Регион
ММФ ја предупредува Хрватска да престане да ги зголемува платите

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја предупреди Хрватска дека треба да го реформира јавниот сектор, односно системот на плати, и да инвестира повеќе во инфраструктурата, вклучително и дигиталните услуги.
„Ние мора да го сториме тоа за да избегнеме ескалација на јавниот долг“, изјавија од ММФ по годишната посета на Хрватска за да ја проверат ситуацијата.
Премиерот Андреј Пленковиќ тврди дека извештајот на ММФ е позитивен.
„За разлика од претходните влади, ние немаме економски раст заснован на заем од идните генерации, туку тој се темели на здрав раст. Тоа значи намалување на долгот на претходните влади, и тоа намалување не само на дефицитот туку влегување во балансиран буџет и правење вишок“, рече тој.
ММФ е експлицитен дека во наредниот период Хрватска мора да одговори на важниот предизвик за успешно продлабочување на нејзината интеграција во Европа, меѓу другото, и воведување на еврото во период на брзи технолошки промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.