената што забележала дека Џенифер многу ослабе?“, се некои од коментарите.
Некои пишуваа дека Џенифер мора да била под голем стрес, со оглед на тоа што веќе подолго време на големо се зборува за разводот.
Забава
Влатко Стефановски слави 50 години кариера
Влатко Стефановски, композитор, текстописец, пејач, автор на применета музика за филмови и театарски претстави, годинава прославува јубилеј – 50 години успешна кариера.
В сабота на 6 јули ќе има целовечерен концерт во Ниш, в недела првпат ќе настапи во Белград како дуо со Васил Хаџиманов, во ботаничката градина на фестивалот „Џез во градината“, а на 16 декември во новореновираниот „Сава центар“.
Влатко е роден во типично театарско семејство. Неговите родители како уметници често патувале, па така набргу Стефановски се преселил во Скопје, во населбата Тафталиџе. Во рамките на домот Стефановски го сместил своето тонско студио „Езотерија“.