Македонија
Османи во Брисел го претстави реформскиот план на Владата до следниот самит во март
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на својата работна посета на Брисел оствари средба со новиот еврокомесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеи. За време на средбата стана збор за статусот на политиката на проширување на ЕУ, со посебен акцент на новата методологија, како и за статусот на реформите и останатите актуелности во земјава.
„Најпрво честитки за новата функција, која, се надевам, во претстојниот период во целост ќе ја оправда интенцијата на целата Комисија за повторно разгледување на можноста за одредување датум за старт на преговорите со Северна Македонија во текот на хрватското претседателство. Се надеваме дека процесот на реформа на методологијата нема да се одолговлечи, а уште помалку, дека ќе ја блокира иницијативата за брзо враќање на процесот на проширување назад на агендата на Унијата“, истакна Османи, потенцирајќи притоа дека сè што ќе го направи процесот на преговори подобро структуриран, поефикасен, пофер, посуштински и покредибилен е од интерес и за Северна Македонија.
Османи ја потенцираше подготвеноста на земјата за старт на преговорите, но истовремено и посветеноста и фокусираноста на Владата кон обврските и во претстојниот период, при што на еврокомесарот Вархеи, Османи му ја претстави и реформската агенда на Владата за претстојниот период, а во пресрет на самитот на ЕУ во март следната година.
„По неуспехот на октомврискиот самит да се обезбеди одлука за старт на преговорите, кредибилитетот на ЕУ во целиот регион е сериозно нарушен, се надевам дека преку новите иницијативи ќе успееме да ја вратиме довербата не само во европските институции, туку воопшто и во процесот на европеизација на целиот регион“, истакна Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.
Македонија
Мисајловски во Брисел: Македонија со НАТО-сојузниците за инвестициите и безбедносните приоритети
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.
Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на днешениот останок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.

