Македонија
(Видео) Царовска: За шест месеци вработени 370 корисници на социјална помош

Креиравме социјална реформа, која целосно го менува начинот на кој се грижиме за ранливите групи граѓани. Социјалната помош ја зголемивме 300 проценти, а истовремено обезбедуваме помош и поддршка за вработување. Многу ми е драго што шест месеци по спроведување на социјалната реформа, веќе 370 од корисниците се вработени, изјави потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска.
Таа рече дека во моментот вкупно 27.000 семејства добиваат гарантиран минимален приход, над 27.000 деца земаат детски додаток, а повеќе од 8 и пол илјади деца примаат образовен додаток. Со овие додатоци, рече Царовска, ги стимулираме децата преку образованието да го прекинат синџирот на сиромаштија, со цел да овозможиме подобар, поквалитетен живот за идните генерации.
Царовска рече дека со социјалната пензија или државната пензија се опфатени над четири илјади корисници, како и дека Владата работи на зголемување на опфатот на деца во предучилишно образование за што забрзано се зголемуваат капацитетите во детската заштита.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време со локална облачност, следи стабилно време

Сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 10.10.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на ул.Будимпештанкса и ул. Урош Џудовиќ(општина Карпош)
Македонија
Неколку улици во Кисела Вода денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Виктор Иго 22, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Виктор Иго, Дренак, Драга Стојановска, Иван Козаров и Невена Георгиева-Дуња.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности и дека
· поради уличен дефект ф-150мм на улицата Христо Татарчев бб (Теферич), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 3-та зона Припор.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.